четврток, 26.06.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Euro 2008
Спорт / Останати спортови

СРПСКИТЕ ТЕНИСЕРИ ИМАА ТЕЖОК ТРЕТ ДЕН НА ВИМБЛДОН
Сафин го “суреди” Ѓоковиќ, Ивановиќ се спасуваше

Новак Ѓоковиќ загуби во три сета од Марат Сафин во второто коло на Вимблдон Шампионатот во средата, завршувајќи ги шансите на Србинот да ја тестира неговата теорија за “слабостите” на Рожер Федерер во Лондон. 75-рангираниот Сафин победи со 6:4/7:6/6:2 со што го шокираше треторангираниот Ѓоковиќ кој влезе на турнирот полн со самодоверба откако го совлада Федерер во полуфиналето на Австралискиот Опен на патот на првата гренд слем титула.

Реално, Ѓоковиќ го доби можеби најнепосакуваниот противник во второто коло. Поранешниот светски број 1 Сафин има две гренд слем титули, од која една дојде откако го изненади Федерер во полуфиналето на Австралискиот Опен во 2005. Сафин го совлада Ѓоковиќ во првото коло на тој турнир во единствениот предходен дуел.

“Ова дефинитивно беше многу лош ден за мене. Не направив ништо што требаше, а тој беше солиден во сите сегменти на игра”, вели 21-годишниот Ѓоковиќ.

Србинот пред турнирот изјави дека петкратниот шампион Федерер може да загуби на турнирот по катастрофалното финале на Ролан Гарос против Рафаел Надал. Овие зборови добија уште повеќе на значење кога двајцата се најдоа во истиот дел од ждрепката со можно полуфинале. Сега Сафин ќе се обиде да го направи тоа.

“Тој навистина не ме импресионираше со својата игра. Го читав неговиот сервис, можев да стојам на основната линија. Новак е тој што треба да победува, а од мене никој не очекува ништо. Не видов ни со кого можам да играм во третото коло. Тој го освои Австралискиот Опен, стигна до полуфиналето на Ролан Гарос, а јас не се сеќавам кога последен пат сврзав две победи по ред. Што би можел да очекувам?”, признава Сафин, кој од гренд слем турнирите, само на Вимблдон го нема поминато четвртфиналето.

Следен противник на Сафин е 29-рангираниот Андреас Сепи, кој со 6:3/6:7/6:2/6:7/6:4 го совлада Флорен Сера.

ИВАНОВИЌ УСПЕА ДА СЕ “ПРОТНЕ” ВО ТРЕТОТО КОЛО

Сонародничката на Ѓоковиќ, прворангираната Ана Ивановиќ исто така беше на вистински тест, но го помина второто коло. Шампионката од Ролан Гарос спаси две меч топки во вториот сет, од кои едната се одби од мрежата, за да ја победи 29-годишната Французинка Натали Деши со 6:7/7:6/10:8.

Ивановиќ беше несигурна против упорната Деши, која спаси две меч топки на свој сервис во 12. гем од третиот сет. Ивановиќ постави уште три меч топки на 0:40 шест гема подоцна, и откако Деши спаси една, 20-годишната Србинка конечно победи по 3 часа и 24 минути.


“Неверојатен меч, сигурно најдолг во мојата кариера. Во вториот сет бев готова, но добив нова шанса”, вели Ивановиќ, која сега игра со Кинеската Женг Жи, која со 6:2/7:5 ја совлада Британката Елена Балтача.

Двократната шампионка Серена Вилијамс стигна до третото коло со помалку драма, совладувајќи ја Полјачката Урсула Радванска со 6:4/6:4 на Теренот Број 2, популарно наречен “Гробишта на шампионите” поради големиот број на изненадувања.

Четвртата носителка, Светлана Кузнецова исто така немаше проблеми, совладувајќи ја Украинката Катерина Бондаренко со 6:2/6:3. 22-годишната Русинка се врати од еден сет негатива за победа над Матилде Јохансон во првото коло.

ХЈУИТ СОБИРА СИЛА, ФЕДЕРЕР СИГУРЕН

Единствениот поранешен шампион покрај Федерер, Австралиецот Лејтон Хјуит повторно мораше да собира сила за да стигне до третото коло со 7:6/6:0/6:2 победа над Шпанецот Алберт Монтањес. Победникот од 2002 играше во пет сета во првото коло против Робин Хасе, но беше полесно против Монтањес, специјалист заз игра на земја, кој предходно имаше само две победи на тревата на Вимблдон. Хјуит вели дека се уште се мачи со колкот поради кој ја пропушти сезоната на земја.

Федерер пак продолжи со импресивната игра на трева, со 6:3/6:4/7:6 победа над незгодниот Швеѓанец Робин Содерлинг. Со по еден брејк во првите два сета, Швајцарецот јапревзеде контролата на мечот, за потоа да се врати од 5:2 во третиот сет. Ова е 61. победа по ред на трева за Федерер.

Неговиот сонародник, 13. носител Станислас Вавринка со 7:6/6:3/7:5 го совлада Хуан Мартин Дел Потро, додека Американецот Боби Рејнолдс со 4:6/7:6/6:4/6:4 го совлада Канаѓанецот Френк Данчевич кој го победи 7. носител Давид Налбандиан во првото коло.

Поранешниот број 1, Хуан Карлос Фереро мораше да се повлече поради повреда на ногата во третиот сет кога губеше со 6:4/6:4/2:1 од 20-годишниот Германец Миша Зверев.



ВИМБЛДОН ШАМПИОНАТ, ЛОНДОН, 11.812.000Ф

РЕЗУЛТАТИ:

МАЖИ, 2.КОЛО

(1) Федерер - Содерлинг 6:3/6:4/7:6(7:3)

Сафин - (2) Ѓоковиќ 6:4/7:6(7:3)/6:2

(5) Ферер - Андреев

(10) Багдатис - Т.Јохансон 6:4/6:4/6:4

(11) Бердих - Ханеску

(13) Вавринка - Дел Потро 7:6(7:5)/6:3/7:5

Болели - (15) Ф.Гонзалез 7:6(10:8)/7:6(9:7)/3:6/7:6(7:4)

(20) Хјуит - Монтањес 7:6(7:4)/6:0/6:2

Зверев - (21) Фереро 6:4/6:4/2:1 пред.

(22) Вердаско - О.Рошу

(29) Сепи - Сера 6:3/6:7(4:7)/6:2/6:7(5:7)/6:4

(31) Ф.Лопез - Каранушиќ 6:3/6:3/6:4

Белучи - Штадлер

Рејнолдс - Данчевич 4:6/7:6(12:10)/6:4/6:4

Жиквел - Бозољац

Анчиќ - Печнер

ЖЕНИ, 2.КОЛО

(1) Ивановиќ - Деши 6:7(2:7)/7:6(7:3)/10:8

(4) Кузнецова - К.Бондаренко 6:2/6:3

(6) С.Вилијамс - У.Радванска 6:4/6:4

(8) Чакветадзе - Галовиц 6:4/6:2

(11) Бартоли - Перебијнис 6:2/7:5

(14) А.Радванска - Домаховска 6:1/6:3

(15) Шавај - Никулеску 5:7/7:5/6:2

(18) Ваидишова - Стосур 6:2/0:6/6:4

Медина Гаригес - (20) Скијавоне 3:6/7:5/9:7

Захлавова Стрицова - (28) А.Бондаренко 6:3/3:0 пред.

(29) Морезмо - Руано Пасквал 4:6/6:1/6:1

Женг - Балтача 6:2/7:5

Матек - Душевина 7:6(8:6)/6:4

Родина - Веснина

Делаква - Парментие 1:6/6:2/6:3

Пављученкова - Ли 6:2/6:4

ЖЕНИ, 1.КОЛО

(5) Дементиева - Камерин 6:3/6:7(7:9)/6:3

МАЖИ - ДВОЈКИ, 1.КОЛО

(1) Б.Брајан/М.Брајан - Итон/Слабински 7:5/6:1/6:4

(5) Аспелин/Ноул - Андерсон/Линдштед

(8) Бјоркман/Алјет - Хенли/Пери

(12) Мело/Са - Елгин/Кудрјавцев 6:3/3:6/4:6/6:4/6:1

(13) Чермак/Кер - Блумфилд/Скапски

(16) Бенето/Махут - Дел Потро/Хрбати

Жил/Норман - Армандо/Левајн 7:6(7:3)/7:6(7:5)/6:3

Чипола/Гремелмаер - Хасе/Квереј 6:2/2:6/7:5/7:6(7:2)

Колман/Шерер - Дарсис/Флиген 6:4/6:2/7:6(7:0)

Берлок/Шванк - Кањас/Гарсија 6:1/4:6/6:4/6:4

Гранољерс-Пухол/Вентура - Са.Ративатана/Со.Ративатана 7:6(7:2)/6:2/7:6(8:6)

Шарди/Сера - Кер/Хорна

Куницин/Турсунов - Левински/Скох 6:3/6:2/6:2

Брунстром/Фини - Хагард/Зовко 6:2/3:6/4:6/6:3/7:5

ЖЕНИ - ДВОЈКИ, 1.КОЛО

(1) Блек/Хубер - Грандин/Пиронкова

(2) Сугијама/Среботник - Краверо/Хозами 6:4/6:0

(3) Печке/Стабс - Бамер/Милер 6:2/6:2

Аманмурадова/Кустова - (4) Чен/Чуанг 4:6/7:6(7:3)/6:4

Кастањо/Канепи - (8) Пенг/Сун 2:6/6:4/9:7

(9) Јан/Женг - Пара Сантонха/Суарез Наваро 6:4/6:2

(10) Сафина/Шавај - Гарбин/Корицева

(14) Молик/Сантанџело - Перебијнис/Росолска

(15) Бенешова/Хусарова - Еракович/Крајичек 6:0/6:2

(16) Рејмонд/Стосур - Харклроуд/Воскобоева 3:6/6:2/6:1

Кеотавонг/Саут - Жи/Сун 7:6(7:5)/6:4

Лоа/Парментие - Г.Навратилова/Закопалова 7:6(7:1)/7:6(7:5)

Камерин/Дулко - Четковска/Шафарова 6:3/6:2

Шведова/Танасугарн - Хсиех/Вашингтон 6:1/6:2

Накамура/Резаи - Елиот/О'Брајан 7:5/6:4

Чибулкова/Клејбанова - Чирстеа/Никулеску

Кириленко/Пенета - Крејбас/Возниацки 6:1/6:3

Копс-Џонс/Спирс - Бачински/Корне 3:6/7:5/6:2

Кинг/Кудрјавцева - Хлавачкова/Савчук 6:3/6:3


ГЕМ, СЕТ, МЕЧ

Николај Давиденко вели дека еден разговор со неговата сопруга Ирина го предизвикал скандалот со обложување на мечеви кој го следи од минатата година. Мечот на Русинот против Аргентинецот Мартин Васаљо Аргуељо во Полска од 2 август 2007 предизвика огромен скандал во спортот, откако обложувалницата Бетфер се пожали за “невообичаени” облози на пораз на Давиденко. “Мислам дека зборував на централниот терен со мојата сопруга Ирина на руски и и кажав нешто како 'не сакам да играм'. Бидејќи бев во Сопот, сите ме разбраа. Требаше да бидам тивок”, вели Давиденко.

Серена Вилијамс вели дека би сакала да гласа за Барак Обама на американските претседателски избори, додека Венус воопшто не сака да зборува за тоа. Но, сестрите Вилијамс признаваат дека не им е дозволено да гласаат поради нивната вера. Двете сестри се Јеховини Сведоци. “Јас сум Јеховин Сведок и не смеам да се вклучувам во политиката. Ние остануваме неутрални и не гласаме. Да не беше религијата, тогаш сигурно ќе гласав за Обама”, вели Серена.

Официјалните лица го одбија барањето на Марија Шарапова да го носи руското знаме на Свеченото Отварање на Олимпијадата во Пекинг. “Таа сакаше да го носи знамето на 8 август, но јас решив дека тоа не е исправно. Не сакам да помине три или четири часа на жештината на отварањето. Ни треба свежа, а не уморна”, вели шефот на Руската Тениска Федерација, Шамил Тарпишчев. Шарапова ќе го предводи рускиот тим во Кина: Светлана Кузнецова (4), Елена Дементиева (5) и Динара Сафина (9).

Двократниот финалист од Вимблдон, Американецот Енди Родик не е многу воодушевен од тениската мода на Ол Ингланд Клубот. “Искрено, не ми е грижа. Но знаете секакво внимание свртено кон тенисот поради било која причина е добро. Ако тоа значи дека г-динот Рожер ќе носи џемпер, тогаш ОК. Не знам дали би било добро јас да се појавам така на теренот. Семејството и пријателите ќе ми се смеат”, вели Родик.



Наjновo од Спорт
О'Нил за Рашо и Ти-Џеј?
На Пандев не му се брза
Франција останува во Ф1, ФИА ќе го “разгледува” спортот
Сафин го “суреди” Ѓоковиќ, Ивановиќ се спасуваше
Аршавин сака да игра за Барселона
Германија - Турција (1:1)
“Зборнајата” подготвена за враќање на долговите
Стонер против публиката во Донингтон
Федерер во свој стил, Серена се заканува
Кометал сè уште на почетокот
Гацов сè подалеку од Охрид
Бостонски масакр за Лејкерс
Постот заврши, време е за добри резултати
Нема да форсирам, нема потреба за тоа
Антиќ зема бугарски пасош
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи