
|
 |
Спорт / Останати спортови
ИНДИЈАНА И ТОРОНТО ВО “ТРЕЈД” ПРЕГОВОРИ О'Нил за Рашо и Ти-Џеј?
Лери Бирд има намера да направи сериозни промени во составот на Индијана Пејсерс во текот на ова лето.
Тоа станува очигледно кога тимскиот претседател на Пејсерс размислува да се “пушти” во размена во која би бил вклучени и првиот играч на Индијана, Џермејн О' Нил.
Шесткратниот Ол-стар на Пејсерс е “главната фаца” во “трејдот” кој го планира неговата екипа, но и Торонто Репторс.
И двете екипи наводно веќе дискутирале за една таква можност, односно О' Нил да се пресели во Канада од каде, пак, во спротивна насока би заминале Ти- Џеј Форд, но и словенечкиот репрезентативен центар Радослав Нестеровиќ, како и 17. пик на претстојниот НБА драфт кој го има Репторс.
Но, за воопшто да дојде до еден ваков договор Торонто
ќе мора да вклучи уште еден играч чиј договор истекнува токму ова лето.
Ова не е ништо ново кога се работи за евентуален “трејд” на Џермејн О' Нил. Веќе втора сезона по ред тој е во фокусот на вниманието. Но токму во текот на минатото лето тој имаше нималку лесна операција на коленото поради која одигра само 42 натпревари во регуларниот дел од сезоната која штотуку финишираше. Но, пред неколку недели тој почна со максимален тренинг, поради што претставници од неколку заинтересирани екипи се појавија на тренинзите во Лас Вегас.
Ако и некој се сомнева(ше) во повредата на О' Нил, ништо поризична не е и состојбата со Ти Џеј Форд, кој беше еден од најмалерозните играчи во целата НБА лига во последните неколку сезони.
На Пејсерс им е потребен еден вистински плеј, а нискиот Форд, кој имаше просек од 12.1 поен по натпревар, но и само 29% во шутот за три. Момент кој го надополнува со својата брзина, “напад на топката” и креирање на отворени шутеви за соиграчите (просек од 6.1 асистенција) и само две загубени топки во просек.
Откако се повреди стартерот Џамал Тинсли, во оваа сезона Пејсерс на оваа позиција ги користеше Тревис Диенер и Флип Мареј.
Ако се знае дека иднината на Тинсли е нејасна, особено по изјавите на тренерот Џим О'Браен дека не планира да го користи многу, можно е решението да го побараат преку драфтот.
Односно од 11. позиција да го изберат ветувачкиот бек на Тексас Универзитетот, Д.Џ. Аугустин.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|