вторник, 01.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Euro 2008
Спорт / Останати спортови

ПО ТРАДИЦИОНАЛНАТА СЛОБОДНА НЕДЕЛА, ПОВТОРНО ТЕНИС ВО ЛОНДОН
Вимблдон се “опоравува” по серијата шокови

Три дена по ред, серија шокови го потресоа Вимблдон, елиминирајќи серија фаворити како ретко на кој гренд слем турнир во блиското минато. Елиминацијата на шампионот од Австралискиот Опен, Новак Ѓоковиќ го шокираше турнирот во средата, а 24 часа подоцна, шампионката од 2004 Марија Шарапова и двократниот финалист Енди Родик беа во аут. Во петокот, светската тенисерка број 1 и една од главните фаворитки Ана Ивановиќ исто така загуби во третото коло.

Четирите фаворити не беа единствени тенисери кои прерано си букираа летови од Лондон - пред втората недела од турнирот, само шест од топ 16 носители кај мажите и осум од топ 16 носителки се во четвртото коло. За мажите ова е најлош скор од 2002 година кога само два топ 16 фаворити ја преживеаја првата недела.

Додека Рожер Федерер и Рафаел Надал безмилосно растурија во првата недела, позначајно за локалните фанови беше што 12. носител, Енди Мареј ги заддржа британските надежи за рушење на серијата од 72 години без домашен шампион.

Носителите кои не беа толку среќни се Ѓоковиќ (3), Николај Давиденко (4), Давид Ферер (5), Енди Родик (6), Давид Налбандиан (7), Џејмс Блејк (9), Томаш Бердих (11), Пол-Анри Матју (14), Фернандо Гонзалез (15) и Радек Штепанек (16).

ПОСТОЈАНИОТ ФЕДЕРЕР

Пред стартот на турнирот, многумина предвидуваа крај на петгодишната доминација на Рожер Федерер, откако доживеа засрамувачки пораз од Надал во финалето на Ролан Гарос. Дури и шведскиот великан, Бјорн Борг, чиј рекорд од пет титули по ред на Вимблдон Федерер го израмни во 2007, го избра Швајцарецот како трет фаворит зад Надал и Ѓоковиќ. Сега се е малку поинаку.

“Лани од 100 луѓе, 90-95 ќе го избереа Федерер за титулата. Сега има 50-50 избор. Но, за мене изборот е еден - Федерер. Се што треба да направите е да видите што се случи во првата недела за да го цените успехот на Рожер”, вели трикратниот шампион Џон Мекинро.

КОЈ ГИ ЗНАЕШЕ КУДРЈАВЦЕВА И ЖЕНГ?

Малку познатата Русинка Ала Кудрјавцева и кинеската специјалистка за игра во двојки, Женг Жи имаа малку заедничко на стартот на турнирот во понеделникот. До крајот на неделата, тие беа ѕвезди на Ол Ингланд Клубот.

Фановите беа шокирани кога Кудрјавцева, ќерка на борач во грчко-римски стил, ја нокаутираше Шарапова во второто коло, и потоа кога 1.85 метри високата Ивановиќ беше исфрлена од малата Женг.

“Секој може да направи предизвик. Сите се гладни тука. Девојката која ме победи можеби нема да го освои турнирот, но ме победи”, вели Шарапова, откако освои само шест гема против 154-рангираната Кудрјавцева.

Покрај нив во аут се и Динара Сафина (9), Даниела Хантухова (10), минатогодишната финалистка Марион Бартоли (11), Пати Шнидер (12), Вера Звонарева (13) и Викторија Азаренка (16).

“Чудно е што има толку изненадувања. Некако најдобрите тенисерки, иако не играат најдобро ја поминуваат првата недела. Но, на Вимблдон се е поианку”, вели Јелена Јанковиќ, втората носителка, која исто така доби удар на своите шанси за титулата откако го повреди коленото во саботата.

Со толку многу фаворити во аут, многумина би се обложиле дека четирикратната шампионка Венус Вилијамс ќе игра во женското финале во сабота со помалата сестра Серена, по што Федерер и Надал би го одиграле третиот дел од нивното ривалство на Вимблдон.

ВИМБЛДОН ШАМПИОНАТ, ЛОНДОН, 11.812.000Ф

РЕЗУЛТАТИ (САБОТА):

МАЖИ, 3.КОЛО

(2) Надал - (27) Кифер 7:6(7:3)/6:2/6:3

(8) Гаске - (28) Симон 6:3/6:3/6:7(3:7)/6:3

(12) Мареј - Хас 6:4/6:7(4:7)/6:3/6:2

Чилиќ - (14) Матју 6:7(5:7)/6:3/6:4/7:6(8:6)

(17) Јужни - (16) Штепанек 7:5/6:7(5:7)/6:4/6:7(4:7)/6:3

Типсаревиќ - (25) Турсунов 7:6(7:1)/7:6(7:3)/6:3

Шутлер - Гарсија-Лопез 6:2/6:3/6:4

Клемен - Мелцер 4:6/6:3/6:4/6:4

ЖЕНИ, 3.КОЛО

(2) Јанковиќ - (31) Возниацки 2:6/6:4/6:2

(5) Дементиева - Дулко 7:6(7:2)/7:5

(7) В.Вилијамс - Мартинез Санчез 6:1/7:5

(24) Пеер - (9) Сафина 7:5/6:7(4:7)/8:6

(21) Петрова - (16) Азаренка 7:6(13:11)/7:6(7:4)

Танасугарн - Еракович 4:6/6:4/6:4

Кудрјавцева - Пенг 6:3/1:6/6:4

Клејбанова - Сугијама 6:4/6:4


МАЖИ - ДВОЈКИ, 3.КОЛО

(1) Б.Брајан/М.Брајан - (13) Чермак/Кер 6:7(10:12)/6:4/6:4/6:2

Печнер/Пеја - (15) Кас/Васен 6:7(5:7)/7:6(9:7)/6:2/6:4

Гранољерс-Пухол/Вентура - Пала/Зеленај 7:5/6:2/6:4

МАЖИ - ДВОЈКИ, 2.КОЛО

(2) Нестор/Зимоњиќ - Рам/Рејнолдс 6:1/7:6(8:6)/2:6/7:6(7:1)

Ф.Лопез/Вердаско - (11) Кеце/Муди 7:6(7:2)/6:2/7:6(7:3)

(14) Мирни/Џ.Мареј - Черетани/Ханеску 6:4/6:4/7:6(7:0)

ЖЕНИ - ДВОЈКИ, 3.КОЛО

(1) Блек/Хубер - Кинг/Кудрјавцева 6:1/6:3

Лагостера Вивес/Мартинез Санчез - Кастањо/Канепи 6:4/6:4

ЖЕНИ - ДВОЈКИ, 2.КОЛО

(5) Медина Гаригес/Руано Пасквал - Ерани/Скијавоне 6:1/6:3

(9) Јан/Женг - Веснина/Звонарева 6:3/6:2

(13) Матек/Мирза - Кириленко/Пенета 6:3/6:4

Аманмурадова/Кустова - Кеотавонг/Саут 6:4/4:6/7:5

Деши/Делаква - Перебијнис/Росолска 6:3/6:2

МЕШАНИ ДВОЈКИ, 2.КОЛО

(1) М.Брајан/Среботник - Матковски/Возниацки 6:3/6:2

(2) Нестор/Чуанг - Муди/Крејбас 7:6(7:5)/6:2

(3) Визнер/Печке - Скох/Бенешова 6:1/7:6(7:3)

(5) Алјет/Сугијама - Вемиќ/Пенета 2:6/7:5/7:5

(6) Ноул/Чен - Хачинс/Кеотавонг 6:4/6:4

Липски/Делаква - (7) Ноулс/Јан 6:3/3:6/6:4

Длоухи/Ваидишова - (8) Зимоњиќ/Сун 7:5/7:5

(9) Рам/Деши - Делгадо/О'Брајан 6:4/6:0

Бјоркман/Молик - (10) Паес/Стабс 6:3/3:6/6:3

Андреев/Кириленко - (11) Бупати/Мирза 7:6(7:4)/6:3

(13) Аспелин/Рејмонд - Бопана/Путчек 6:3/7:6(7:1)

Б.Брајан/Стосур - Буторац/Матек 6:7(5:7)/6:1/6:3


ЈУНИОРИ, 1.КОЛО

(1) Томич - Болуда-Пуркис 6:2/6:1

(2) Јанг - Ернандез 6:4/6:3

(3) Рамирез - Реид 6:3/6:3

(4) Јанович - Џејмс 4:6/6:2/6:2

Тромбета - (5) Бамбри 7:6(7:2)/6:4

(6) Куња - Џенкинс 6:2/6:3

(7) Херисон - Посписил 6:7(5:7)/7:6(10:8)/6:4

Башиќ - (8) Аревало 6:4/6:1

(11) Григоров - Гаранганга 6:2/3:6/6:3

Еванс - (12) Ширибутвонг 7:6(7:4)/4:6/6:2

(14) Букејнан - Лонгхи 6:3/7:6(9:7)

(16) Клен - Ву 6:4/6:7(7:9)/6:0

Џанези - Вачирамановонг 7:6(7:2)/6:4

Жанг - Најтс 6:4/6:4

Ангус - Саверда-Корвалан 6:4/4:6/6:4

Верит - Спонг 6:2/6:3

Спир - Мозер 6:4/6:7(3:7)/6:2

ЈУНИОРКИ, 1.КОЛО

(2) Рус - Спремо 6:1/6:3

Младенович - (4) Богдан 6:2/6:1

(5) Херцог - Дои 6:4/6:2

Броуди - (7) Богдан 6:3/7:6(7:5)

Сироткина - (8) Нара 7:5/3:6/6:0

(9) Јовановски - Грималска 6:0/6:1

(10) Конта - Горни 7:5/6:1

Барнет - (11) Ликина 7:6(7:5)/6:3

(15) Берлинеке - Јани 6:4/6:3

Холанд - Грела 7:5/4:6/8:6

Сусањи - Мур 7:6(7:5)/6:4

Дијас - Бардет 6:3/6:4

Хогенкамп - Бабош 5:7/6:3/6:3

Керкхове - Марино 3:6/6:3/6:4

Заниевска - Брук 6:0/6:1

Јанг - Орлик 6:2/6:1

Лукнарова - Вотсон 6:3/3:6/6:4


ДЕНЕСКА НА ВИМБЛДОН

МАЖИ, 4.КОЛО

(1) Федерер - (20) Хјуит

(2) Надал - (17) Јужни

(8) Гаске - (12) Мареј

(10) Багдатис - (31) Лопез

(13) Вавринка - Сафин

(22) Вердаско - Анчиќ

Типсаревиќ - Шутлер

Чилиќ - Клемен

ЖЕНИ, 4.КОЛО

(2) Јанковиќ - Танасугарн

(4) Кузнецова - (14) А.Радванска

(5) Дементиева - (24) Пеер

(6) С.Вилијамс - Матек

(7) В.Вилијамс - Клејбанова

(8) Чакветадзе - (18) Ваидишова

(15) Шавај - Женг

(21) Петрова - Кудрјавцова

ФЛЕШ

За некој кој ги има загубено последните 11 меча против Рожер Федерер и има болки во колкот, Лејтон Хјуит е неверојатно оптимистички расположен пред нивниот дуел од четвртото коло денеска на Вимблдон. “Ова е тоа за што играш. Нема сомнеж. Посебно во мојата ситуација. Добро е да си на Централниот Терен да играш против најдобриот на светот”, вели Хјуит, кој победи на Вимблдон во 2002 и има 9-11 скор против Швајцарецот, со кого игра од јуниорските денови. Хјуит не бил во гренд слем четвртфинале две години, но Федерер се уште го почитува. “Секогаш е добро да се игра против Лејтон. Тој е одличен тенисер. Првпат игравме кога имавме по 15 години”, вели Федерер.


Откако загуби само еден сет во првите три кола на Вимблдон, Британецот Енди Мареј има големи амбиции. “Не размислувам за четвртфиналето. Повеќе сакам да размислувам за финалето”, вели Мареј пред понеделничкиот дуел со 22-годишниот Ришар Гаске, кој лани стигна до полуфиналето. “Гаске нема добра година досега, но игра добро последната недела. Тој е многу талентиран и морам да се потрудам ако сакам да го совладам”, вели Мареј.

Поранешниот полуфиналист Марио Анчиќ верува дека може да го круниса неверојатниот камбек на тенисот по болеста и повреда со нови изненадувања. Хрватот падна од топ 10 место на 136. место откако пропушти поголем дел од сезоната 2007. “Мојот сон е да го освојам Вимблдон. Знам дека можам да го направам тоа и дека имам сили за се што ме очекува. Ова време лани воопшто не мислев на тенисот, а сега сум тука”, вели 24-годишниот Анчиќ, кој имаше мононуклеоза во март 2007.

Поранешниот голфер Грег Норман и тениската легенда Крис Еверт се земаа во саботата во церемонија на Парадајс островот на Бахамите. Двајцата 53-годишници на церемонијата повикаа 140 луѓе. Еверт освои 18 гренд слем титули, додека Австралиецот Норман ги освои титулите од Британскиот Опен во 1986 и 1993 година.

Откако постави рекорд за најмногу последователни гренд слем настапи во машкиот или женскиот тенис, Аи Сугијама не знае дали ќе се врати на Вимблдон. “Сигурна сум дека ќе играм на УС Опен, но навистина не знам за следната година. Не гледам далеку напред, се обидувам да останам позитивна и да играм најдобро што можам”, вели 32-годишната Јапонката откако загуби од Алиса Клејбанова со 6:4/6:4 во третото коло. Ова е 16 Вимблдон за Сугијама, а таа има 57 последователни настапи на гренд слем турнирите.



ЛЕГЕНДА ЗА СЛИКАТА:

Надал останува главен конкурент за круната на Рожер



Венус чекор поблиску до својата петта титула од Лондон



Жи Женг - која е оваа тенисерка?



Втората недела на Вимблдон е секогаш нешто посебно



Мареј го брка британскиот сон



Ивановиќ дозна колку е опасно да се опуштиш




Наjновo од Спорт
Скокнаа цените на новите евро-ѕвезди
Загрижени лидерите на европскиот и светскиот фудбал
Риека “пресуши” на Градски
Платини: Зачуден сум од небрежноста на лекарите
Збогум и играј за Хрватска!!!
Васоски закачи “кучешка тенија”
Вимблдон се “опоравува” по серијата шокови
О'Нил за Рашо и Ти-Џеј?
Сафин го “суреди” Ѓоковиќ, Ивановиќ се спасуваше
Стонер против публиката во Донингтон
Федерер во свој стил, Серена се заканува
Кометал сè уште на почетокот
Гацов сè подалеку од Охрид
Бостонски масакр за Лејкерс
Постот заврши, време е за добри резултати
Нема да форсирам, нема потреба за тоа
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи