среда, 02.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Euro 2008
Спорт / Останати спортови

ВТОРАТА НЕДЕЛА НА ВИМБЛДОН ЗАПОЧНА СО НОВО ИЗНЕНАДУВАЊЕ
Анчиќ ќе го предизвика Рожер, Јанковиќ потклекна

Надал игра шампионски
Рожер Федерер и Рафаел Надал немаат милост на Вимблдон. Федерер покажа дека тревата е негова подлога откако со 7:6/6:2/6:4 го совлада поранешниот шампион, Австралиецот Лејтон Хјуит, додека Надал, кој последните две години загуби во финалињата од Швајцарецот, го уништи 17. носител, Русинот Михаил Јужни со 6:3/6:3/6:1.

Во дуел на единствените двајца поранешни шампиони од Лондон, Федерер немаше проблеми да ја продолжи серијата на 63 победи на трева.

“Сервирав добро и тоа е важно кога играш против Лејтон. Но, сепак мислам дека тој се мачеше со колкот”, вели Швајцарецот, кој оди на шеста титула по ред.

Единствен тенисер кој тоа го има направено е Вилијам Реншоу од 1881 до 1886. Но, откако ја освои првата титула, Реншоу мораше да игра само еден меч за да ги одбрани титулите следните пет години.

Во 1/4 финалето го чека Хрватот Марио Анчиќ, последниот тенисер кој го совладал на Вимблдон. Анчиќ во можеби најдобриот меч на турнирот со 3:6/4:6/6:3/6:4/13:11 го совлада Шпанецот Фернандо Вердаско по неверојатни 3 часа и 49 минути. Третиот сет траеше 1 час и 35 минути. Анчиќ го победи Федерер во првото коло во 2002, а Федерер се одмазди со победа во 1/4 финалето во 2006.

Анчиќ ќе добие шанса повторно да го победи Федерер
“Мислам дека мечот беше навистина неверојатен. Сега можам да седам тука и да кажувам колку добра беше победата против Рожер, но тоа не беше Рожер Федерер кој го знаме сега”, вели Анчиќ.

Во друг драматичен меч, Шпанецот Фелисијано Лопез спаси три меч топки пред да го елиминира 10. носител Маркос Багдатис со 5:7/6:2/3:6/7:6/8:6. 26-годишниот левучар Лопез беше пред пораз откако губеше со 4:5 и 0:40 во последниот сет, но спаси три меч топки, од кои последната со ас, за потоа да направи брејк и да сервира за победа.

“Кога сте во четвртфиналето мислите напред. Сакам да се фокусирам на следното коло и на ништо друго”, вели Лопез, кој веќе беше во четвртфиналето на Вимблдон во 2005.

ЈАНКОВИЌ НЕ ИЗДРЖА, СЕСТРИТЕ ВИЛИЈАМС ВО ЕЛЕМЕНТ

Тамарине Танасугарн конечно го помина четвртото коло на Вимблдон. Тенисерката од Тајланд го направи последното изненадување на третиот гренд слем во 2008, нокаутирајќи ја втората носителка Јелена Јанковиќ со 6:3/6:2. Додека Јанковиќ стана последната од топ 3 носителките кои се во аут на гренд слемот на трева, Венус и Серена Вилијамс направија уште еден чекор до можно саботно финале. Танасугарн стигна до четвртото коло на Вимблдон шест пати, но овојпат Тајланѓанката, која со 31 година е најстарата тенисерка на турнирот, направи изненадување.

“Уф, уф, уф. Навистина добро чувство. Само излегов и ја играв мојата игра”, вели Танасугарн.

Работите тргнаа добро за Танасугарн откако Јанковиќ го истегна левото колено во текот на третото коло во саботата. Србинката, која стигна до полуфиналето на Ролан Гарос, беше неизвесна за мечот. Таа направи 19 неизнудени грешки.

Серена нема загубено сет досега
Со поразот на Јанковиќ се комплетираше ситуација во која за првпат во 40 години од Опен Ерата првите три носителки се во аут пред четвртфиналето, откако загубија и Ана Ивановиќ и Марија Шарапова.

Наградата за Танасугарн ќе биде 1/4 финале против актуелната шампионка Венус Вилијамс, која имаше релативно лесна 6:3/6:4 победа над руската тинејџерка Алиса Клејбанова. Венус ја брка петтата титула на Вимблдон и нема загубено сет во четири кола. Таа има неверојатен 55-7 скор на Вимблдон.

“Ова е најважниот турнир во тенисот и мислам дека престижот ми дозволува да уживам. Едноставно се е добро тука”, вели Венус, која има 6-0 скор против Танасугарн.

Нејзината сестра, шестата носителка Серена следуваше по Венус на Теренот Број 2, наречен “Гробишта на шампионите”, поради долгата историја на изнендувања, и таа лесно стигна до 6:3/6:3 победа над сонародничката Бетани Матек, која за првпат во кариерата стигна до четвртото коло на гренд слем турнир.

Поради ново изненадување, Серена ќе игра со 14. носителка Агниешка Радванска од Полска, која во драматичен меч со 6:4/1:6/7:5 ја совлада 4. носителка Светлана Кузнецова.

Во 1/4 финалето е и најголемото изненадување на турнирот, Кинеската Жи Женг, која ја елиминираше првата носителка Ивановиќ, а сега со 6:3/6:4 ја совлада 15. носителка Агнес Шавај. Женг ќе се обиде да ја продолжи серијата против 18. носителка Никол Ваидишова, која со 4:6/7:6/6:3 ја совлада 8. носителка Ана Чакветадзе.

21. носителка Надја Петрова за првпат од 2005 е во 1/4 финалето на Вимблдон со 6:1/6:4 победа над руската сонародничка Ала Кудрјавцева, а следна за неа е петтата носителка Елена Дементиева (највисоката носителка сега), која со 6:2/6:1 ја збриша Шахар Пеер.



ВИМБЛДОН ШАМПИОНАТ, ЛОНДОН, 11.812.000Ф

РЕЗУЛТАТИ:

МАЖИ, 4.КОЛО

(1) Федерер - (20) Хјуит 7:6(9:7)/6:2/6:4

(2) Надал - (17) Јужни 6:3/6:3/6:1

(8) Гаске - (12) Мареј

(31) Ф.Лопез - (10) Багдатис 5:7/6:2/3:6/7:6(7:4)/8:6

(13) Вавринка - Сафин

Анчиќ - (22) Вердаско 3:6/4:6/6:3/6:4/13:11

Шутлер - Типсаревиќ 6:4/3:6/6:4/7:6(7:4)

Клемен - Чилиќ 6:3/7:5/6:2

ЖЕНИ, 4.КОЛО

Танасугарн - (2) Јанковиќ 6:3/6:2

(14) А.Радванска - (4) Кузнецова 6:4/1:6/7:5

(5) Дементиева - (24) Пеер 6:2/6:1

(6) С.Вилијамс - Матек 6:3/6:3

(7) В.Вилијамс - Клејбанова 6:3/6:4

(18) Ваидишова - (8) Чакветадзе 4:6/7:6(7:0)/6:3

Женг - (15) Шавај 6:3/6:4

(21) Петрова - Кудрјавцева 6:1/6:4


МАЖИ - ДВОЈКИ, 3.КОЛО

(2) Нестор/Зимоњиќ - (14) Мирни/Џ.Мареј 6:2/7:5/6:3

(3) Ерлих/Рам - (16) Бенето/Махут 4:6/6:7(4:7)/7:6(7:5)/6:3/6:4

(8) Бјоркман/Алјет - Ф.Лопез/Вердаско пред.

(9) Длоухи/Паес - Перот/Полашек 7:6(7:2)/7:6(8:6)/6:4

Андерсон/Линдштед - (12) Мело/Са пред.

ЖЕНИ - ДВОЈКИ, 3.КОЛО

(16) Рејмонд/Стосур - (3) Печке/Стабс 6:2/7:6(7:3)

(11) С.Вилијамс/В.Вилијамс - (5) Медина Гаригес/Руано Пасквал 6:1/6:4

(6) Азаренка/Пеер - (10) Сафина/Шавај 7:5/6:4

Макарова/Сфар - (9) Јан/Женг 7:5/6:4

(13) Матек/Мирза - Аманмурадова/Кустова

Деши/Делаква - Копс-Џонс/Спирс 6:3/7:6(11:9)

МЕШАНИ ДВОЈКИ, 2.КОЛО

(12) Џ.Мареј/Хубер - Турсунов/Петрова

(14) Дам/Пенг - Каљери/Канепи пред.

Мирни/Говорцова - (15) Кеце/Ухлирова 4:6/6:4/6:1

Б.Брајан/Стосур - (16) Кер/К.Бондаренко 6:0/7:5


ЈУНИОРИ, 1.КОЛО

(9) Димитров - Рола 7:6(8:6)/6:3

(10) Штебе - Томпсон 6:1/6:2

Томас - (13) Гофан 5:7/6:1/6:3

(15) Вилис - Мичини 6:3/3:6/11:9

Кокс - Ндиманде 6:2/4:6/6:2

Рунгкат - Марсалек 3:6/7:5/6:1

Пропоџа - Пуц 6:4/3:6/11:9

Истон - Морија 6:4/4:6/6:4

Ехара - Бритон 6:3/6:7(2:7)/6:4

Крајиновиќ - Драгања 6:4/7:5

Руфан - Крепалди 6:4/6:1

Континен - Фолие 7:6(7:5)/7:6(7:3)

Ланг - Пофли 6:3/6:4

Раноич - Чодри 6:4/7:6(7:5)

Сметхарст - Папасидеро 6:3/6:3

ЈУНИОРКИ, 1.КОЛО

(1) Удин - Ишизу 6:1/6:2

(3) Лертчивакарн - Линхова 4:6/6:0/6:1

(6) Мур - Венкатеш 4:6/6:3/6:1

(12) Хофманова - Дабровски 6:1/6:1

Јамасото - (13) Ромпиес 6:7(3:7)/6:1/6:2

(14) Черњакова - Наратана 6:2/6:3

(16) Питер - Кертис 6:4/6:0

Гумулја - Лалами 2:6/6:4/6:4

Табакова - Реј 6:0/6:4

Калдервуд - Инуе 6:7(5:7)/7:6(7:0)/6:4

Борецка - Канингем 7:5/6:2

Виндли - Вандевеге 6:2/7:5

Тревизан - Бучина 6:4/4:6/6:3

Хендлер - Шала 6:3/4:6/6:1

Робсон - Гварачи 6:0/6:4


ДЕНЕСКА НА ВИМБЛДОН

ЖЕНИ, 1/4 ФИНАЛЕ

(5) Елена Дементиева - (21) Надја Петрова

(6) Серена Вилијамс - (14) Агниешка Радванска

(7) Венус Вилијамс - Тамарине Танасугарн

(18) Никол Ваидишова - Жи Женг

МАЖИ - ДВОЈКИ, 1/4 ФИНАЛЕ

(1) Б.Брајан/М.Брајан - Гранољерс-Пухол/Вентура

(2) Нестор/Зимоњиќ - Андерсон/Линдштед

(3) Ерлих/Визнер - (9) Длоухи/Паес

(8) Бјоркман/Алјет - Печнер/Пеја

***


Јанковиќ не се чувствуваше добро на Теренот број 18

Јелена “играше на паркинг”, Федерер дека не смеат да “плачат”

Поразот на Вимблдон ја изнервира Јелена Јанковиќ, по што реши да ги критикува организаторите на Вимблдон поради тоа што го играла четвртото коло “скоро на паркинг”. Србинката загуби од Тамарине Танасугарн на 18. терен, по што иронично изјави дека и требал хеликоптер да стигне до теренот. Теренот 18 е во близина на медиумскиот центар на Ол Ингланд Клубот и се смета за добар терен бидејќи има ТВ пренос.

“Како да играв на паркинг! Не знам што прават. Ја ставаат Венус на терен број 2, јас сум на терен број 18. Немаше никаква причина за тоа”, вели Јанковиќ.

Србинката не е прва тенисерка која се жали на тоа што не е на главните два терени. Сестрите Вилијамс четвртото коло го комплетираа на Теренот Број 2, каде што играа и во второто коло. Венус се воздржа од коментарите, но Серена не беше толку културна.

“Прво мислев дека постои грешка дека двете ќе играме на тој терен”, се мурти Серена.

Светскиот број 1 Рожер Федерер пак вели дека тенисерите мораат да престанат со пожалбите и дека треба да играат тенис.

“Пит Сампрас играше на Теренот Број 2 откако победи седум пати. Кој заслужува тука нешто? На крајот тоа е одлука на клубот, а можат да не стават и на тренинг-терените и тоа мораме да го прифатиме. Јас не би бил разочаран да играм на Теренот Број 2, бидејќи таму си поблиску до публиката”, вели Федерер, кој последен пат играл надвор од првите два терени во 1/4 финалето во 2003 против Холанѓанецот Сјенг Шалкен пред да ја освои својата прва титула.




Наjновo од Спорт
“Германија нема шампионски тим”
На Торо Росо им е ветена стабилност за 2009
Без допинг на ЕУРО 2008
Деко пристигна во Челзи
Барса го нуди Ето за Трезеге
Работнички против Интер од Баку во првото коло на квалификациите на ЛШ
Шпанија ја слави втората континентална титула
Само еден непосакуван, Бенфика
Анчиќ ќе го предизвика Рожер, Јанковиќ потклекна
Вимблдон се “опоравува” по серијата шокови
О'Нил за Рашо и Ти-Џеј?
Сафин го “суреди” Ѓоковиќ, Ивановиќ се спасуваше
Стонер против публиката во Донингтон
Федерер во свој стил, Серена се заканува
Кометал сè уште на почетокот
Гацов сè подалеку од Охрид
Бостонски масакр за Лејкерс
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи