
|
 |
Спорт / Останати спортови
САМО ЕДНО ИЗНЕНАДУВАЊЕ ВО ЖЕНСКИТЕ ЧЕТВРТФИНАЛИЊА НА ВИМБЛДОН Семејството Вилијамс “гази”, Женг во историјата
Сестрите Вилијамс се доближија до ново финале на Вимблдон, откако со својата моќ лесно се пласираа во полуфиналето на гренд слемот на трева. Актуелната шампионка и четирикратна шампионка Венус Вилијамс со 6:4/6:3 ја совлада Тамарине Танасугарн од Тајланд, додека двократната шампионка Серена ја “збриша” 19-годишната Полјачка Агниешка Радванска со 6:4/6:0. Сестрите се во различни половини на ждрепката и може да се сретнат во саботното финале, што би било трето финале, откако во 2002 и 2003 Серена ја совлада својата постара сестра за титулата.
“Би било навистина неверојатно ако двете сме во финалето. Морам да направам уште еден чекор и да продолжам со моќниот тенис”, вели седмата носителка Венус.
Венус сега ќе игра со 5. носителка, Русинката Елена Дементиева, која пропушти 5:1 водство и две меч топки во вториот сет, пред да ја победи сонародничката Надја Петрова со 6:1/6:7(6)/6:3 за прво Вимблдон полуфинале.
 Шестата носителка Серена ќе игра со Женг Жи, која стана првата Кинеска со гренд слем полуфинале, откако со 6:2/5:7/6:1 ја совлада Никол Ваидишова. 133-рангираната Женг исто така е првата тенисерка која влегла со вајлд-карта на Вимблдон и стигнала до полуфиналето.
Сестрите Вилијамс ќе бидат огромни фаворитки за да постават шеста гренд слем пресметка. Серена има 5:1 скор во овие финалиња и 8:7 во меѓусебните дуели.
“Сакам да заслужиме да бидеме тука. Мораме да играме најдобар тенис, така што тоа е целта”, вели Венус.
Двете сестри немаат загубено сет досега на турнирот и нивните силни сервиси ги поставија класа над конкуренцијата. Венус, сепак имаше мала повреда на бутниот мускул што може да ја успори.
“Добро сум засега. Одам на две нозе и не се гиржам”, вели Венус.
60-рангираната Танасугарн го играше своето прво гренд слем четвртфинале и направи се што можеше, но едноставно немаше доволно одговори за силните удари на Вилијамс, која имаше 8 аса. Танасугарн создаде 10 брејк-топки, но искористи само една.
Серена имаше далеку полесна работа со Радванска, поранешната шампионка во јуниорска конкуренција. Помладата сестра имаше 11 аса, пет брејка и ја заврши работата на Централниот Терен за само 51 минута.
Дементиева успеа да издржи во мечот полн со грешки, во кој нервите го правеа своето. Дементиева, финалистка од Ролан Гарос и УС Опен од 2004, беше целосно во контрола откако освои пет гема по ред да го освои првиот сет и поведе со 5:1 во вториот. Но, заддржувајќи ја својата репутација, нервите проработеа. Ова беше налик на четвртфиналето на Ролан Гарос, каде што Дементиева водеше со еден сет и 5:2 во вториот против Динара Сафина, но пропушти меч топка и загуби во три сета.
“Беше навистина тесно. Не знам што се случи на крајот на вториот сет. Можеби мислев на Париз. Се обидував да останам позитивна, но не беше лесно”, вели Дементиева, која е петта носителка
Русинката имаше 29 неизнудени грешки и 9 двојни сервис грешки, додека Петрова имаше дури 42 неизнудени грешки. Дементиева е највисоката носителка кај жените, откако во понеделникот загубија 2. носителка Јелена Јанковиќ (од Танасугарн) и 4. носителка Светлана Кузнецова (од Радванска).
Најголемо изненадување секако е победата на Женг Жи, која предходно ја елиминираше и светската тенисерка број 1 Ана Ивановиќ во третото коло. Кинеската е поранешна светска тенисерка број 27, која по серијата повреди на турнирот дојде како 133-рангирана. Предходен нејзин најдобар скор е третото коло на Вимблдон во 2004 и четвртото коло на Ролан Гарос во 2004. Таа полни 25 години на женското финале во сабота.
“Пресреќна сум што сум во полуфиналето. Овие две недели се најдобрите во мојот живот. Имаше многу луѓе кои го гледаа мечот во Кина и знаев дека не смеам да се предадам”, вели Женг.
ВИМБЛДОН ШАМПИОНАТ, ЛОНДОН, 11.812.000Ф
РЕЗУЛТАТИ:
ЖЕНИ, 1/4 ФИНАЛЕ
(5) Дементиева - (21) Петрова 6:1/6:7(6:8)/6:3
(6) С.Вилијамс - (14) А.Радванска 6:4/6:0
(7) В.Вилијамс - Танасугарн 6:4/6:3
Женг - (18) Ваидишова 6:2/5:7/6:1
МАЖИ - ДВОЈКИ, 1/4 ФИНАЛЕ
(1) Б.Брајан/М.Брајан - Гранољерс-Пухол/Вентура 7:6(7:3)/6:2/6:0
(2) Нестор/Зимоњиќ - Андерсон/Линдштед 7:6(7:5)/6:4/6:7(5:7)/6:3
(9) Длоухи/Паес - (3) Ерлих/Рам 6:3/6:3/6:3
(8) Бјоркман/Алјет - Печнер/Пеја
МЕШАНИ ДВОЈКИ, 3.КОЛО
(2) Нестор/Чуанг - Мирни/Говорцова 6:3/7:6(7:4)
(12) Џ.Мареј/Хубер - (6) Ноул/Чен 6:4/6:3
(9) Рам/Деши - Липски/Делаква 6:3/7:5
Андреев/Кириленко - Длоухи/Ваидишова пред.
МЕШАНИ ДВОЈКИ, 2.КОЛО
(4) Хенли/Блек - Алегро/Шавај 6:4/6:4
ЈУНИОРИ, 2.КОЛО
(1) Томич - Рунгкат 2:6/6:1/6:4
(2) Јанг - Џанези 7:6(9:7)/6:2
(3) Рамирез - Спир 6:2/6:2
Жанг - (4) Јанович 4:6/6:4/6:3
(6) Куња - Раонич 6:4/6:4
Крајиновиќ - (7) Херисон 7:5/6:3
(9) Димитров - Ангус 7:6(7:3)/6:4
Истон - (10) Штебе 6:3/4:6/8:6
Ланг - (11) Григоров 6:3/6:4
Континен - (14) Букејнан 6:4/6:2
(15) Вилис - Ехара 6:4/6:2
(16) Клен - Сметхарст 7:6(7:4)/6:4
Еванс - Руфан 7:6(10:8)/1:6/6:4
Тромбета - Верит 7:6(7:1)/6:3
Томас - Кокс 2:6/6:4/9:7
Пропоџа - Башиќ 4:6/6:4/6:1
ЈУНИОРКИ, 2.КОЛО
Робсон - (1) Удин 6:1/6:3
(2) Рус - Јанг 6:3/6:0
(3) Лертчивакарн - Хогенкамп 6:3/6:1
(5) Херцог - Гумулја 6:1/7:6(7:3)
(6) Мур - Лукнарова 6:3/6:4
(9) Јовановски - Борецка 6:3/6:4
(10) Конта - Виндли 6:3/6:3
(12) Хофманова - Тревизан 6:2/6:2
Табакова - (14) Черњакова 6:1/6:1
Керкхове - (15) Берлинеке 5:7/6:3/6:2
Калдервуд - (16) Питер 6:3/6:1
Младенович - Заниевска 7:6(7:3)/6:2
Хендлер - Барнет 6:0/6:4
Броуди - Дијас 6:3/4:6/6:2
Зузањи - Јамасото 6:4/7:6(7:4)
Холанд - Сироткина 6:3/4:6/6:3
ДЕНЕСКА НА ВИМБЛДОН
МАЖИ, 1/4 ФИНАЛЕ
(1) Рожер Федерер - Марио Анчиќ
(2) Рафаел Надал - (12) Енди Мареј
(31) Фелисијано Лопез - Марат Сафин
Раинер Шутлер - Арну Клемен
*** Гаске: “Публиката му донесе триумф на Енди”
Поразот од Британецот Енди Мареј со цела публика на Вимблдон зад него наликувал на Дејвис Куп натпревар, вели Ришар Гаске. Французинот водеше со 2:0 во сетови и 5:4 и сервираше за победа, но Мареј се врати за 5:7/3:6/7:6/6:2/6:4 победа и можност за пресметка со Рафаел Надал.
 “Како да игравме Дејвис Куп. На било кое место да водиш со два сета и еден брејк сигурно победуваш, но тој тука ја имаше публиката. Го чекам на Ролан Гарос. Тој играше заедно со публиката и беше навистина тешко да се мотивирам откако го загубив третиот сет во тај-брејк”, вели Гаске.
Гаске цело време бараше мечот да се прекине поради темнината, но потоа не сакаше да бара оправдувања.
“Тој сакаше да заврши набрзина. Сфаќам зошто сакаа овој меч да се заврши, но тоа не е изговор. Тој победи и одигра добро. Но, со Надал ќе мора да игра далеку подобро - да излегува на мрежа, да биде агресивен и да има моќ. Ако сервира добро, никогаш не се знае, но за во три сета, Надал е фаворит”, додава Французинот.
***
Масу доби “специјално место” за Пекинг
Чилеанецот Николас Масу, кој освои златен медал во сингл и во дубл на Олимпијадата во Атина во 2004, беше еден од 12 тенисери кои добија “посебни” места за овогодишниот олимписки турнир во Пекинг. Интернационалната Тениска Федерација (ИТФ) ги додели вајлд-картите за тенисери кои не можат директно да се квалификуваат, како Масу, кој е 131. на АТП листата.
“Навистина сум среќен. Повторно ќе добијам шанса да ја претставувам мојата земја”, вели Масу, кој освои злато во двојки со Фернандо Гонзалез, кој исто така ќе биде во Пекинг.
Други тенисери со вајлд-карти се Швеѓанецот Јонас Бјоркман, Белорусинот Макс Мирни, Јужноафриканецот Кевин Андерсон, Јапонецот Кеи Нишикори и Кинезот Пенг Сун. Кај жените место добија Австралијката Алиша Молик, Марија Корицева од Украина, Чен Јунг-Џан од Тајван, Јапонката Ајуми Морита, Шпанката Нурија Лагостера-Вивес и Селима Сфар од Тунис. Молик освои бронзен медал во сингл пред четири години.
“Ова е најдобрата вест која сум ја чула од 2004. Одиграв на две Олимпијади и тоа е најдобриот момент во мојата кариера”, додава Молик.
ГЕМ, СЕТ, МЕЧ
Серијата изненадувања на Вимблдон значи дека новата светска тенисерка број 1 Ана Ивановиќ ќе остане на првото место и по турнирот. Поразите на Јелена Јанковиќ (3) и Светлана Кузнецова (4) осигураа Ивановиќ да биде повторно број 1, место кое го зазеде по триумфот на Ролан Гарос на 7 јуни.
Рожер Федерер и Рафаел Надал се многу блиску до ново финале на Вимблдон (трето по ред), и 9 од последните 15 шампиони го избраа Федерер да излезе со титулата. За Федерер се Род Лејвер, Пит Сампрас, Штефан Едберг, Горан Иванишевиќ, Џон Мекинро, Михаел Штих, Џек Крамер, Јан Кодеш и Тони Траберт. Надал го избраа Бјорн Борг, Џон Њукомб, Стен Смит, Ричард Крајичек и Пат Кеш. Што е со трикратниот шампион Борис Бекер? “Подобриот ќе победи”, вели Германецот.
Незапирливиот Рожер Федерер вели дека нема да ја направи истата грешка како во 2002, кога го потцени Марио Анчиќ и загуби од Хрватот во првото коло. Тоа беше последниот пораз на Швајцарецот на трева. “Целосно го потценив тогаш. Одиграв одлично претходната година, бев петти или шести носител и тој ме шокираше. Одигра многу добро. Затоа од тогаш не потценувам ниту кого, не е важно од каде се, каква техника имаат или кои се на рејтинг листата”, вели Федерер.
Веќе незадоволен од шефот на АТП, Етјен Де Вилиер, Рафаел Надал ја зголеми својата лутина кон лидерството на турнејата. На својот блог, Надал се пожали за заминувањето на менаџерот на АТП Виторио Селми, кој пред една година доби помала улога во спортот. “Човек кој 30 години работел за спортот не заслужува таков однос. Но, тоа само покажува какви луѓе се на врвот на оваа организација”, пишува Надал. На 21 јуни Надал доби двегодишен мандат на Советот на играчи на АТП.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|