
|
 |
Спорт / Останати спортови
ПОЧЕТОКОТ НА ЕП СЕ ОЧЕКУВА СО НЕТРПЕНИЕ Романија може да падне
Со денешниот прв натпревар меѓу Словачка и Германија, во 9,30 часот и официјално ќе стартува ЕП во ватерполо код до 13 јули се одржува во Малага, во Шпанија.
Меѓу 12 најквалитетни селекции од Стариот континент кои се надигруваат за титулата европски првак за прв пат се наоѓа и нашата репрезентација која мораше да мине трнлив пат. Но тоа е сега минато.
Денеска, нашите ватерполисти веќе со мислите се насочени кон првиот натпревар против Романија кој почнува во 11,00 часот, натпревар кој може да биде добра отскочна штица за следните предизвици. Доколку се мине првата пречка тогаш ќе се “дише” полесно. А шансите за победа се 50:50.
Романија иако е земја во која ватерполото има долга традиција не се на нивото од пред десетина години. Неминовните смени на генерациите, отворањето на границите што значеше одлив на квалитетот, си оставија трага, во негативна смисла. Сега тоа се некои нови момчиња. И токму тоа може да биде меч со две острици. Момчиња кои сакаат да се афирмираат или пак момчиња кои можат многу лесно да изгорат. А тоа е огромен психолошки притисок кој можат да го понесат само искусни и докажани спортисти.
Од друга страна во нашиот тим таков проблем нема. Сите играчи се свесни за значењето, за квалитетот на првенството како и за шансите кои Македонија ги има на ЕП, што значи апетитите се умерени. Затоа ветуваат само добра игра, убава за око. За искуството и не треба да говориме бидејќи сите до еден со исклучок на јуниорот Милановиќ кој буквално влета во црвено-жолтиот дрес во последен момент, по откажувањето на Маљковиќ, се интернационалци, играчи кои долги години играат во странски клубови, во лиги кои негуваат високо квалитетно ватерполо. Значи и од таа страна проблем немаме. Што се однесува до подготовките тие се завршена работа. Иако беа кратки планираното се реализираше се разбира со нешто зголемен интензитет. Можеби недостасуваше натпревар повеќе, во фазата на подготовки. Два меча беа премалку за добар настап на ЕП. Но што е тука е.
Сепак, во едно сите се истомисленици. На победа!
Најголемата пречка, за која мора да бидеме свесни како земја која има малку лобисти во ватерполото или воопшто ги нема, ќе бидат судиите. А против нив тешко се игра.
Д. Ѓенчевски
МКД СОСТАВ
Далибор Перчиниќ
Милош Урошевиќ
Еди Бркиќ
Даниел Бениќ
Небојша Милиќ
Марко Мичиќ
Марко Башиќ
Игор Милановиќ
Душан Крстиќ
ненад Петровиќ
Милорад Крстовиќ
Иван Вуксновиќ
Сашо Поповски (к)
Љ. Мечкиќ (селектор)
С. Нонковиќ (тренер)
Б. Кузмановски (тренер)
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|