
|
 |
Спорт / Останати спортови
Македонија со победа дебитираше на Европското првенство во ватерполо
Малага, 4 јули (МИА) - Македонската ватерполо репрезентација со победа против Романија со 10:6 го почна премиерниот настап на Европското првенство што се одржува во Малага, Шпанија.
Ватерполистите на Македонија, предводени од селекторот Љубомир Мечкиќ, водеа во текот на целиот натпревар. Првата четвртина заврши со 3:1, во втората беше 3:3, во третата 3:2, а во последната 1:0.
Најдобар стрелец во македонскиот тим беше Небојша Милиќ со шест голови, а по два постигнаа Еди Бркиќ и Марко Башиќ.
Македонија утре игра со европскиот првак Србија. Македонската селекција е во групата „Б“ во која покрај Романија и Србија, се и Русија, Италија и Германија.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|