сабота, 05.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Euro 2008
Спорт / Останати спортови

Ждрепка за Металург во лигата на шампионите

Металург посакуваше еден атрактивен противник. Доби два. Не атрактивни, туку супер-атрактивни. Ракометните гиганти Кил и Барселона ќе бидат во група со Металург доколку Македонците го елиминираат Измир. Третиот учесник е Драмен од Норвешка.

Можеби звучи смешно и нереално, но Металург нема лоша ждрепка во Лигата на шампионите. Реално, амбициите и крајниот лимит на овој состав во моментов е борба за третото место во групата, а за таа цел ќе треба да игра еден на еден со норвешкиот Драмен. А тоа не е лоша ждрепка. На Металург повеќе му одговараше да има два силни тима кои ќе го победат тимот од третиот шешир и дома и на гости и на тој начин ќе му овозможат на македонскиот тим сам да си ја решава судбината.

Покрај силни, за Металург и сите љубители на ракометот овде, од првите два шешира одговараше и атрактивен противник. Доби не еден, туку два супер силни и супер-атрактивни противници. Кил и Барселона. Двата најпознати тима во последната декада во светскиот ракомет.

И двата имаат дојдено во Скопје, Барселона двапати, Кил еднаш, но никогаш вака, двата во една група.
Сега останува моќните противници на Металург да си ја одработат чесно својата работа. Да победат секаде каде што можат. Така Металург ќе добие шанса со Драмен да се пресметува и дури и со два бода да заврши на третото место.

Драмен е екипата која е посебно интересна. Имаат само еден интернационалец, Елдин Хајдаревиќ од БиХ. Другите играчи се од домашното првенство. Најдобрите норвешки ракометари се интернационалци. Драмен е спој на нивната нова генерација, плус понекој ветеран повратник. Такви, од попознатите имиња има двајца. Фроде Хаген и Глен Солберг. Хаген има 34 години и ја игра четвртата сезона во Драмен. Пред тоа во своите славни денови мина две сезони во Кил, две во Барселона, пред тоа играше за Флензбург.
Солберг дојде истовремено со Хаген. Тој дојде од Флензбург каде мина две сезони, а пред тоа играше за Барселона. Тие двајца го прават Драмен исклучително опасен. Но, во Лигата на шампиони и нема неопасни. Опасен би требало да биде и Металург, посебно за Норвежаните.

Кил доаѓа со нов тренер и не се знае какви промени ќе воведе во нивната игра Исланѓанецот Гисласон. Сеедно, доаѓаат и Никола Карабатиќ, Тјери Омејер, Маркус Алм, Филип Јиха, Штафан Ловгрен итн. Вистински дрим тим, екипа која лани ги сомле сите до финалето, победи и на гости кај Сиудад и прерано почна да слави, што ги чинеше одбрана на титулата.

Барселона годинава ја има улогата на “ранет лав”. Ланскиот неуспех ја преполни чашата, па решија да им се заблагодарат на талентираните Ненадиќ, Лархолм, бараат “чаре” како да се ослободат од Ерик Жул.

Го доведоа данскиот “трактор” Јоаким Болдсен да им ја среди одбраната со оглед на тоа дека Андриј Чепкин можеби конечно и ќе замине во пензија. Каспер Хвид, Икер Ромеро, Ласло Наги, Деметрио Лозано, Алберт Рохас... прават екипа која може да победи кого било, а сосема сигурно е дека каталонците ќе доведат уште некое звучно име во своите редови, за да можат да бидат конкурентни пред се на Кил и Сиудад Реал.

Лигата на шампионите почнува од 1 октомври, а завршува на 23 ноември. Позитивно за Металург во оваа одбрано друштво е што оваа група ќе биде во центарот на вниманието на целата европска јавност, најчесто би требала да се врти и на тв преносите, што би можело маркетиншки да се искористи. Да не зборуваме, каков би бил рејтингот на суперлигашот од “Автокоманда” ако успее да изненади некого од големите фаворити.
Р. Ѓамовски

МАКЕДОНЕЦОТ ВТОР ПАТ СО ЛАСКАВОТО ПРИЗНАНИЕ: Лазаров, официјално најдобар во ЛШ

За време на целото извлекување на машката Лига на шампиони, заедно со генералниот секретар на ЕХФ, Михаел Видерер на бината стоеше и најдобриот стрелец од минатата сезона во Лигата на шампиони - Кирил Лазаров.
Македонскиот репрезентативец лани постигна 96 гола, доволно за втор пат во последните три години да биде најдобар стрелец. Лазаров ќе имаше и три од три, доколку неговиот Загреб не одигра четири натпревари помалку минатата сезона, кога Карабатиќ и Кристијансен го минаа во фото-финиш, дури во реванш финалето на ЛШ.
Сеедно, Лазаров останува најдобар стрелец во последните 3 години во ЛШ, а цела наредна сезона ќе биде бранител на ова ласкаво признание.

ВАНЧО ДИМОВСКИ: Ова не е лоша ждрепка

“Нашите амбиции беа трето место и мислам дека имаме шанси да ги исполниме. Драмен е екипата од која ќе треба да имаме подобар скор. Нормално, се надевам дека Кил и Барселона ќе си одиграат така како што треба и ќе го совладаат Драмен на двата натпревари. Јас против Барселона имам играно на двапати, против Кил еднаш. Кил и изгуби во Скопје тогаш. За нив навистина нема што да се коментира. Квалитет имаат и Хамбург и Портланд и сите други. Но, се знае. Кога ќе се спомене ракомет Кил и Барселона се екипите кои се 'бренд' и меѓу најголемите. Ова не е лоша ждрепка. Сетете се лани, Вардар освои пет бода и заврши на четвртото место. Ние имаме шанса и со два бода да минеме во следната рунда, односно во четвртото коло на КПК.

Еве, имаме нова голема сала, имаме познати противници. Поубава покана за гледање ракомет од ова нема. Нека повелат, ќе има што да се види”, изјави Ванчо Димовски.

Група “А”
Целје Пивоварна Лашко Словенија
Шамбери Франција
Хамарби Шведска
Гранитас (Лит)/ Брест (Блр)

Група “Б”
Сиудад Реал Шпанија
ГОГ Данска
Босна БиХ
Дукас (Грц)/Полва (Ест)

Група “Ц”
Кил Германија
Барселона Шпанија
Драмен Норвешка
Металург (МКД)/Измир (Тур)

Група “Д”
ФЦ Копенхаген Данска
Хамбург Германија
Татран Прешов Словачка
Ц. Звезда (Срб)/Касарано (Ита)

Група “Е”
Ч. Медведи Русија
Ц. Копер Словенија
Портланд СА Шпанија
Стеауа (Ром) - Сашја (Бел)

Група “Ф”
Веспрем Унгарија
Флензбург Германија
Запорожје Украина
Кипрус (Кип) - Хаукар (Исл)

Група “Г”
Монпеље Франција
Адемар Л Шпанија
Амицитија Швајцарија
Бенфика (Пор) - Брегенц (Аут)

Група “Х”
Кроација Хрватска
Пик Сегед Унгарија
Висла Плок Полска
Дуделанж (Лук) - Рајн Некар (Гер)




Наjновo од Спорт
Ждрепка за Металург во лигата на шампионите
Србија - Македонија 23:6
Македонија со победа дебитираше на Европското првенство во ватерполо
“Вилијамс Експрес” во ново Вимблдон финале
Васоски одлично се опоравува
Галантниот Шкотланѓанец Култхард во пензија
Аршавин во Лондон на преговори со Челзи
Романија може да падне
Лејкерс ги чува Вујачиќ, Туриаф...
Семејството Вилијамс “гази”, Женг во историјата
Турскиот Измир на мегдан со Металург
Само еден непосакуван, Бенфика
Анчиќ ќе го предизвика Рожер, Јанковиќ потклекна
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи