сабота, 05.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Euro 2008
Спорт / Останати спортови

Многу тешки противници доби македонскиот првак во лигата на прваците
Кометал немаше среќа во ждрепката

Во “старите” времиња, ниту оваа ниту која било друга група за Кометал немаше да биде проблем. Сега е поинаку, надежите се темелеа на среќата, а таа синоќа, едноставно му го заврте грбот.

Актуелниот европски првак Звезда Звенигород, унгарскиот Ѓер и победникот од квалификациите каде се Икаст, Рулментул и Љублин се екипите со кои Кометал ќе треба да ги одмери силите во Лигата на шампионите.

Ова е лоша ждрепка, полоша тешко и дека можеше да биде. Европскиот шампион Звезда е топ фаворит во групата. Лани демонстрираа сила каква што со години не е видена во Европа. Ги победија најголемите ривали и тоа на гости во полуфиналето и финалето и во своето деби стигнаа до шампионскиот трон. Тоа е практично целата репрезентација на Русија. Кареева, Полторацкаја, Поленова, Андрушина и Евгениј Трефилов на кормилото. Тим создаден “вештачки”, довден во малиот Звенигород благодарение на спортската сала која пред две години беше изградена во “подмосковнието”.

Токму нивната стабилност кога играат на гости ги прави незгодни, посебно за домашен тим, каков што е Кометал.
Унгарскиот Ѓер лани важеше за еден од најголемите фаворити. Во полуфиналето ја совлада Зведа во Русија, за по тоа дома да биде приземјен. Токму оваа екипа ја прави групата на Кометал исклучително силна, а шансите за пласман на едно од првите две места, теоретски.

Анита Горбич еден од најдобрите светски плејмејкери и голманот Каталин Палингер се нивните два најдобри играчи. Тука се уште и Романката Брадеану, Србинката Ѓокиќ, Словачките Мравикова и Огунтоје и Австријката Симона Спиридон. Лани “кикснаа” годинава веројатно и дополнително ќе се засилат за да ги оправдаат се поголемите пари кои влегуваат во нивната клупска каса.
Кометал, реално во моментов може да се бори за третото место. Надежите се дека тоа ќе биде Икаст од Данска, а не Рулментул од Романија. Љубин уште од сега е “отпишан”. Доколку биде данскиот тим, тогаш Кометал има далеку поголеми шанси да стигне до трето место, со Рулментул, шансите стануваат помали.

Нормално, сето ова важи доколку Кометал остане со овој играчки кадар. Доколку се доведат соодветни засилувања, тогаш и шансите се менуваат. Звезда и Ѓер и натаму ќе бидат фаворити, но нема да имаат сигурни бодови од гостувањето во Македонија. Останува на управата на Кометал да ги засука ракавите и да финишира со составувањето на екипата за следната сезона.
Р. Ѓамовски

ЛИГА НА ШАМПИОНИ

Група “А”
Звезда Русија
Ѓер Унгарија
Кометал Ѓ. П. Македонија
Икаст (Дан)/Рулментул (Ром)/Љублин (Пол)

Група “Б”
Хипо Австрија
Е. Престиго Шпанија
Будуќност Ц. Гора
Дунафер (Унг)/ФЦК (Дан)/Мотор (Укр)

Група “Ц”
Лада Тољати Русија
Ларвик Норвешка
Олчим Влчеа Романија
Итаксо (Шпа)/Лајпциг (Гер)/Подравка (Хрв)

Група “Д”
Виборг Данска
Крим М. Словенија
Нирнберг Германија
Бјасен (Нор)/Динамо (Рус)/Мец (Фра)




Наjновo од Спорт
Кометал немаше среќа во ждрепката
Ренова игра против израелскиот Бнеи Сахнин
Ждрепка за Металург во лигата на шампионите
Србија - Македонија 23:6
Македонија со победа дебитираше на Европското првенство во ватерполо
“Вилијамс Експрес” во ново Вимблдон финале
Васоски одлично се опоравува
Романија може да падне
Лејкерс ги чува Вујачиќ, Туриаф...
Семејството Вилијамс “гази”, Женг во историјата
Турскиот Измир на мегдан со Металург
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи