
|
 |
Спорт / Останати спортови
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА НА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА ВО РАКОМЕТ НА ПЛАЖА Во Кадиз во (нај)висок пласман
Женската ракометна репрезентација на Македонија утрово замина за Кадиз, каде што ќе дебитира на светските првенства во ова релативно ново, но прилично атрактивно и интересно натпреварување.
Македонија обезбеди пласман на мундијалот лани, на ЕП во Мисано Адриатико, Италија. Таму бевме шести, што значеше директен пласман и шанса да се продолжи континуитетот на настапи во овој спорт.
 Македонија, лани, настапуваше со две репрезентации, но мажите не успеаја да се пласираат. Составот, пак, на женската репрезентација е значително изменет во однос на ланскиот. Тоа не ги намалува шансите, сиве овие играчи имаат по нешто искуство во играње на песок, а тоа што сите се добро познати од обичниот ракомет им дава и предност во однос на другите репрезентации.
Наташа Коцевска за разлика од лани нема да игра сега. Таа пред кратко време потпиша договор со Леверкузен и тренерот на тимот инсистира да биде во предподготвителниот период за да може побрзо да се вклопи. Ленче Илкова е повредена, Елена Георгиевска е со јуниорската репрезентација која ќе ги брани боите на светското првенство кое ќе се одржува во Македонија од 21 јули. Андријана Здравковска не доби покана. Анжела Платон е дебитант во ова натпреварување, останува да видиме како ќе се вклопи. Вчера на прес конференцијата одржана по подготовките беше кажано дека ќе врши голема работа.
Покана доби Мирјета Бајрамовска. Прво прифати, подоцна откажа со образложение дека има испити во тој период.
“Таа одби да игра со образложение дека има испити, но слушнавме дека вистинските причини се тоа што лани не била повикана”, изјави селекторот на репрезентацијата Валентина Радуловиќ, вчера на пресот.
Весна Ацковска доби покана за настап. Таа прв пат настпаува за македонската репрезентација, но има играно на плажа, во Грција во времето кога играше таму. Александра Славковска е “ново”име во ова друштво, но има играно претходно и ги знае специфичностите на играта. Сите други се дел од тимот кој и лани играше.
“Јас секогаш најавувам дека ќе направиме висок пласман. Така и сега, целта, ако ме прашувате мене е едно од првите три места”, изјави Радуловиќ.
Македонија е во група со Кина, Уругвај, Шпанија, Русија и Хрватска. Играњето на плажа е специфично и затоа е крајно неблагодарно да се даваат прогнози за шансите. Во секој случај, би требало да бидеме рамнорпавни со сите, а како ќе се одвиваат настаните на плажата во Кадиз, ќе треба да се почека и да се види.
Р. Ѓ.
СО НЕПОЗНАТ ПРОТИВНИК НА ПРВИОТ МЕЧ
Старт со Кина
Македонија стартува на мундијалот против Кина. Веднаш по тоа игра со условно кажано аутсајдерот Уругвај, а по тоа со Русија, Шпанија и европскиот првак, Хрватска.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|