петок, 11.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Euro 2008
Спорт / Останати спортови

ДЕНЕСКА, ВО 16:.30 ЧАСОТ МАКЕДОНИЈА ГО ИГРА МОЖЕБИ НАЈВАЖНИОТ НАТПРЕВАР, ПРОТИВ РУСИЈА, ВО СВОЈАТА КУСА ВАТЕРПОЛО ИСТОРИЈА
Победа, единствена опција

Двата дена одмор на нашата ватерполо репрезентација изминаа. Првиот ден, за разлика од останатите селекции кои завчера беа активни, прво и четвртопласираните од групите имаа пауза, а вчера беше ден за одмор за сите 12 репрезентации. Денеска ЕП во Малага (4 - 13 јули) во Шпанија влегува во нова фаза, фаза во која ќе се кројат пласманите. Некои ќе се борат за медали, а некои, вклучувајќи ја и Македонија, за што подобар пласман. Конкретно ние играме со Русија за пласман на 7. место, со која имаме негативен скор - 2 порази, едно реми. Доколку поентираме ќе играме уште еден натпревар со победникот од средбата Романија -Шпанија, за 7 - 8 позиција. Во случај на пораз, во што не сакаме да веруваме, тогаш силите ќе ги одмериме со поразениот од тој меч, за пласман на 9 - 10 позиција.


Со оглед на досегашните резултати, пласманот во крајна линија воопшто не е битен. Целта ја исполнивме со самиот пласман во завршницата. Селекција која никој не ја “есапеше” го изоде трнливиот пат, пат на кој имаше многу пречки. Од Братислава, преку Скопје, до Малага.

Секако дека е подобро да завршиме на 7 - 8 позиција, но со оглед на нашето дебитанско учество на ЕП ова е премија. Најдобро од сè е фактот што последни, односно претпоследни (11 - 12) не можеме да бидеме во никој случај. Јунанистан е зад нас. На крајот на краиштата добивме нов национален спорт кој во изминатите десетина години си го бараше своето место под сонцето. Дали го најде или ова е само моментална еуфорија, одговорот ќе следи.

Во делот на играчкиот потенцијал имаме искусен состав, квалитетен и искусен тим, тим кој знае да одигра тогаш кога е најпотребно. Така беше на стартот против Романија, квалитетна селекција, селекција со искуство, селекција која е освојувач на бројни признанија од големите натпреварување. Имавме добра ефикасност. Според статистиката од 15 удари влегоа 10 или 66% реализација. Со играч повеќе 6 од 7. Противникот, пак, катастрофа. Од 27 удари само 6 гола или 22% ефикасност. Со играч повеќе 2 од 7. Ете ја тајната за победата против Романците.

Потоа следуваше Србија, која буквално нè декласира. Високиот пораз беше оправдан со изговорот - посериозен “тренинг” натпревар. “Тренинг” натпревар да, но не со преполна мрежа, натпревар во кој немавме ниту еднаш играч повеќе, што наведува на помислата дека нешто не било в ред. Нашиот напад дефинитивно не ја одработи задачата, што подразбира одбегнување на дуел игра пред противничкиот гол. Само во изградена акција може да се добие предност, предност од играч повеќе, која треба да заврши со погодок. Впрочем, ватерполото се добива или губи токму во тој сегмент - играч повеќе и играч помалку. Ако се искористи таа предност тогаш победата речиси е сигурна. Во спротивно нема што да се бара. На спроти тоа свесно или несвесно, токму на тој натпревар Србите 11 пати имаа играч повеќе при што дури осумпати искористија. Одлична реализација нема што. Вкупно упативме само 11 удари, а постигнавме 6 гола, наспроти 35 удари и 23 гола, реализација 63%.

Третиот меч, со Русија, заврши нерешено (9:9) иако при крајот на третата четвртина водевме со два гола предност (8:6). Токму на тој натпревар упативме најмногу удари кон противничкиот гол, дури 24, а реализиравме само 9, што беше доволно за реми. Во сегментот реализација со играч повеќе имаме ефект од 50% (3/6), што донекаде е задоволително. Истиот процент го има и Зборнајата (2/4).

Во четвртата средба со Италија имавме лоша реализација (5 гола од 23 удари). Лошо. Само 21%. Затоа, пак, бевме добри со играч повеќе - 3/5. Италија има 11/26 или 42% со добра реализација на играч повеќе - 4/7.

Со Германија иста слика барем во процентите како и со Италија. Упативме 23 удари кон голот, а постигнавме само 5. Слаба ефикасност, повторно 21%. Со играч повеќе лошо - 2/7. Ништо подобри не беа ниту Германците (1/6), но затоа имаат подобра реализација (7) од исто така 23 удари кон нашиот гол. Кога сме кај поразот од Германија, нашиот табор призна дека не одиграле на потребното ниво. Кој признава пола му се простува!

Но да се вратиме на денешниот натпревар.

Статистика вели дека овој пат би треба да играме нешто поинаку, подлабока зона при тоа да не дозволиме противникот да упати удар кон нашиот гол, удар од дистанца. При тоа не смее да дозволиме во зоната од 5 м да си додаваат, да доаѓаат во можност за шут. Во една таква игра грешките се чести, се крадат топки, а тоа, пак, бара брза трансформација во нападот. А кога сме кај нападот не смееме да шутираме од која било позиција, колку да шутнеме. Акциите мора да бидат изградени. Само во таква ситуација можеме да дојдеме до играч повеќе, а со тоа и до добра ефикасност. Идентично како и во првиот натрпевар. Головите кои ги постигнавме, речиси сите беа во изградени акции, наспроти Русите, кои шутираа од далеку, удари кои вистински не беа попречувани од нашата одбрана.

Но Русите се такви. Млади и непредвидливи, наспроти нашите искусни играчи. Не му ја мислат многу. Можеби тајната на нивата досегашна игра лежи токму таму.

А нам не ни преостанува ништо друго освен победа, како единствена опција.

Д. Ѓенчевски


***

СТОП ЗА РУСКИТЕ ГОЛГЕТЕРИ

Да се запрат Ашиев и Степанјук

Деветката на Русите, Константин Степанјук, е нивниот најефикасен играч со постигнати 13 голови од 24 удари. Во првиот натпревар против нас, за разлика од останатите има лоша ефикасност. Од 7 удари постигна 3 гола.

Втор играч кој треба да се запре е Алексеј Ашиев, кој има речиси 100% ефикасност (5/6) во 6 натпревари. Во средбата со нас постигна еден гол, и тоа од еден удар. Кога на овие двајца не им оди тогаш од позадина влегува Виталиј Јарчук (9/22).


ШУТИРААТ ОД СЕКОЈА ПОЗИЦИЈА

Најголем просек на удари

Во досегашниот тек на првенството најголем просек на упатени удари кон противничкиот гол имаат токму Русите. На ниту еден натпревар не се под 20.

Имено, со Италија - 6/21, со Србија - 6/20, Македонија - 9/26, Германија - 4/26, со Романија - 9/23, со Јунанистан - 9/23, или вкупно 44 гола од 145 удари (со натпревар повеќе), дури 46 повеќе од нашата селекција (35/99).

ИГРАЧ ПОВЕЌЕ, ИГРАЧ ПОМАЛКУ

За нијанса сме подобри

Во позиција “играч повеќе и играч помалку” за нијанса сме подобри од “Зборнајата”.

Имено, Русите со играч повеќе имаат постигнато 15 голови од 34 можности (-19), во 6 натпревари, а примиле 21 гол во ситуација кога играле со играч помалку 35 пати (-14).

Ние, во пет натпревари од 25 можности со играч повеќе сме постигнале 14 гола (-11), наспроти 17 гола колку што сме примиле од 35 шанси или 18 успешни одбрани.

СТЕФАН НОНКОВИЌ - ТРЕНЕР (МКД)

Ги чекаме Русите

“Ни претстои најважниот натпревар од ЕП. Ние сме поквалитетна екипа, екипа која е составена од искусни поединци, играчи кои знаат да одиграат кога е најпотребно. Не треба да заборавиме дека имавме одмор ден повеќе од нашот противник. Се вративме во ритам.

Што се однесува до здравствениот билтен, тој е одличен. Болките во рацете, во нозете се нормална појава. Со добра релаксација и тој проблем е надминат. Сите со нетрпение ја чекаме средбата со Русија.

Деновите на одмор ги искористивме за дополнителни анализи.

Најважно е да ја играме нашата игра. Сепак, текот на играта и поставеноста на тактиката ќе се знае по првиот свиреж на судијата.”

ТРОФЕЈОТ “ДИЈАНА КУП” ЗА МАКЕДОНИЈА

Сениорите со честитки до јуниорите

Иако со мислите се насочени кон денешниот натпревар против Рисија, сениорите направија убав гест. Упатија честитки до нашата јуниорска репрезентација која на турнирот во Софија, во Бугарија, познат како “Дијана куп” го освоија првото место победувајќи ја во финалето соодветната селекција на Романија со 10:5, а претходно и Бугарија со 9:5.

ДОСЕГАШНИ РЕЗУЛТАТИ

МАКЕДОНИЈА

МАКЕДОНИЈА - РОМАНИЈА 10:6

МАКЕДОНИЈА - СРБИЈА 6:23

РУСИЈА - МАКЕДОНИЈА 9:9

МАКЕДОНИЈА - ИТАЛИЈА 5:11

ГЕРМАНИЈА - МАКЕДОНИЈА 7:5



РУСИЈА

РУСИЈА - ИТАЛИЈА 6:12

ГЕРМАНИЈА - РУСИЈА 13:4

РУСИЈА - МАКЕДОНИЈА 9:9

СРБИЈА - РУСИЈА 11:6

РУСИЈА - РОМАНИЈА 10:14

ГРЦИЈА - РУСИЈА 4:9


ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА

12:30 ч Грција - Словачка (11/12 м)

16:30 ч Русија - Македонија (7/10 м)

18:00 ч Романија - Шпанија (7/10 м)

19:30 ч Хрватска - Црна Гора (1/2 финале)

21:00 ч Унгарија - Србија (1/2 финанале)


СТАТИСТИКА - ГОЛ/ ШУТ

МАКЕДОНИЈА РОМ СРБ РУС ИТА ГЕР ВКУПНО

1. Перчиниќ - - - - - -

2. Милановиќ - - - 0/1 - 0/1

3. Вуксановиќ - 1/2 0/3 0/2 1/3 2/10

4. Крстовиќ - - 0/1 0/1 0/1 0/3

5. Милиќ 6/8 1/2 3/5 2/7 1/6 13/28

6. Поповски - - - 0/1 - 0/1

7. Миќиќ - 0/1 3/3 1/2 0/1 4/7

8. Бркиќ 2/4 0/1 0/2 - 1/3 3/10

9. Крстиќ 0/1 2/2 1/5 0/2 1/3 4/13

10. Башиќ 2/2 1/1 1/1 1/4 0/1 5/9

11. Петровиќ - 0/2 0/2 1/1 0/2 1/7

12. Бениќ - 1/3 1/2 0/2 1/3 3/10

13. Урошевиќ - - - - - -

РЕАЛ. СО ИГР. ПОВ. 6/7 - 3/6 3/5 2/7 14/25

ОДБР. СО ИГР. ПОМ. 2/7 8/11 2/4 4/7 1/6 17/35



РУСИЈА ИТА СРБ МКД ГЕР РОМ ГРЦ ВКУПНО

1. Давиташвили - - - - - - -

2. Катков 0/1 0/1 - 0/3 0/1 0/4 0/10

3. Јурчик 0/1 0/2 3/9 1/6 2/4 - 6/22

4. Аленичев 1/2 - - 0/1 2/4 2/2 5/9

5. Желтовакиј 0/1 1/2 - 0/1 0/5 1/2 2/11

6. Мокиенко - - 0/1 - - 0/1 0/2

7. Калтурин 2/6 1/3 1/4 0/1 0/2 1/3 5/19

8. Фатахудинов 0/1 0/2 - 0/1 - 0/1 0/5

9. Степанјук 2/5 2/6 3/7 - 2/2 2/4 13/24

10. Вишњаков 0/2 1/2 1/2 1/5 1/7 2/3 6/21

11. Ашиев 0/1 - 1/1 2/2 1/1 1/1 5/6

12. Агарков 0/1 1/2 0/2 0/4 2/3 0/2 3/14

13. Иванов - - - - - - -

РЕАЛ. СО ИГР. ПОВ. 2/6 2/4 2/4 1/4 5/13 3/3 15/34

ОДБР.СО ИГР. ПОМ. 3/8 6/9 3/6 3/3 5/7 1/5 21/35


Наjновo од Спорт
Победа, единствена опција
Победуваме и со позајмена опрема
Серена се врати во САД за да игра на Светскиот Тимски Тенис
На нов мегдан со Русија
Трезеге се откажа од репрезентацијата
ФИФА го спаси Македонецот во Грција
Алонсо повторно поврзуван со Ферари
Русија, а не Америка е ветената земја за Перо Антиќ ?
Против Кина за успешен старт
Хјуит влезе во олимпискиот тим и покрај повредата
Судијата Донато како осми играч!
Ватерполистите загубија од Германија и останаа без 1/4-финале
Француска работа - Думулин победи, Феилу во жолто
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи