недела, 20.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Спорт / Останати спортови

Петар Стојчев победник на Охридскиот маратон

Бугаринот Петар Стојчев по седми пат триумфираше на 22-риот меѓународен Охридски пливачки маратон, со што го превзеде лидерското место на листата во Светскиот куп.

Во возбудлива трка и неизвесна завршница Стојчев ја преплива патеката "Климе Савин" долга 30 километри со време од 6 часа, 14 минути и 51 секунда, само две секунди пред Австралијанецот Капел. Третото место со задоцнување од само 13 стотинки зад Капел (во фотофиниш) му припадна на Французинот Стефан Гомез.

Од нашите пливачи најдобар пласман оствари повратникот на маратонот Томи Стефановски. По пауза од седум години, нашиот најдобар маратонец, Стефановски денешната трка ја заврши на високото 4-то место.

Во женска конкуренција победник е Штефи Билер од Германија.

Билер трката ја заврши со време од 6 часа, 15 минути и 58 секунди, оставајќи ја на втората позиција минатогодишната победничка Естер Њуњез Мореро од Шпанија. 




Наjновo од Спорт
Жули три години во ПСЖ
Пиев и немав среќа - ме фатија!!!
Ливерпул се врти кон Ето
Петар Стојчев победник на Охридскиот маратон
Милано загуби, но не се посрамоти!
Отказ за пијаниот Крстев!
Реал доби буџет од 400 милиони евра
Славков тренер на Форца
Доживотна суспензија за Тревор Греем
Одбојкарскиот сојуз на Албанија суспендиран од ФИВБ
Педроса неизвесен за Лагуна Сека
Во Мајами ги собра сите овации
Еванс ја облече жолтата маичка
Трета победа по ред за Стонер
Само 10. место во Кадиз
Ништо не ни одеше
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи