понеделник, 21.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Спорт / Останати спортови

Хрватска, Грција и Германија одат за Пекинг

Пекинг ги доби последните три патници за Олимписките игри. Хрватска, Грција и Германија се екипите кои се покажаа како недоприливи на квалификациите во Атина.

По три дена без изненадување, Хрватска не само што успеа да си обезбеди место уште во 1/2 финалето, туку и ја направи најголемата сензација, преку Германија ги оствари своите цели, поточно по долго време успеа да се врати на ОИ.

Иако "коцкастите" пред почетокот на мечот не се водеа како фаворити, сепак на крајот дојдоа до триумф од 76:70.

Ниту Новицки, а уште помалку новиот репрезентативиец Кејмен не беа доволни за да панцирите веднаш да ја решат целата работа.

"Ни се оствари сонот. После многуте тешки години, како одново да се родивме. Ова репрезентација го заслужи ова. Точно е дека ова е голем успех за нашата селекција, сепак ние во Пекинг нема да одиме како туристи. Ќе излеземе надвор да играме. Но пред Пекинг, прво ќе славиме. Во моментов сигурно сум најсреќниот човек. Германија е одличен тим со специјални играчи, најверојатно еден од најквалитетните во светот, па затоа ние сме најсреќни уште успеавме токму нив да ги победиме", била изјавата на Марко Поповиќ.

Ако се земе статистиката, веднаш може да се види дека избраниците на Јасмин Репеша во текот на целиот натпревар играа колективно што на крајот вроди одличен резултат.

Марко Томас со 21 поен и Никола Пркачин со 10 поени беа најдобри во таборот на Хрватска.

На другата страна Новицки и неговите 30 поени беа премалку за да Германија победи.

Преку полуфиналето место за Пекинг си обезбеди домаќинот. Порто Рико не успеа да го продолжи ритамот, откако ги изненади Словенците, па на крајот беше поразен со убедливи 88:63.

"Иако имаме одличен тим, сепак дома моравме да играме многу поконцентрирано за да не ги разочараме фановите. Пред почетокот сите не класираа како фаворити, но искрено беше многу тешко за да тоа го покажеме на терен. Но крајот сепак се покажа дека сме добро подготвени. Мислам дека го заслуживме билетот за во Пекинг", коментира, Тео Папалоукас, кој на средбата со Порто Рико подели високи 10 асистенции и постигна девет поени.

Германија го имаше потешкиот пат за Пекинг. "Панцирите" го добија мечето со Порто Рико кој го даваше последниот патник за ОИ.

По доста изедначена борба Новицки и неговата дружина на крајот победија со 96:82, а додека Порториканците повторно не успеаја да направат ново изненадување и да го искористат големиот удар што "панцирите" го доживеаја.

Ако се каже дека човекот од одлука повторно беше Новицки нема да биде ништо ново. Овој пат неговите вкупни 32 поени и за одиграни 35 минути и тоа како имаа влијание за победата на "панцирите".

Во добро светло се покаа Хаман и Грин, двајцата заедно искомбинираа 34 поени.

На другата страна кај Порто Рико, Питер Рамос со 16 поени и Елиас Ајусо со 15 поени беа првите стрелци кај својот тим. За оваа млада селекција квалификациите ќе останат само една добра лекција за во иднина.


Наjновo од Спорт
Хрватска, Грција и Германија одат за Пекинг
Гечевски повторно во Задар?
Сега Робињо сака да си оди од Реал
На победа за позитивен старт
Фергусон е лицемер и лажго
Роси уште две години во Јамаха
Одбравме група за "полуфинале"
Ждрепка за групите на ЕП во ракомет, Македонија ќе ги избира противниците
Петар Стојчев победник на Охридскиот маратон
Славков тренер на Форца
Доживотна суспензија за Тревор Греем
Одбојкарскиот сојуз на Албанија суспендиран од ФИВБ
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи