вторник, 22.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Спорт / Останати спортови

МАКЕДОНИЈА СО ПОБЕДА ОД 33:16 ПРОТИВ АВСТРАЛИЈА СТАРТУВАШЕ НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО СО ОЧЕКУВАНИ БОДОВИ
Успешен старт на Мундијалот

Јуниорската селекција на Македонија стартуваше со победа од 33:16 на Светското првенство откако против Австралија очекувано се одигра доволно, колку што беше потребно за да се забележи овој убедлив триумф.

Тремата која што се очекуваше да биде присутна на почетокот на средбата беше надмината со првите два напади. Ивана Петковска, а потоа и Кристина Илиоска беа стрелци на првите два гола за Македонија. Голманот Стојановиќ запре три топки во само три минути игра, така што немаше многу проблеми за да се направи предност од два гола разлика.

Австралија успеа да се врати во игра и во 5 минута од мечот резултатот беше 3:2.

Следните пет минути од мечот не донесоа премногу новости во играта на теренот. Македонија и покрај грешките кои ги имаше во нападот успеваше да го зголемува водството и да се одржува во ритам. Во 10. минута водеше веќе со 6:3, а само три минути подоцна на семафорот стоеше резултат од 8:3 што до тој момент беше највисокото водство.

Место да се продолжи по ова водство да се игра во ист ритам и да се оди до крајот со сите сили, се дозволи противникот да наметне своја игра. Неколку напади во коишто не успевавме да постигнеме гол не ставија во незгодна ситуација бидејќи Австралија направи серија од 5:2 со што во 20 минута намали на два гола разлика, 10:8.

Откако после ова Австралијките останаа без најдобрата ракометарка работите им станаа далеку покомплицирани и потешки и на теренот не одеше се како што се посакуваше. Тоа значеше дека Македонија полека успева да воспостави контрола на резултатот, а полека но сигурно се одеше и кон сигурна предност која даваше шанса за многу посмирена игра во продолжението.

До крајот на првиот дел Македонија успеа да зголеми на седум гола и на паузата да замине со седум гола предност, 16:9. Користејќи го отсуството на Георгиевска лидер во нападот беше левиот бек Петковска, додека помош имаше и од другите свои колешки.

Второто полувреме и двете репрезентации го почнаа во грч. Имаа дури по три технички грешки, така што првиот гол беше постигна Гроздановска по четири минути игра.

Сепак, продолжението од средбата донесе многу поефикасна игра. Се играше нешто послободно во нападот, па првпат водевме со десет гола разлика во 41. минута. Тоа беше најава дека, сепак, ќе дојдеме до двоцифрена победа. На семафорот стоеше резултат од 21:11, после кој се очекуваше разликата постојано до расте за убедлив триумф на стартот на шампионатот.

Она што се претпоставуваше почна да се случува бидејќи девојките продолжија со слободната игра. Полесно наоѓаа решение во нападот, па разликата од минута во минута растеше, што значеше шанса за сите ракометарки кои беа во составот да покажат колку можат.

До крајот немаше проблеми за да зачува разликата и да биде уште повеќе зголемена. Меѓутоа кога се мислеше дека позитивата оди над 20 разлика тогаш дојде до мало опуштање, па застанавме на 17 разлкика и конечни 33:16.


Наjновo од Спорт
Успешен старт на Мундијалот
Дрогба го одбил Мерцедесот на Роман
Јувентус понудил 15 милиони фунти за Ван Перси
Без промени во Топ 10
Нови заминувања од Пелистер!!!
Хрватска, Грција и Германија одат за Пекинг
Гечевски повторно во Задар?
На победа за позитивен старт
Роси уште две години во Јамаха
Одбравме група за "полуфинале"
Ждрепка за групите на ЕП во ракомет, Македонија ќе ги избира противниците
Петар Стојчев победник на Охридскиот маратон
Славков тренер на Форца
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи