четврток, 24.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Спорт / Останати спортови

Струмица на улица!!!

Еден ден откако вицешампионот се откажа од БИБЛ лигата, во јавноста излезе уште една шокантна вест.

Човекот кој што беше главниот "виновник" што во Струмица повторно заживеа кошарката, Панајотис Карапиперис и официјално ја потврди својата оставка.

"Зелено-белите" не само што сега немаат претседател, туку во клубот воопшто не постои Управен Одбор.

Финасиските проблеми во таборот на струмичани на крајот излегоа подлабоки... Најтешкиот удар Струмица го доживеа кога сега екс-потпретседателот и градоначалникот, Зоран Заев беше приведен.

Во меѓувреме Карапиперис кој се обиде уште еднаш да ја спаси Струмица не доби помош од ниту еден спонзор во градот, што значеше крај за вицешампионот.

"Прво сакам да кажам дека мојата оставка е официјална. Јас повеќе немам ништо со Струмица. Направив се што можев. Во изминатиот период постојано барав луѓе, поточно спонзори за да го спасиме клубот, но и покрај тоа што сите беа добро запознаени со ситуацијата во која се најдовме никој не се појави за да помогне. Е веќе не можам сам се да правам. Тука свое влијание има и ни малку пријатната вест со г-нот Зоран Заев, кој постојано му помагаше на клубот. Искрено јас сум последниот кој го напушти "бродот. Вчера му се јавив и на претседателот на БИБЛ лигата, Шај Штрикс да му кажам дека дефинитивно нема да играме"", вели разочарано сега екс-потпретседателот на Струмица, Панајотис Карапиперис.

Што ќе се случи со Струмица? Зар тимот кој зад себе има голем успех и уште подобар настап на Европска сцена вака ќе заврши?

"Во моментов Струмица нема Управен одбор. Како што реков јас сум последниот што си замина. Искрено не знам, доколку сака некој да го превземе клубот има отворени врати. Навистина е жалосно што вака ќе завршиме, но ова е реалноста. Јас не можам сам да го спасам тимот", коментира во продолжение Карапиперис.

За постетување Струмица во сезоната во 2006-07 постана шампион на Македонија, а потоа имаше успешен настап во Евро-Челенџ Купот (тогашен ФИБА Еврокуп).

Финасискиот "колапс" на Струмица ќе промени многу работи и во домашното првенство. Останува да се надеваме дека "зелено-белите" нема така лесно да бидат избришани од кошаркарската карта.


Наjновo од Спорт
Пандев е новиот Муту во Фиренца!?
Леброн неизвесен за Пекинг?!
Оптимизам и самодоверба
Евакуиран олимпискиот центар за известување во Пекинг
Ѓоковиќ без проблеми во третото коло
Лампард на пат да стане најплатен британски фудбалер
Робињо ја обнови верноста кон Реал
Састре нов лидер во генералниот пласман
Изгоревме во желбата за триумф
Квалификанти за вардарци на стартот
Неизвесно до самиот крај
Лоренцо во гипс во наредните 10 дена
Струмица на улица!!!
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи