
|
 |
Спорт / Останати спортови
Лоренцо во гипс во наредните 10 дена
Возачот на Јамаха и клупски колега на лидерот во генералниот пласман, Валентино Роси, Шпанецот Хорхе Лоренцо, сепак има потешка повреда одошто беше констатирано непосредно по првите лекарски прегледи во понеделникот.
Лоренцо имаше страшен пад од моторот во првиот круг од американското Гран При, на патеката во Лагуна Сека, а првите проценки беа дека сепак минал со полесни повреди на левата нога.
Тој ќе ги мине наредните 10 дена со гипс на левата нога, откако има скршеници на три метатарзални коски и во моментов неговиот настап на следната трка од Мото ГП караванот, однсно Гран Прито на Чешка, закажано за 17 август на патеката во Брно, е неизвесен.
"Во моментов имам многу болки, но и многу сум гневен, бидејќи овој нов пад ми пречи во мојот прогрес. Имам гипс на левата нога, но одвај можам да се движам, со оглед на тоа што ме боли и мојата десна нога од падот, иако за среќа, немам други повреди. Не знам дали ќе возам во Брно, се надевам дека ќе биде така. Имам доста време за опоравување, па подгтовен сум да го жртвувам мојот одмор за да се вратам во ритам", вели Лоренцо.
Куриозитет е што ова беше втора несреќа за 21-годишниот Хорхе Лоренцо во оваа сезона, откако во мај, на кинеското Гран При во Шангај имаше сличен пад од Јамахата и се здоби со скршеници на скочните зглобови на обете нозе.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|