четврток, 24.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Спорт / Останати спортови

Неизвесно до самиот крај

Интернационалниот мајстор Никола Васовски донесе неизвесна завршница на државното првенство во шах, откако го совлада лидерот, ФМ Ристе Менкиноски, во рамките на претпоследното, осмо коло. Ваквиот исход го однесе ИМ Дејан Стојановски на делба на врвот, откако со победата над ФМ Оливер Органџиев ја стопи предноста што Менкиноски веќе неколку кола ја уживаше.

Васовски ја одигра својата најдобра партија на шампионатот. Сицилијанската одбрана се покажа како кобна за Менкиноски, кој по отворањето ја загуби предноста што ја имаше со почетниот потег и по 63-потезна исцрпувачка борба не му преостана ништо друго туку да ја впише првата нула на турнирот.

На делба на втората позиција се петмина шахисти со по 5,5 поени.

ОСТАНАТИ РЕЗУЛТАТИ: Панчевски-ВМ Богдановски 0,5:0,5, ВМ Станојоски-ВМ Јачимовиќ 0:1, ФМ Динев-ФМ Попов 1:0, Велески-ИМ Данчевски 0,5:0,5, ФМ Андоновски-Петровски 1:0, ФМ Илиќ-Николоски 1:0, Дамчевски-ЖФМ Секуловска 0,5:0,5, Марковски-ФМ Илиќ 0:1, Петров-ФМ Качаковски 1:0, ФМ Петковски-Таусанов 1:0, Темков-Стојковска 0,5:0,5, Николовска-Вукелиќ 0,5:0,5, Константинов-Кузмановиќ 1:0.


Наjновo од Спорт
Пандев е новиот Муту во Фиренца!?
Леброн неизвесен за Пекинг?!
Оптимизам и самодоверба
Евакуиран олимпискиот центар за известување во Пекинг
Ѓоковиќ без проблеми во третото коло
Лампард на пат да стане најплатен британски фудбалер
Робињо ја обнови верноста кон Реал
Састре нов лидер во генералниот пласман
Изгоревме во желбата за триумф
Квалификанти за вардарци на стартот
Неизвесно до самиот крај
Лоренцо во гипс во наредните 10 дена
Струмица на улица!!!
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи