
|
 |
Спорт / Останати спортови
МАКЕДОНИЈА - КОРЕЈА 27:35 (10:19) Изгоревме во желбата за триумф
Јуниорската репрезентација на Македонија загуби од Кореја во вториот натпревар на Мундијалот откако во текот на целата средба одигра со големи возбудувања и имаше шанси и за далеку подобар резултат од конечните 27:35.
Средбата почна со интересен тек на настаните. Кореја го постигна првиот гол, но ние успеавме да вратиме. Ни требаа четири минути за да стигнеме до првиот погодок, а тој дојде од линијата од седум метри преку Елена Георгиевска.
Иако Кореја веднаш потоа стигна и до водство од 4:1 тука не беше никакво прашање затворено туку Македонија почна да да игра далеку подобро. Ги запре налетите на противникот, па намали на еден гол, 4:3. И место тогаш да се израмни, па дури и да се поведе неколку грешки му дадоа можност на противникот да дојде до нова висока предност. Во 16 минута поведе со 8:4.
Ништо ново не се случи ниту во следните пет минути. Немаше доволно идеја во нападот, имаше премногу дупки во одбраната, па Кореја успеа да го зголеми водството и да дојде до водство од шест гола, 11:5.
Нашите репрезентативки како да беа преимпресионирани од противникот, па не можеа да се соземат. Никако не успеваа да стигнат до подобар резултат така што од минута во минута само одеа во нови грешки. Сето тоа го носеше противникот во далеку подобра позиција и со далеку подобар резултат.
Ниту Елена Георгиевска не можеше да ја поведе репрезентацијата кон подобра завршница на првото полувреме. Работите не одеа во наша корист, па на паузата се замина со резултат од 19:10.
Ова беше полувреме во кое одново беа направени премногу грешки и ништо не ни одеше од рака во нападот, а во одбраната се оставаше место за шут од секоја позиција. На тој начин и да сакавме не можевме да се надеваме на подобар резултат.
Второто полувреме го почнавме далеку подобро отколку што можеше некој да очекува. Откако примивме гол уште во првиот напад, заигравме во транс. Понесени од публиката девојките почнаа да го решетаат голот на противникот. Предноста се топеше, а тоа ни даваше шанси за во продолжението од мечот. Направивме серија од пет гола со која дојдовме на пет гола негатива, 15:20.
Сепак, од тие пет гола не стигнавме до уште подобра гол разлика бидејќи секогаш кога имавме шанси да намалиме и да дојдеме до подобар резултат, секогаш Корејките успеваа да постигнат гол и да ја вратат одново високата предност.
И покрај тоа уште еднаш се вративме во игра и намаливме на пет гола при 19:24 во 41 минута. Од тој момент до крајот на мечот веќе немавме шанси за да ги поправиме работите бидејќи противникот имаше повеќе од играта и успеваше да го диктира темпото. Постојано беше во предност од девет или десет гола, па шансите беа загубени. Единствено успеавме да намалиме на осум гола разлика што не не спаси од првиот пораз на вториот меч на Светското првенство.
Нема крај на проблемите
На денот на одигрување на дуелот против Кореја, репрезентацијата на Македонија се соочи со проблеми со нови повреди. Прво на утринскиот термин за тренинг зглобот на левата нога го свитка левиот бек Ивана Петковска. Сепак, според информациите од докторскиот тим не се работеше за сериозен проблем туку само за мало превиткување.
Вториот беше со центарот Марија Штериова која имаше стомачни проблеми.
Гроздановска поцрвене
Ракометарката која настапува на позициите десно крило-десен бек, Симона Гроздановска не го дочека крајот на средбата. Таа поцрвене во 50 минута откако направи груб прекршок при контранапад на противничкиот тим.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|