
|
 |
Спорт / Останати спортови
НА ПОСЛЕДНАТА ОД ТРИТЕ ПРЕДВИДЕНИ ЕТАПИ НИЗ АЛПИТЕ Састре нов лидер во генералниот пласман
Шпанецот Карлос Састре го замени неговиот колега од тимот ЦСЦ, Франк Шлек од Луксембург, како сопственик на жолтата маичка, откако славеше на вчерашната мега-делница од Ембрун до Л"Алп Дуз, која се возеше во должина од 210,5 километри.
Састре славеше по повеќе од шест часа возење, оставајќи ги сите останати возачи зад него најмалку по две минути. Второто место го освои неговиот сонародник, Самуел Санчез, кој на целта во последната, трета и најтешка етапа возена низ планинските предели на Алпите, влезе во идентично време како и братот на Франк Шлек, Енди, додека досегашниот лидер во поредокот, Франк беше петти.
"Патев многу додека стигнав на целта, но чувствувам невидено задоволство во фактот што ја освоив жолтата маичка. Еден чист "качувач" како мене, специјалист за планинските предели, мора да ја искористи предноста во ваквите ситуации, а денес ми се укажа голема шанса и пресреќен сум што ја искористив. Ова е сон кој стана реалност за мене", вели Састре, кој дури петпати во својата кариера се нашол меѓу првите 10 на Тур де Франс.
За 33-годишниот Шпанец, ова е осми настап на Трката низ Франција, а ова беше негова втора етапна победа, по една планинска делница во 2003 година, додека жолтата маичка ја освојува за првпат.
По оваа етапа, Франк Шлек има водство од 84 секунди во однос на Шлек, додека Кол и Еванс заостануваат минута и 33, односно минута и 34 секунди во однос на лидерот. Во конкуренција за титулата, до некаде може да се каже дека останува и петтопласираниот Денис Менчов, чиј дефицит изнесува две минути и 39 секунди, додека останатите имаат најмалку четирииполминутно задоцнување зад Састре.
До крајот на трката остануваат две рамни етпаи пред неделниот влез во Париз, а за изгледот на конечната табела, пресуден треба да биде хроинометарот кој се вози во сабота, на претпоследниот ден од оваа голема спортска манифестација.
РЕЗУЛТАТИ:
17.ЕТАПА, ЕМБРУН - Л'АЛП ДУЗ, 210,5 КМ
1. Карлос Састре (Шпанија) +6:07:58
2. Самуел Санчез (Шпанија) +02:03
3. Енди Шлек (Луксембург) +02:03
4. Алехандро Валверде (Шпанија) +02:13
5. Франк Шлек (Луксембург) +02:13
6. Владимир Ефимкин (Русија) +02:15
7. Кејдел Еванс (САД) +02:15
8. Денис Менчов (Русија) +02:15
9.Кристијан Ванде Велде (САД) +02:15
10. Бернард Кол (Австрија) +02:15
ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН
1. Карлос Састре (Шпанија) +74:39:03
2. Франк Шлек (Луксембург) +01:24
3. Бернард Кол (Австрија) +01:33
4. Кејдел Еванс (САД) +01:34
5. Денис Менчов (Русија) +02:39
6.Кристијан Ванде Велде (САД) +04:41
7. Алехандро Валверде (Шпанија) +05:35
8. Самуел Санчез (Шпанија) +05:52
9. Тадеј Ваљавец (Словенија) +08:10
10. Владимир Ефимкин (Русија) +08:24
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|