
|
 |
Спорт / Останати спортови
Ѓоковиќ без проблеми во третото коло
Бранителот на титулата од канадскиот Мастерс кој лани беше одржан во Монтреал, Србинот Новак Ѓоковиќ славеше победа на неговиот прв меч по Вимблдон, совладувајќи го домашниот миленик Френк Данчевиќ.
Откако беше слободен во првото, Ѓоковиќ, како трет носител, имаше привилегија да биде меѓу првите кои ќе настапат во втората рунда од турнирот вреден 2,615 милиони долари. Тој го совлада Данчевиќ, кој има српско потекло, со 6:4 и 6:4, остварувајќи по еден брејк во двата сета.
"Знаев дека играм со домашен тенисер, голема надеж. Го знам Френк одамна и знам дека отсекогаш играл добро на овој турнир, но јас направив се што беше потребно за да победам и затоа сум среќен", вели Ѓоковиќ, кој лани на пат кон титулата од Мастерсот во Монтреал ги совлада тројцата најдобри на планетата во тој момент, односно Родик, Надал и Федерер, при што првиот свој триумф над Швајцарецот го забележа во завршниот меч.
Интересно е тоа што Френк Данчевиќ, во рамките на премиерното коло од овој турнир, направи големо изненадување со победата над четвртфиналистот од Вимблдон, Хрватот Марио Анчиќ.
Покрај Ѓоко, во третото коло во Торонто се лансираше и поранешниот победник на овој самит (од 2003 година), како и поранешен светски рекет број еден, Американецот Енди Родик, кој го совлада Французинот Николас Маху со 2:1, по сетови 6:1, 6:7 и 6:3.
"Се чувствував навистина добро, веројатно најдобро по април кога играв во Дејвис купот. Многу сум подобро подготвен одошто на Вимблдон, каде отпатував само со надеж, а не и вистинска моќ да одиграм на посебен начин, вели Родик кој на лондонскиот Грен Слем загуби од Типсаревиќ во втората рунда, а во последните месеци мораше да работи на рехабилитација неговото десно рамо кое го повреди во Рим во мај.
Резултати од второ коло:
(3) Новак Ѓоковиќ (Србија) - Френк Данчевиќ (Канада) 6-4 6-4
(6) Енди Родик (САД) - Николас Махут (Франција) 6-1 6-7(6:8) 6-3
Резултати од прво коло:
Дмитри Турсунов (Русија) - Николас Лапенти (Еквадор) 6-3 6-4
Александр Кудрјавцев (Русија) - Филип Колсшрајбер (Германија) 6-2 7-6(9-7) 13-11
Фернандо Вердаско (Шпанија) - Томас Белучи (Бразил) 1-6 6-3 6-2
Игор Андреев (Русија) - Гаел Монфилс (Франција) 7-6(7:5) 7-6(7:3)
Јонас Бјоркман (Шведска) - Арно Клеман (Франција) 6-3 3-6 6-0
Томас Јохансон (Шведска) - Андреј Голубев (Казахстан) 7-6(7:4) 6-1
Робин Содерлинг (Шведска) - Гиљермо Кањас (Аргентина) 7-5 6-1
Марин Чилиќ (Хрватска) - Лукаш Длухи (Чешка) 6-3 4-6 6-3
(16) Томас Бердих (Чешка) - Јарко Ниеминен (Финска) 6-3 6-1
Џеси Левин (САД) - Петер Полански (Канада) 6-2 6-4
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|