четврток, 24.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Спорт / Останати спортови

ПРОБЛЕМИ ВО ГЛАВНАТА МЕДИУМСКА ЗГРАДА ЗА ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ
Евакуиран олимпискиот центар за известување во Пекинг

Стотици луѓе беа евакуирани во текот на вчерашниот ден од зградата која треба да им послужи на странските новинари за известување од Олимписките Игри во Пекинг.

Причината за евакуацијата биле сомнежите дека во зградата тече некаков гас, откако повеќе лица изјавиле дека чувствуваат разорна хемиска миризба.

Сепак, ситуацијата беше разрешена подоцна, кога претставници на властите истакнаа дека се работи за лажен аларм и дека мирисот веројатно дошол од материјалите или хемикалиите кои се наоѓаат во самата зграда.

Властите им рекоа на работниците дека било безбедно да се вратат, а беше потврдено дека немало повредени лица. Веднаш по инцидентот, во зградата влегла противпожарна бригада.

"Гасот минуваше низ ходниците, но немаше никаков аларм, никаков сигнал за евакуација. Гледав како жените од зградата трчаат нагоре-надолу по ходниците велејќи "Излезете надвор од зградата". Јас излегов од мојата канцеларија и мислев дека станува збор за некаква шега", истакна Џон Бартон, директорот за спорт во азиско-пацифичката известувачка унија.

Инаку, огромниот центар за медиумско известување во Пекинг беше отворен пред неколку седмици, а се наоѓа во близина на двете монументални пекиншки зданија кои ќе бидат најпосетени за време на Олимпијадата во главниот град на Кина, односно националниот стадион познат под името "Птичје гнездо" и големиот олимписки базен познат под името "Водена коцка"


Огномет на Отворањето со "смајлиевци" на небото

За време на Отворањето на Олимписките Игри, гледачите и сите кои во тој момент ќе бидат во Пекинг и неговата околина, ќе уживаат во посебен огномет, по кој на небото ќе бидат исцртани "смајлиевци", односно насмеани фацки.

Пиротехничките средства ќе бидат лансирани од околу 1800 локации ширум кинеската престолнина, вклучувајќи ги грото од олимписките објекти, како и од плоштадот Тијенанмен.

"Сакаме олимпискиот дух да биде почувствуван од сите и во целиот град за време на Отворањето на Олимписките Игри", изјави Каи, познат кинески уметник.

Еден дел од церемонијата на Свеченото Отворање ќе понуди огномет во форма на жолт змеј со црвени цвеќенца во позадината.


Креаторите на реклами мора да внимаваат

Властите во Кина им наредија на оние што се бават со комерцијала да внимаваат да не објавуваат вулгарни, порнографски или суеверни реклами за време на ОИ.

"Оние што ги креираат рекламите треба да бидат посебно внимателни со рекамите кои се бават со националниот суверенитет и безбедност, религијата или реконструкцијата по земјотресот во Сичуан. Ова е многу сензитивно подрачје за рекламирање, бидејќши начинот на кој го кроиме се она што се случува околу ОИ, директно влијае на имиџот на нашата земја", се вели во соопштението од централните пекиншки власти.

Посебни зони за протести во Пекинг

Во Пекинг ќе постојат соодветно дизајнирани зони за одредени протестанти за време на идномесечната Олимпијада.

Ова претставува сигнал дека авторитарната власт во Кина би можела да дозволи некој вид на мирни демонстрации за време на Игрите, иако многу беше дебатирано околу тоа во последниот период, со цел да се избегнат било какви нереди.


Наjновo од Спорт
Пандев е новиот Муту во Фиренца!?
Леброн неизвесен за Пекинг?!
Оптимизам и самодоверба
Евакуиран олимпискиот центар за известување во Пекинг
Ѓоковиќ без проблеми во третото коло
Лампард на пат да стане најплатен британски фудбалер
Робињо ја обнови верноста кон Реал
Састре нов лидер во генералниот пласман
Изгоревме во желбата за триумф
Квалификанти за вардарци на стартот
Неизвесно до самиот крај
Лоренцо во гипс во наредните 10 дена
Струмица на улица!!!
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи