
|
 |
Спорт / Останати спортови
ВЧЕРА ВО МОК БЕШЕ ПРЕТСТАВЕН МАКЕДОНСКИОТ ОЛИМПИСКИ ТИМ Оптимизам и самодоверба
Четири дена пред заминување за Пекинг, за 29. Олимписките игри, вчера во Македонскиот олимписки комитет беше одржана свечена презентација на нашата Олимписката делегација - учесници на Летните олимписки игри во Пекинг 2008 година која брои седум спортисти и седум тренери, која од 8 - 24 август ќе ги брани боите на Македонија.
Тоа се Сашко Несторов (стрелаштво), Реџеп Селман (атлетика - троскок), Ивана Рожман (атлетика - 100 м), Елена Поповска (пливање - 100 слободно), Михало Ристевски (пливање - 200 слобнодно), Атанас Николовски (кајак на дива вода) и Мурат Рамазанов (борење слободен стил) кој не беше присутен на претставувањето порди подготовките кои ги реализира во Украина.
Од тренерите за Кина патуваат Ѓорѓи Вучков и Влатко Димитров (атлетика), Методија Ангелески и Марјан Соколовски (пливање), Стевче Крстески (стрелаштво), Ѓоко Николовски (кајак) и Трајче Димков (борење).
Делегацијата ја предводат Васил Тупурковски - претседател на МОК, Сашо Поповски - генерален секретар и Насе Насев - спортски директор и Слободан Николиќ - лекар.
Во екипата се наоѓаат и двајца млади спортисти Спасовска - пливање и Ѓорѓиевски - ракомет, кои ќе учествуваат во работата на Младинскиот олимписки камп од 6 - 18 август.
Во однос на резултатските очекувања тие се скромни, но оптимистички. Со оглед дека за сите ова е прво учество на една Олимпијада, со исклучок на Рамазанов, се надеваата на резултати кои се најдобри во нивните досегашни спортски кариери.
Кога сме кај Рамазанов од него и најмногу се очекува. До сега учествувал на една Олимпијада, во Сиднеј, а под знамето на Македонија има освоени две бронзи и двете на ЕП, првата во Варна, а втората две години подоцна во Софија.
Освен обраќањето на Тупурковски кој на спортистите им посака добри резултати, поздравна реч одржа и Амбасадорот на Република Кина во Македонија, г-нот Тунг Чунг Фунг, кој меѓу другото истакна:
"Се заблагодарувам на МОК, на претседателот Тупурковски за убавите мигови со спортистите, кои пак во мојата земја ќе се дружат со спортистите од целиот свет. Тоа е најголемиот спортски настан кој се случува на секои 4 години каде ќе го следат преку 20000 новинари, а перку медиумите 40.000.000 гледачи ширум планетата. Се надевам дека овие атлети достојно ќе ја преставуваат Македонија, ќе ги демонстрираат сопствените квалитети. Посакувам македонските спортисти да постигнат врвни резултати", рече Тунг Чунг Фунг Амбасадор на РК во нашата земја.
Нашата делегација за Кина заминува на 28. јули, десет дена пред официјалниот почеток на игрите.
Деновите пред официјалниот почеток на игрите ќе се искористат за аклиматизација, за запознавање со терените на кои ќе се одржуваат натпреварите. Тоа е период во кој сите селекции, од сите страни на светот, ќе пристигнуваат во најбројната држава на планетата.
Меѓу другото генералниот секретар Сашо Поповски не заборави да ги спомне фирмите кои помогнаа во реализација на целиот проект. Тоа се Макпетрол, Вип, Пивара Скопје, Комерцијална банка - Скопје, Вардар Осигурување - Скопје...
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|