четврток, 24.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Спорт / Останати спортови

Леброн неизвесен за Пекинг?!

Повторно проблеми за селекцијата на САД. На контролната средба со младите играчи на НБА, Леброн Џејмс ја обнови повредата.

Играчот на Кливленд незгодно доскокна и тоа на ногата на Кевин Дурант, по што веднаш го напушти мечот, стручниот штаб на САД не дозволи Џејмс да биде опкружен со камермани.

Ни малку посакуваната ситуација отвори многу прашања не само кај американците, туку и во целиот свет. Дали Леброн ќе биде способен за да замине за Пеникнг?

Мајк Крижевски веќе има повредени играчи во својот тим, а најмалку се надеваше дека нема да може да смета на услугите на ѕвездата на Кливленд.

Во моментов Двајн Хаворд е "аут", а на негово место ќе игра Двен Вејд кој се врати со повреда на левото колено.

"Никој не сака да гледа како некој се повредува, но тој имаше проблеми и претходно. Не известија дека станува збор за полесна повреда", изјавил директорот на репрезентацијата.

Во јануари Леброн го испушти меч со Кливленд Клиперс, а потоа се врати еден месец покасно за да постигне 28 поени на средбата против Лос Анџелес Клиперс.

Неколку недели подоцна, Џејмс повторно не играше овој пат против Бостон и тоа поради повреда на коленото, по што кораше да прави операција.

"Не сум загрижен за овој дечко. Тој е вистински професионалец. Сум видел како се повредува, а потоа се враќа и постигнува 30 поени. Знам дека ќе се рехабилитира, Леброн добро знае како да се грижи за себе", коментирал Двен Вејд.

Селекцијата на САД има да одработи уште два тренинзи пред да се соочи со Канада во петок, а потоа заминува на Макау каде ќе учествува на мини турнеја.

Последниот рок до кога САД ќе може евентуално да го замени повредениот играч е седми август, тоа е датумот кога ќе се знае дали Леброн ќе се врати во тимот.

"Добивме доволно време. Мислам дека се работи за второстепена повреда. Има доволно време за да се одмори. Тој сега не ни треба. Ќе ни биде поребен на 10 август", изјавил Кармело Ентони.


Наjновo од Спорт
Пандев е новиот Муту во Фиренца!?
Леброн неизвесен за Пекинг?!
Оптимизам и самодоверба
Евакуиран олимпискиот центар за известување во Пекинг
Ѓоковиќ без проблеми во третото коло
Лампард на пат да стане најплатен британски фудбалер
Робињо ја обнови верноста кон Реал
Састре нов лидер во генералниот пласман
Изгоревме во желбата за триумф
Квалификанти за вардарци на стартот
Неизвесно до самиот крај
Лоренцо во гипс во наредните 10 дена
Струмица на улица!!!
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи