петок, 25.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Спорт / Останати спортови

Шутерски тренинг без реализација
МАКЕДОНИЈА - ХРВАТСКА 20:34 (6:16)

Македонија загуби од селекцијата на Хрватска со резултат 34:20 играјќи неверојатно лошо и во одбраната и во нападот, со што ја прикажа најлошата игра досега на Мундијалот. Бековите потфрлија потполно, а сите имаа свој шутерски тренинг шутирајќи и од невозможни позиции без доволно добра реализација.

Една статива и два промашени седмерци беа причината поради која Македонија во 5 минута од мечот губеше со резултат од 2:0. Иако успевавмеда изработиме акции немавме реализација, но се виде дека може да се игра против одбраната на Хрватска. И покрај тоа примивме уште еден гол и губевме со 3:0.

Дури 12 минути чекавме на првиот гол, кој после шутерскиот тренинг кој го направија бековите без реалицијата, го постигна Марија Когој. Меѓутоа за тоа време примивме дури девет гола, па резултатот беше веќе катастрофален. Веднаш потоа дадовме уште еден погодок за 9:2.

Ниту продолжението на средбата не донесе нешто ново. Нападот без идеја. Одбраната премногу широка и со многу дупки, а се оставаше и простор да се шутира од далечина. Сето тоа не однесе кон голема негатива.

На почетокот на 26 минута стигнавме и до негатива од десет гола, а најдобриот играч на Македонија во тој период имаше дури 12 промашувања што јасно говори зошто ние имавме така лош резултат при крајот на првото полувреме.

Таквата игра продолжи до крајот на првото полувреме така што не се случуваше ништо ново. Георгиевска го напушти теренот, но нејзините колешки продолжија со премногу лошиот напад и тоа ги однесе на паузата со негатива од десет гола и резултат од 6:16.

Второто полувреме почна со израмнета игра. Хрватска веќе не форсираше туку повеќе размислуваше како да ја зачува високата предност. Во таква игра ние никако не успевавме да дојдеме до нешто попристојна негатива, туку продолживме со истиот стил на игра. Напад во кој немаше доволно добри позиции за да се погоди голот, па шутевите завршуваа во поставениот блок на Хрватките.

Тука падна комплетно играта на селекцијата на Македонија. Бродот почна да тоне под торпедата кои ги упатуваа репрезентативките на Хрватска, така што до крајот на мечот се беше само формалност. Борбата беше да се дојде до помала негатива, што и не ни успеваше премногу. Во 51 минута намаливме на 11 гола, 27:16

И кога се мислеше дека до крајот на средбата Македонија ќе успее да намали се случи уште една серија на противникот кој до крајот на мечот стигна до 14 гола разлика и конечни 34:20. Немавме шанси за нешто повеќе, па сега шансите ќе се бараат на дуелот против Бразил кој се игра утре.


Наjновo од Спорт
Македонски велосипедисти освоија врвни резултати на светско ниво
Сите бегаат од бродот што тоне
25 милиони за Поузи
Бургхарт славеше на 18. делница, без измени на врвот
Федерер елиминиран, Ѓоковиќ во четвртфиналето
Без Ирачани на Олимписките Игри
Харди се соочува со двегодишна суспензија
Шутерски тренинг без реализација
Леброн неизвесен за Пекинг?!
Оптимизам и самодоверба
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи