среда, 30.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Спорт / Останати спортови

МАКЕДОНИЈА РЕМИЗИРАШЕ НА ПРВИОТ МЕЧ ОД ПРЕЗИДЕНТ КУПОТ ВО ГЕВГЕЛИЈА
И Алжир не го победивме

Имавме добар почеток на средбата. Успеавме да поведеме со 2:1, но не го зачувавме водството долго време. Противникот дојде до нерешени 3:3 во 8 минута. Потоа се играше гол за гол, а Алжир првпат поведе во 15 минута од средбата кога на семафорот стоеше резултат од 9:8.

Од тој момент почна кризата во играта на репрезентацијата на Македонија. Се правеа грешки во нападот, се губеа топки и тоа не донесе до негатива од два гола, 9:11 во 16 минута.

После ова полека се фаќаше приклучок, а на еден гол негатива последен пат бевме во 22 минута при резултат од 11:12. Цели пет минути чекавме на следниот погодок, а за тоа време примивме нови три гола. Елена Георгиевска беше стрелец на последниот гол за Македонија при што намаливме на 12:15, а до крајот на првото полувреме не направивме ништо во наша корист бидејќи примивме уште два гола и на одмор заминавме со дури пет гола негатива, 12:17.

Почетокот на второто полувреме не донесе ништо ново. Продолживме во ист стил како што го завршивме првиот дел. Три минути се играше гол за гол и се одржуваше истата разлика.

Првпат успеавме да намалиме на четири гола дури во 42 минута од средбата. Во тие моменти водството на Алжир изнесуваше 20:16, па тоа беа моменти кои даваа некаква надеж за македонската репрезентација. Следуваа уште неколку квалитетни минути во кои успеавме да дојдеме и до три гола негатива. Требаа дури пет минути после ова за да дојдеме и до нерешени 22:22 по што се влезе во неизвесни десет минути во финишот од натпреварот.

Иако израмнивме никако не успевавме да поведеме туку редовно противникот водеше со еден гол, а ние се обидувавме да израмниме. Таквата игра не донесе до гол негатива на три минути пред крајот на мечот. Потоа следуваше ново реми кое се држеше до крајот на средбата и немаше никакви промени. Се играше гол за гол, а средбата заврши со резултат од 25:25.

Имавме шанса и да победиме, но не успеавме да стигнеме до триумф бидејќи после пробивањето од страна на Алжир, ние лошо изведовме и времето изминуваше па за пет секунди не успеавме да сториме ништо.


Наjновo од Спорт
Почина поранешниот боксерски ас Мате Парлов
Фиго ќе глуми во филмот "Втор живот"
Робредо се навикна на хардкорт подлогата во Синси
Барса нуди 22 милиони евра за Трезеге
Браун со Пистонс во наредните две години
Роби Кин четири години во Ливерпул
Би можел да ја завршам кариерата во Стеауа
Македонското знаме главна тема
Конечно победа за Македонија
Федерер не се плаши од предизвикот на Надал
Пекинг во секоја смисла сака "Чисти Игри"
Скромна екипа, скромни желби
И Алжир не го победивме
Репрезентациите добија најповолни услови
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи