
|
 |
Спорт / Останати спортови
Пекинг во секоја смисла сака "Чисти Игри"
Кина се надева дека нејзините олимписки спортисти ќе останат чисти и по деталните допинг-тестови на Игрите и покрај тоа што во последните недели имаше доживотни суспензии за два члена на олимпискиот тим.
Претседателот на ИОЦ, Жак Рог за белгиските медиуми изјави дека очекува дури 40 олимпијци да бидат позитивни на недозволени супстанции во Пекинг, повеќе од 26-те случаи во Атина во 2004. Но, Ду Лиџун, шефот на Кинеската Анти-допинг Агенција вели дека Пекинг нема да прави вакви нагаѓања за своите спортисти.
"Не сме направиле проценки за тоа колку ќе има позитивни случаи кај кинеските спортисти. Нашата цел е да бидеме сигурни дека сите кинески спортисти ќе имаат чиста Олимпијада", вели Ду.
Кина беше под лупата на допинг-обвинителите во 90-тите години од минатиот век кога нивните пливачи беа вклучени во серија допинг-скандали, но и потоа кога тренерот Ма Џунрен и неговиот тим на тркачи на долги патеки срушија серија светски рекорди.
Според последната анкета во австралискиот олимписки тим мнозинството мислат дека Игрите ќе бидат одбележени со допинг-скандали, а дури 1/5 мислат дека и Австралиец ќе биде позитивен. Како домаќин на Игрите, Кина сакаше да ја смени својата репутација и во март издаде серија тешки казни за спортистите кои ќе се допингуваат и доживотна суспензија за тие со прв прекршок.
Но, во последниот месец, беа "фатени" нивниот најдобар пливач во грбно Ујанг Кунпенг и борачот Луо Менг, по што добија суспензии како и нивните тренери. Според Ду уште шест кинески спортисти биле позитивни, но ниту еден од нив дел од националниот тим.
Кина исто така влезе во офанзива на производителите на недозволени средства, откако американското министерство за правда минатата година оцени дека поголемиот дел од средствата за стероиди доаѓаат во Кина. Во мај и јуни, властите направија инспекции во сите шест кинески града кои ќе бидат домаќини на Олимпијадата и биле затворени три производители на дроги, а на уште 25 им беа одземени лиценците. Исто така повеќе од 380 веб-сајтови кои даваат информации за недозволени средства беа "остро казнети".
УШТЕ АВТОМОБИЛИ ВО АУТ
Пекинг низ магла може да ограничи и нови автомобили и да затвори нови фабрики ако загадувањето не се "среди" до Олимпијадата во Пекинг. Организаторите се борат и за поинакви "чисти" Игри, и Кина направи многу за да го среди познато лошиот квалитет на воздухот во престолнината, како повлекување на половина од автомобилите, прекинување на изградбата и работата на неколку фабрики.
Но, градот уште е во смог, повлекувајќи стравувања дека жештината во август ќе предизвика коктел на лош воздух и прашина за десетиците илјади спортисти и посетители.
"Можеби ќе повлечеме уште автомобили и ќе затвориме неколку фабрики во Пекинг и другите области, доколку се влоши квалитетот на воздухот", вели официјалниот весник на англиски, Чајна Дејли.
Еколошката група Гринпис имаше различни пораки за организаторите, прво фалејќи ги за нивните напори за заштеда на енергија и вода, но предупредувајќи дека загадувањето останува долгорочен проблем на земјата. Веќе четири дена Пекинг нема "ден со сино небо", кога официјалното ниво на загадување останува под националниот стандард.
"Пекинг пропушти златна шанса да направи поголеми и поамбициозни иницијативи", велат од Гринпис.
Во исто време Австралискиот Оплимписки Комитет (АОЦ), вели дека спортистите ќе бидат слободни да се повлечат од своите натпреварувања во Пекинг доколку загадувањето е закана за нивното здравје.
"За нас спортистите се најважни. Ако сакаат да се натпреваеруваат, тогаш ОК, но нема да се врши притисок кон нив. Но, не верувам дека некој ќе се повлече. Повеќе од спортистите работат најмалку 10 години за оваа шанса", вели потпретседателот на АОЦ, Питер Монтгомери.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|