
|
 |
Спорт / Останати спортови
Федерер не се плаши од предизвикот на Надал
Рожер Федерер смета дека нема голема опасност во на прв изглед незапирливиот марш на Рафаел Надал кон неговото прво место на АТП рејтинг листата. Швајцарецот е светски број 1 од 2004, а оваа недела ќе мора да ја брани титулата од Мастерс турнирот во Синсинати.
"Се чувствувам добро, навистина сум фокусиран. Не размислувам за Рафа, бидејќи тој е во другиот дел од ждрепката. Секако тој игра одличен тенис и е на неверојатна победничка серија", вели Федерер.
Надал стигна до својата седма титула во 2008 и петта по ред, откако го совлада германскиот ветеран Николас Кифер во два сета за титулата од Мастерсот во Торонто.
"Сега повторно сум на хардкорт подлога и навистина е тешко да се победува. Но, тоа што го прави Рафаел е навистина страшно", вели Федерер.
Светскиот број 1 вели дека битката за опстанок на првото место не може да му донесе дополнителен стрес откако на финалето на Вимблдон, каде што имаше пет титули по ред загуби од шпанскиот ривал во епски меч од пет сета овој месец.
"Секогаш постои притисок, но очекувам да победувам во моите мечеви и на моите турнири. Тоа го правам четири или пет години и не е ништо ново. Сега само местото број 1 е под поголема закана", вели Федерер.
И покрај се 26-годишниот Швајцарец вели дека се заддржува на својот долгорочен пристап кој ја карактеризира неговата игра.
"Се фокусирам на поголемата слика, да се подготвам добро и да не мислам на рејтинг-листите. Знам дека сега сите ќе зборуваат за тоа, а Рафа ги заслужува пофалбите. Сега само треба да се подготвам за игра на хардкорт тука и да бидам во добра форма за Олимпијадата", вели Федерер.
Надал пристигнува во Синсинати на само 300 поени зад Федерер, кој загуби во својот прв меч во Торонто од Французинот Жил Симон. Шпанецот е второрангиран зад Федерер рекордни 157 недели, и следната недела ќе биде број 1 ако ја освои титулата, а Федерер, кој е на врвот исто така рекордни 234 недели загуби пред полуфиналето.
"Мислам дека морам да бидам среќен, многу среќен без разлика на тоа дали сум светски број 1 или број 2. Ако сум број 2, тогаш тоа е само бидејќи пред мене е неверојатен тенисер како Рожер. Секој тенисер сака да биде број 1. И јас би го сакал тоа. Но, засега сум број 2 и задоволен сум", изјави скромно Надал, шампионот од Ролан Гарос и Вимблдон.
Неделната победа на Надал беше 30. во 38 финалиња. Ова исто така беше негова 12. Мастерс титула и доаѓа во сезона во која тој ја освои четвртата титула по ред на Ролан Гарос и првата титула во кариерата од Вимблдон.
АТП РЕЈТИНГ ЛИСТА
1.(-) Рожер Федерер (Шва) 6.605
2.(-) Рафаел Надал (Шпа) 6.305
3.(-) Новак Ѓоковиќ (Срб) 5.055
4.(+1) Давид Ферер (Шпа) 2.945
5.(-1) Николај Давиденко (Рус) 2.925
6.(-) Енди Родик (САД) 2.065
7.(-) Давид Налбандиан (Арг) 2.005
8.(-) Џејмс Блејк (САД) 1.980
9.(-) Енди Мареј (Бри) 1.835
10.(-) Станислас Вавринка (Шва) 1.685
11.(+1) Ришар Гаске (Фра) 1.545
12.(+1) Николас Алмагро (Шпа) 1.435
13.(-2) Фернандо Вердаско (Шпа) 1.400
14.(+8) Жил Симон (Фра) 1.390
15.(-) Фернандо Гонзалез (Чил) 1.340
16.(-2) Томи Робредо (Шпа) 1.315
17.(-1) Михаил Јужни (Рус) 1.280
18.(-1) Жо-Вилфрид Цонга (Фра) 1.265
19.(+18) Николас Кифер (Гер) 1.245
20.(-2) Радек Штепанек (Чеш) 1.240
ВТА РЕЈТИНГ ЛИСТА
1.(-) Ана Ивановиќ (Срб) 3.828
2.(-) Јелена Јанковиќ (Срб) 3.740
3.(-) Марија Шарапова (Рус) 3.626
4.(-) Светлана Кузнецова (Рус) 3.455
5.(-) Серена Вилијамс (САД) 3.251
6.(-) Елена Дементиева (Рус) 3.105
7.(-) Венус Вилијамс (САД) 2.606
8.(+1) Динара Сафина (Рус) 2.522
9.(-1) Ана Чакветадзе (Рус) 2.176
10.(-) Агниешка Радванска (Пол) 2.141
11.(-) Вера Звонарева (Рус) 1.977
12.(-) Даниела Хантухова (Свк) 1.837
13.(-) Пати Шнидер (Шва) 1.802
14.(-) Агнес Шавај (Унг) 1.610
15.(-) Марион Бартоли (Фра) 1.550
16.(-) Викторија Азаренка (Блр) 1.455
17.(-) Надја Петрова (Рус) 1.390
18.(+3) Флавија Пенета (Ита) 1.350
19.(-1) Ализе Корне (Фра) 1.268
20.(-1) Марија Кириленко (Рус) 1.203
ТЕНИС ОВАА НЕДЕЛА
АТП - ВЕСТЕРН & САУТЕРН ФИНАНШЛ ГРУП МАСТЕРС - СИНСИНАТИ, 2.615.000$
ВТА - РОЏЕРС КУП - МОНТРЕАЛ, 1.340.000$
ВТА - НОРДЕА НОРДИК ЛАЈТ ОПЕН - СТОКХОЛМ, 145.000$
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|