
|
 |
Спорт / Останати спортови
Конечно победа за Македонија
Првото полувреме многу наликуваше на она што беше одиграно на дуелот против Алжир во понеделникот. Македонија почна на ниво и успеа да поведе со 2:1. Меѓутоа ова беше само почеток на средбата бидејќи после 3:3 противникот полека почнуваше да ја превзема иницијативата и форсираше посилно темпо.
Со самото тоа и го превзема водството и се наоѓаше во предност од два гола во поголемиот дел од првото полувреме. Нашите репрезентативки иако се обидуваа да стигнат до нешто повеќе, никако не успеваа. Сите обиди да дојдат до подобар резултат беа безуспешни, па со самото тоа и не можеше да се направи пресврт.
Во финишот од првото полувреме се влезе со водство на Казахстан од два гола, 13:11, а пред заминувањето на одмор намаливме на еден гол и со резултат од 13:12 најавивме многу поинтересно продолжение на натпреварот.
Почетокот на второто полувреме не донесе ништо ново. Казахстан и натаму ја одржуваше предноста. Иако се обидувавме да намалиме немавме доволно сили и во првите пет минути само се одржувавме на еден гол негатива. Откако противникот ќе поведеше со два гола успевавме да намалиме. Сепак, добриот ритам со кој го почнавме второто полувреме ни донесе нерешени 16:16 во 37 минута од средбата. Две минути подоцна се радувавме на ново водство и ова беше најава дека Македонија има сили за да дојде до победата на оваа средба. Иако Казахстан успеваше да се држи на нерешени 18:18, следуваа минути на добра игра од Македонија и резултатот веќе се измени комплетно, па поведовме со три гола, 22:19.
Таа предност успевавме да ја одржиме неколку минути подоцна. Трите гола разлика се чуваа успешно, па тоа ни носеше резултат и не водеше кон победата на овој дуел.
На пет минути пред крајот на средбата водеве со 27:24, па остануваше само во финишот да издржиме и да успееме во намерите да освоиме два бода од овој дуел.
До крајот останавме без постигнат гол, а цели три минути се играше без погодоци. Потоа работите полека почнаа да се менуваат, но немаше многу време за пресврт. Казахстан на 30 секунди пред завршувањето на средбата успеа да намали на 27:26, но тоа беше се што противникот успеа да направи.
Со оваа победа Македонија останува во конкуренција за првото место во групата и дуелот за 13 позиција. За тоа ќе ни треба победа против Исланд во утрешниот дуел. Инаку, на овој меч и селекторот и тренерот се менуваа во водењето на тимот, па тоа се покажа како добар потег.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|