среда, 30.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Спорт / Останати спортови

Македонското знаме главна тема

Како што објавивме во вчерашниот број, македонското знаме од петокот се вее во Олимпиското село и тоа на балконите каде е сместена нашата делегација, на што нашите спортисти се посебно горди.

И токму нашето знаме била причината за мобилизирање на обезбедувањето во Олимпиското село. Малку недостигало да се случи инцидент кој, за среќа, завршил со извинување од другата страна.

"Само две минути откако беа истакнати нашите две знамиња, по едно на две соби, во апартманот влезе главниот координатор на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) заедно со уште двајца од обезбедувањето на Олимпиското село мислејќи дека станува збор за знамето на Тибет. Откако видоа за што станува збор, низ селото молскавично се раширила веста дека тоа е македонското знаме, нешто кое не им се допаднало, особено на Грците, кои не можат да им забранат на другите да зборуваат за настанот.

Освен Грците невообичаено големата активност имал и грчкиот амасадор во Пекинг, во последните десетина дена. Речиси секојдневно се јавувал кај координаторот на Игрите одговорен за Македонскиот олимписки комитет (МОК) распрашувајќи се за времето на доаѓање на Македонскиот олимписки тим, составот и дали некаде ќе биде истакнато името. Како и да е, луѓето од ИОК не обрнуваат внимание на овој момент и воопшто не прават проблем околу ознаките на нашата опрема на која стои Македонски олимписки комитет", рече Сашо Поповски генрален секретар на МОК, кој беше нашата претходница во Пекинг..

За Грците ова е класичен пример на Марфиевиот закон. За нас добра реклама.

Времето поминато до вчера, до пристигнување на нашиот тим, искористено е за дефинирање на некои работи кои им се потребни на спортистите. Веќе се договорени сите термини за тренинзите и тоа во многу поволна варијанта - по желба. Па тоа никаде го нема. Ниту дома.

Дека работите во МОК, со доаѓањето на Сашо Поповски, се чини тргнаа во позитивна насока говори и информацијата дека нашиот тим веднаш по пристигнувањето го чека масажа, а потоа и запознавање со терените на спортските борилишта и салите за кревање товар, кои се едни од најмодерните во светот. Истовремено договорено е нашите спортисти место со автобус на тренинг ќе одат со автомовили бидејќи МОК издејствувал да добие три возила, од марката фолксваген - Сагитариус, сличен на нашиот Пасат. Шесттемина возачи кои ќе возат исклучиво за нашиот тим до крајот на Игрите ќе бидат со нашиот состав.

Истовремено реализирана е и средба со амбасадорот на Македонија во Пекинг, со г. Џеладин Демири, со кого се договоривме да оганизираме прием по повод 2 Август, националниот празник на Македонија.


Наjновo од Спорт
Почина поранешниот боксерски ас Мате Парлов
Фиго ќе глуми во филмот "Втор живот"
Робредо се навикна на хардкорт подлогата во Синси
Барса нуди 22 милиони евра за Трезеге
Браун со Пистонс во наредните две години
Роби Кин четири години во Ливерпул
Би можел да ја завршам кариерата во Стеауа
Македонското знаме главна тема
Конечно победа за Македонија
Федерер не се плаши од предизвикот на Надал
Пекинг во секоја смисла сака "Чисти Игри"
Скромна екипа, скромни желби
И Алжир не го победивме
Репрезентациите добија најповолни услови
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи