среда, 30.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Спорт / Останати спортови

ДЕТРОИТ ГО "СОБРА" ПОРАНЕШНИОТ ПРВ ПИК НА ДРАФТОТ
Браун со Пистонс во наредните две години

Квејми Браун и Детроит Пистонс постигнаа согласност за потпишување договор вреден осум милиони долари, а со важност од две години, објави Џо Думарс, тимскиот претседател на поранешниот НБА шампион.

Браун, некогашниот прв пик на драфтот во НБА (во 2001 година), ќе добие половина од таа сума во следната сезона, но втората "половина" нема да биде гарантирана. Но затоа, пак, во случај на прекин на соработката со Пистонс, следното лето исто така ќе биде во улога на "слободен агент".

Браун, кој "влезе" во НБА од највисоката можна позиција, не остави впечаток на прв пик. Во седум сезони, а играјќи за Вашингтон, ЛА Лејкерс и Мемфис, "собра" просек од 7.5 поени и 5.7 скока.

Најдобрата сезона му беше онаа од пред четири сезони со Визардс, кога оствари просек од 10.9 поени и 7.4 скока.

Затоа, пак, ланската беше најлошата во неговата кариера. Ја заврши со скромни 4.8 поени, пред во февруари да биде "трејдуван" од Лејкерс во Гризлис како дел од размената по која Пау Гасол дојде во Лос Анџелес.

Во Детроит би требало да ја "продолжи" центарската линија, а и да помага на позицијата на снажно крило.

Шампионот од 2004 година направи уште еден ризик "собирајќи" уште еден играч кој не го сака никој во лигата. Но и со такви "проблематични" играчи (Хемилтон, Билапс, Волис, Принс), Пистонси дојдоа до титулата во 2004 година.

Претходно за ризичен потег на Думарс е оценет и оној со транферот на Назр Мохамед од Шарлот, па оттука прашањето дали со овој двоец само се зголемува конкуренцијата или ова преминува во некој "тренд".

Посебно што сe уште е непознато дали Думарс нема да прави нови "чејнџови" во тимот кој сака уште едно конференциско финале (шест во серија)?


Наjновo од Спорт
Почина поранешниот боксерски ас Мате Парлов
Фиго ќе глуми во филмот "Втор живот"
Робредо се навикна на хардкорт подлогата во Синси
Барса нуди 22 милиони евра за Трезеге
Браун со Пистонс во наредните две години
Роби Кин четири години во Ливерпул
Би можел да ја завршам кариерата во Стеауа
Македонското знаме главна тема
Конечно победа за Македонија
Федерер не се плаши од предизвикот на Надал
Пекинг во секоја смисла сака "Чисти Игри"
Скромна екипа, скромни желби
И Алжир не го победивме
Репрезентациите добија најповолни услови
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи