среда, 30.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Спорт / Останати спортови

Робредо се навикна на хардкорт подлогата во Синси

Дванаесеттиот носител, Шпанецот Томи Робредо, кој пред две недели освои трофеј на земја, почна да ја подобрува својата игра на хардкорт на Мастерсот во Синсинати и го совлада својот американски ривал Марди Фиш со 6:2/6:2. Робредо има 3:3 скор против Фиш вклучувајќи го поразот во предходниот меѓусебен дуел на Австралискиот Опен во јануари.

"Таму тој ме уништи во три сета, така што знаев дека морам да бидам фокусиран од почетокот. Мислам дека успеав", вели Шпанецот.

Робредо имаше 4-6 скор во првите три месеци од 2008, но од тогаш направи 24-9 скор, освојувајќи го турнирот на земја во Бастад, Шведска пред две недели.

"Кога почна сезоната на земја играв доста подобро и ја вратив самодовербата. Се надевам дека сега ќе продолжам така и на хардкорт", додава Робредо.

16. носител, Хрватот Иво Карловиќ со 6:3/6:4 го совлада Бразилецот Томаш Белучи, но другите двајца носители беа елиминирани. Томи Хас го совлада 14. носител Михаил Јужни со 7:6/2:6/6:4, додека Томаш Бердих го нокаутираше 13. носител Фернандо Гонзалез од Чиле со 6:3/3:6/6:3.

Во рускиот вечерен меч, Дмитри Турсунов го совлада својот сонародник Марат Сафин со 7:6(7:5)/6:4. Сафин многу пати се жалеше на линиските одлуки и имаше неколку долги разговори со судијата по штого фрли рекетот под столчето на судијата при 5:4 во последниот сет.

Во останатите мечеви, Ернестс Гулбис со 7:6/6:2 го совлада Јарко Ниеминен, Робин Содерлинг беше подобар од Жулиен Бенето со 6:0/6:3, додека Сем Квереј со 6:4/4:6/6:3 го совлада Пол-Анри Матју.

РЕЗУЛТАТИ (1.КОЛО):

ВЕСТЕРН & САУТЕРН МАСТЕРС - СИНСИНАТИ, 2.615.000$

(12) Робредо - Фиш 6:2/6:2

Бердих - (13) Ф.Гонзалез 6:3/3:6/6:3

Хас - (14) Јужни 7:6(7:2)/2:6/6:4

(16) Карловиќ - Белучи 6:3/6:4

Гулбис - Ниеминен 7:6(9:7)/6:2

Содерлинг - Бенето 6:0/6:3

Квереј - Матју 6:4/4:6/6:3

Сепи - Ф.Лопез 7:5/7:5

Колшрајбер - Јани 6:3/6:4

Џинепри - Бјоркман 6:0/7:6(7:5)

Турсунов - Сафин 7:6(7:5)/6:4

Монфис - Јанг 6:1/6:1

Акасусо - Капдевиле 5:7/6:2/6:2

РОЏЕРС КУП - МОНТРЕАЛ, 1.340.000$

(9) Шнидер - Јуан 7:6(8:6)/3:2 пред.

(10) Бартоли - Саут 6:3/6:7(5:7)/6:0

Пашек - (14) Скијавоне 7:6(7:4)/1:6/6:1

Пеер - Лисицки 6:3/6:4

Рацано - Резаи 6:1/6:2

Чибулкова - Веснина 6:1/6:1

Танасугарн - Санчез 6:3/6:1

Квитова - Накамура 6:2/6:4

Родионова - Блек 6:2/6:2

Никулеску - Лепченко 6:1/6:2

Кудрјавцева - Шиперс 6:3/7:6(7:1)

Ларчер Де Брито - Кинг 2:6/6:3/6:3

Дубоа - Говорцова 6:1/4:2 пред.

НОРДЕА НОРДИК ЛАЈТ ОПЕН - СТОКХОЛМ, 145.000$

(2) Шавај - Викмаер 7:5/7:6(7:2)

Пен - (7) К.Бондаренко 6:4/7:6(7:3)

Лаине - Панова 6:1/6:3


Наjновo од Спорт
Почина поранешниот боксерски ас Мате Парлов
Фиго ќе глуми во филмот "Втор живот"
Робредо се навикна на хардкорт подлогата во Синси
Барса нуди 22 милиони евра за Трезеге
Браун со Пистонс во наредните две години
Роби Кин четири години во Ливерпул
Би можел да ја завршам кариерата во Стеауа
Македонското знаме главна тема
Конечно победа за Македонија
Федерер не се плаши од предизвикот на Надал
Пекинг во секоја смисла сака "Чисти Игри"
Скромна екипа, скромни желби
И Алжир не го победивме
Репрезентациите добија најповолни услови
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи