четврток, 31.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Спорт / Останати спортови

Арсиќ почна со две "петорки"
На првиот тренинг во малатата сала на СРЦ "Кале" во едната беа: Перо Антиќ, Диме Тасовски, Јане Петровски, Огнен Стојановски и единствениот дебитант во ова друштво, Војдан Стојановски...

Без, слободно може да се каже, првата петорка, односно капитенот Врбица Стефанов, одамна "оправданите" Владо Илиевски, Џеремаја Мејси, Тодор Гечевски стартуваа подготовките на нашата национална сениорска репрезентација за она што ги чека во септември, односно квалификациите за ЕП 2009 ходина во Полска.

Во малата сала на СРЦ "Кале" во Скопје селекторот Јовица Арсиќ и неговиот прв асистент Марјан Лазовски дочекаа вкупно 10 кошаркари подготвени за тренинг, кои и ги одработија првите 120 минути од подготовките.

Овој пат само со морална поддршка на капитенот Стефанов, кој порани со лекарскиот преглед за да добие едно слободно претпладне за средување на некои приватни работи.

Во очекување на она вистинско комплетирање, најавено до пред тргнувањето за Бугарија (на 1 август), на паркетот се појавија вкупно 10 кошаркари. И тоа Перо Антиќ, Диме Тасовски, Јане Петровски, Огнен Стојановски, Војдан Стојановски, Предраг Самарџиски, Ристе Стефанов, Златко Гоцевски, Димитар Мираковски и Дарко Соколов.

Би се рекло една реална слика, помалку и очекувана, ако се "мери"според оние претпоставки според кои се раководеше и стручниот штаб, пред да се отвори овој нов квалификациски циклус.

За селектор Арсиќ е важно што во овие три уводни тренинзи во Скопје на располагање ќе има двоцифрен број кошаркари, што само го зголемува просторот за комбинаторика.

Се чини и од таа причина Арсиќ се определи да ги подели играчите на две петорки.

Во онаа "сивата" се најдоа Перо Антиќ и Диме Тасовски на крилно центарските позиции, Војдан Стојановски на крило, како и Огнен Стојановски и Јане Петровски во бековската.

На другата "црвена" страна во улога на противник беа: Предраг Самарџиски и Златко Гоцевски, односно Ристе Стефанов, Димитар Мираковски и Дарко Соколов.

"Не би се занимавал со броење. Ќе тренираме со оние играчи кои се тука. Добра работа е што имаме две петорки на располагање. И Врбица е со нас, но побара едно слободно претпладне. Ова првото го искористи за прегледи и од таа причина не го одработи овој тренинг. Очекуваме денеска да дојдат и Мејси, но и Гечевски, по што останува да го чекаме уште Владо Илиевски во оној обид да се комплетираме што е можно побрзо. Се надевам дека пред да тргнеме за Бугарија ќе бидеме блиску до реализација на тие наши желби" - вели Арсиќ по премиерниот тренинг.

Она што можеше да се забележи како мала промени во однос на ланскиот старт е што селекторот почна со игра "пет на пет".

"Не можеме да зборуваме за некој интензитет. Сепак, ова е само прв тренинг, мора да внимаваме, би се рекло, на секој чекор. Ова би требало да биде само еден вид 'загревање'. Многу понапорна работа ќе н$ чека во оние десет дена во Боровец, каде добар дел ќе биде посветен на зајакнување на физичката подготовка"- дополнува предводникот на нашиот национален тим.


Наjновo од Спорт
Арсиќ почна со две "петорки"
Почина поранешниот боксерски ас Мате Парлов
Фиго ќе глуми во филмот "Втор живот"
Робредо се навикна на хардкорт подлогата во Синси
Барса нуди 22 милиони евра за Трезеге
Браун со Пистонс во наредните две години
Роби Кин четири години во Ливерпул
Македонското знаме главна тема
Конечно победа за Македонија
Федерер не се плаши од предизвикот на Надал
Пекинг во секоја смисла сака "Чисти Игри"
Скромна екипа, скромни желби
И Алжир не го победивме
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи