четврток, 31.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Спорт / Останати спортови

Победа против Исланд, меч за 13. место

Од 21 часот вечерва репрезентативките на Македонија се наоѓаат пред голем испит во кој ќе мораат да покажат уште еднаш дека имаат многу поголем квалитет од она што резултатите го говорат за нив.

Исланд е нов предизвик за нас. Селекцијата која дојде на првенството како резерва сега има шанса да дојде до првото место во П1 групата. Има и подобра ситуација од Македонија бидејќи има бод повеќе пред одигрувањето на последниот меч, така што денеска на Исланѓанките им одговара и нерешен резултат.

Како што стојат работите на табелата, денеска Македонија ќе мора да победи доколку сака да дојде до првото место и меч во борба за 13. позиција викендов во Скопје. Дали имаме сили за вакво нешто е тешко да се каже. Исланѓанките одиграа добри натпревари досега и делуваа доста убедливо така што сите очекувања се да дојдат до првото место во групата. Тоа значи дека нашите репрезентативки ги очекува многу тежок натпревар на кој ќе треба да одиграат многу подобро отколку на дуелите со Алжир и Казахстан.

"На средбата со Казахстан, конечно, успеавме да прикажеме дел од играта каква што посакував од почетокот на првенството. Сепак, повторно имавме многу технички грешки, но најважно од се за нас е што ракометарките успеаја да се вратат на психолошки план. Се соземаа и почнаа да играат далеку подобро. Воедно тоа и ни ја донесе значајната победа против Казахстан во вторникот", вели селекторот Георгиевски.

Што се однесува до средбата која ни претстои денеска, се очекува добра игра и атак на триумф за нова радост пред публиката во Гевгелија.

"По триумфот над Казахстан расположението е далеку подобро. Девојките се подготвени и за она што претстои. Знаеме дека само со победа на денешниот дуел со Исланд можеме да дојдеме до првото место и ние ќе се обидеме да направиме се за да успееме да стигнеме до победата. Мислам дека тоа што ни се врати самодовербата ќе ни помогне многу, а верувам дека ќе имаме голема помош и од публиката и очекувам на крајот да го исполниме нашиот план", коментира Георгиевски.

Каква ќе биде тактиката за денешниот дуел е тешко да се каже. Македонија ќе одигра сигурно најдобро што може за да дојде до уште една победа. По она што беше сработено во првиот круг сите веќе гледаат со песимизам. Сепак, атмосферата полека се поправа, а работите доаѓаат на свое место.

Алжир покажа дека кризата во репрезентацијата постои и понатаму. Меѓутоа, тоа беше само вовед во она што следуваше потоа. По лошото издание во првото полувреме со овој противник, почнаа да се менуваат работите. Игравме далеку подобро и го кревавме квалитетот со секој нов напад. Тоа н$ однесе до одлична завршница, но испуштивме победа, така што моравме да се задоволиме со реми.

Затоа, пак, на дуелот со Казахстан се беше изменето и се играше далеку поорганизирано, тоа беше демонстрирано и на теренот, така што во поголемиот дел од второто полувреме имавме водство кое на крајот успеавме да го искористиме на најдобар можен начин. Сето тоа помогна девојките да бидам многу поопуштени пред денешниот дуел со Исланд.

"Исланѓанките имаат силен состав. Покажаа овде дека се одлични и дека можат да победат секого. Сепак, доколку ние успееме да се мотивираме добро тогаш може да очекуваме се. Се надевам дека ќе се прикажеме во одлично издание и дека ракометарките ќе го одиграат она што го очекувам од нив", заврши Георгиевски.

Средбата се игра вечерва, во салата 26 Април во Гевгелија, а со победа Македонија е прва во групата и игра за 13. место. Во спротивно следува двобој за 15. позиција.


Наjновo од Спорт
Победа против Исланд, меч за 13. место
Тимовите со нова "унија", Мозли со свои планови
Арсиќ почна со две "петорки"
Почина поранешниот боксерски ас Мате Парлов
Фиго ќе глуми во филмот "Втор живот"
Робредо се навикна на хардкорт подлогата во Синси
Барса нуди 22 милиони евра за Трезеге
Браун со Пистонс во наредните две години
Македонското знаме главна тема
Конечно победа за Македонија
Федерер не се плаши од предизвикот на Надал
Пекинг во секоја смисла сака "Чисти Игри"
Скромна екипа, скромни желби
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи