
|
 |
Спорт / Останати спортови
Спарс го добија Бентли за 17 милиони фунти
Само два дена откако останаа без услугите на ирскиот напаѓач Роби Кин, фудбалерите на лондонски Тотенхем добија нов соиграч во името на Дејвид Бентли, чиј премин од Блекбурн на Вајт Харт Лејн изнесува околу 17 милиони фунти.
Тотенхем одамна е заинтересиран за доведување на повредениот англиски репрезентативец од средината на теренот, кој ќе претставува четврто и најскапо засилување за лондонскиот тим во овој преоден рок. Спарс досега го донесоа хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ, Мексиканецот Џовани Дос Сантос од Барселона и бразилскиот голман Гомес од тимот на ПСВ Ајндховен.
Клубот досега го напуштија Роби Кин, кој како една од најголемите ѕвезди замина за Ливерпул, голманот Пол Робинсон, кој е нов член на Блекбурн, а во Сандерленд заминааа Финецот Тему Таинио и Французинот Паскал Шимбонда. Се очекува и заминувањето на бугарскиот центарфор Димитар Бербатов, за кого е заинтересиран Манчестер Јунајтед.
Бентли за екипата на Блекбурн има одиграно 102 натпревари во англиската Премиер-лига, а дресот на репрезентацијата на "Гордиот албион" го има носено шестпати. Во текот на својата кариера Бентли има играно и за Арсенал и за Норвич.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|