четврток, 31.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Спорт / Останати спортови

Артест ќе биде "трампан" во Хјустон

Екипата на Хјустон Рокетс е многу блиску во наредниот период да го ангажира Рон Артест од редовите на Сакраменто Кингс, велат луѓето кои добро ги познаваат условите во двата клуба.

Според неофицијалните информации од Хјустон, Рокетс се подготвени да ги понудат бекот Боби Џексон, кој веќе играше за Кингс во периодот од 2000 до 2005 година, потоа руки-крилото Донте Грин, како и еден нареден избор на драфтот за да дојдат до Артест.

Сепак, сето тоа ќе мора да се причека. Реализацијата на овој устен договор мора да се стопира бидејќи Грин, кого Хјустон го ангажираше на денот на драфтот, официјално потпиша договор на 14 јули. А правилата во НБА лигата велат дека не може да биде "трејдуван" пред да поминат 30 дена од потписот со клубот.

Иако нема потврда од Хјустон, челниците на Сакраменто велат дека имало преговори за и околу оваа евентуална размена со Рокетс.

"Имавме неколку позитивни дискусии со луѓето од Хјустон во кои е инволвиран Рон, но во моментов не можеме да зборуваме за трејд"- изјавил Геоф Петри, претседателот на кошаркарските операции во тимот од Калифорнија.

Дваесет и осумгодишниот Артест, познат како доста проблематична личност, во минатата сезона дојде до просек од 20.5 поени, најмногу откако дојде во Саркаменто, поточно од сезоната 2004-2005, кога како играч на Индијана Пејсерс завршис со 24.5 поени. Освен тоа оствари и просек од 5.8 скока по натпревар за Кингс.

Но, во текот на април Артест имаше операција на палецот поради која му се предвидуваше осум до десет недели пауза.

А токму ова лето беше доста турбулетно, би се рекло, типично за него.

По крајот на сезоната, не така успешна за "кралевите", Артест изјави дека нема намера да игра повеќе во дресот на Кингс. односно дека нема да ја искористи опцијата од договорот според која во последната година ќе добие 7.4 милиони долари.

Една недела подоцна тој се извини за лошите зборови упатени до раководството на клубот најавувајќи дека би се согласил на нов повеќегодишен договор со Кингс.

Но, по ова е јасно дека неговите денови во Сакраменто се избројани.

Се чини најмногу поради желбата на неговиот поранешен тренер Рик Аделман, да го има покрај себе во тимот на Хјустон Рокетс.

Хјустон е подготвен да се откаже од Боби Џексон, но и од се подобриот Донта Грин само за да го донесе Артест, поточно да го спои со Трејси Мек Грејди и Јао-Минг.

Тие добри релации ги потврдува и Марк Стивенс, агентот на Артест.

"Рон има навистина сјајни релации со Рик Аделман. Тој никогаш не би сакал да го напушти Сакраменто, но знае дека сето ова е дел од бизнисот. Рон му е многу благодарен на Аделман затоа што сака да игра за него, и сака желбата да стане реалност"- вели Стивенс.

Лани Рокетс имаа скор од 55 победи и 27 порази, но паднаа во првата рунда на плеј-офот, по четврти пат во последните пет сезони.


Наjновo од Спорт
Артест ќе биде "трампан" во Хјустон
Спарс го добија Бентли за 17 милиони фунти
Сите фудбалери до 23 години можат да играат на ОИ
Целески капитен на Австралија
Милан победник, Анчелоти недоличен
Сензација во Брисел
Победа против Исланд, меч за 13. место
Арсиќ почна со две "петорки"
Почина поранешниот боксерски ас Мате Парлов
Робредо се навикна на хардкорт подлогата во Синси
Браун со Пистонс во наредните две години
Македонското знаме главна тема
Конечно победа за Македонија
Федерер не се плаши од предизвикот на Надал
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи