петок, 01.08.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Спорт / Останати спортови

Шарапова победи, па се повлече од Монтреал

Марија Шарапова се повлече од Роџерс купот во Монтреал веднаш откако победи во второто коло. Третата носителка во тежок меч во кој имаше проблеми со десното рамо ја совлада Полјачката Марта Домаховска со 7:5/5:7/6:2 по 2 часа и 56 минути. По два тешки сета, Шарапова ја пронајде својата игра и ја "збриша" Домаховска во третиот сет.

"Пред овој турнир не бев сигурна дали ќе можам воопшто да играм. Последните неколку недели се обидувам да пронајдам решение за рамото кое го повредив уште во март во Индијан Велс. Неколку лекари ми советуваа да паузирам", вели Шарапова.

Шарапова беше голема фаворитка пред Вимблдон, но загуби во второто коло од руската сонародничка Ала Кудрјавцева, пораз што дојде неколку недели по фрустрирачкиот пораз во 4. коло на Ролан Гарос, каде што загуби од Динара Сафина иако водеше со еден сет и 5:2. Пред европските гренд слем турнири 21-годишната Русинка ја освои титулата на Австралискиот опен и имаше 27-2 скор, а стана и светска тенисерка број 1 по повлекувањето на Жастин Анен.

На машкиот Мастерс во Синсинати, Рафаел Надал повторно стигна до доминантен триумф дозволувајќи му на Французинот Флорен Сера само еден гем во 6:0/6:1 триумфот. Надал стигна до победата по само 46 минути и сега има 30 победи по ред.

За шампионот од Австралискиот опен, Новак Ѓоковиќ не беше така лесно, и тој мораше да се врати од 2:4 негатива во вторито сет пред да стигне до 7:6/7:6 победа над Италијанецот Симоне Болели.

РЕЗУЛТАТИ (2.КОЛО):

ВЕСТЕРН & САУТЕРН МАСТЕРС - СИНСИНАТИ, 2.615.000$

(2) Надал - Сера 6:0/6:1

(3) Ѓоковиќ - Болели 7:6(7:2)/7:6(7:2)

Лапенти - (5) Ферер 7:6(7:2)/3:6/6:3

(8) Мареј - Квереј 7:6(7:3)/6:1

(10) Вердаско - Гучионе 7:6(7:4)/7:6(7:4)

Турсунов - (11) Гаске 7:6(10:8)/6:0

Гулбис - Клемен 6:4/3:6/7:6(7:5)

Хас - Монфис 5:1 пред.

Сепи - Бердих 5:7/7:5/7:5

Андреев - Изнер 3:6/7:6(10:8)/7:5

РОЏЕРС КУП - МОНТРЕАЛ

(1) Ивановиќ - Квитова 6:3/4:6/6:3

(2) Јанковиќ - Возниак 6:0/6:4

(3) Шарапова - Домаховска 7:5/5:7/6:2

(6) Чакветадзе - Крејбас 6:2/7:5

(7) Сафина - Родионова 6:2/6:4

(9) Шнидер - Никулеску 6:1/7:5

(10) Бартоли - Клејбанова пред.

(11) Азаренка - Бамер 6:2/6:2

(12) Петрова - Танасугарн 6:3/6:2

Дубоа - (13) Кириленко 6:2/2:6/7:6(7:4)

Ларчер Де Брито - (15) Пенета 6:3/0:6/6:3

Сугијама - Пеер 6:2/6:2

Пашек - Чинк 6:4/7:5

НОРДЕА НОРДИК ЛАЈТ ОПЕН - СТОКХОЛМ, 145.000$

(1) А.Радванска - Корицева 6:1/6:1

Душевина - (2) Шавај 6:4/7:6(8:6)

(3) Среботник - Пављученкова 6:3/6:4


Наjновo од Спорт
Шарапова победи, па се повлече од Монтреал
Шуми удрил пешак!
ИОЦ: "Победуваме во војната против допингот"
Милан е главен фаворит за титулата
ИААФ суспендираше седум Русинки!
Мурињо бара замена за Матераци
Мекларен го потврдија Ковалаинен за 2009
Артест ќе биде "трампан" во Хјустон
Спарс го добија Бентли за 17 милиони фунти
Победа против Исланд, меч за 13. место
Арсиќ почна со две "петорки"
Почина поранешниот боксерски ас Мате Парлов
Робредо се навикна на хардкорт подлогата во Синси
Браун со Пистонс во наредните две години
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи