
|
 |
Спорт / Останати спортови
Талентот и квалитетот да дадат резултат
Можеби заборавија на напорите кои им ги донесе (пре) долгото патување од Скопје до Тургу Муреш. Сигурно е дека заморот е "присутен" кај нашата младинска селекција, која денеска (15.45 часот) во дуелот со Португалија го почнува својот настап на ЕП од дивизијата "Б". Дали "црвено-жолтите:" предводенини од Емил Рајковиќ и неговиот асистент Слободан Петровски ќе успеат навреме да се "аклиматизираат" и да ги покажат своите вистински вредности?
Емил Рајковиќ, макар и за момент, заборава на проблемите. Има визија и надеж дека во овие десет дена престој во Романија оваа наша селекција може да направи доста.
"Најважно е секој натпревар да го играме што е можно поконцентрирано и секогаш да го даваме оној потребен натпреварувачки максимум"- вели селекторот пред стартот на првенството. "Без оглед на тоа што од нас не се бара висок пласман, сакам да бидеме оптимисти. Значи во секој натпревар ќе одиме на победа. Особено битно е да го добиеме првиот противник, Португалија"- смета Рајковиќ.
Веројатно тоа ќе биде и најтешкиот натпревар, особено ако се знае дека тешко се стигнува до реална слика за првиот противник.
"Не располагаме со голем број информации. Со противниците ќе се запознаваме постепено. Ќе ги следиме нивните игри. За Португалија знаеме дека нивната игра се базира на првата петорка, но ние ќе се обидеме да се наметнеме како селекција која знае што сака на ова ЕП. Сакам од почетокот на првенството да станеме 'препознатливи'. Пред се по играта, дисциплината и, секако, со квалитетот. Едноставно да покажеме дека имаме талентирани играчи и ја презентираме нашата земја на највисоко можно ниво"- дополнува младиот тренер кој ќе има деби настап како селектор на едно ЕП макар од Дивизијата "Б"."Ако имаме таков пристап, убеден сум дека нема да изостанат и резултатите. Ќе одиме чекор по чекор. Ако бидеме добри ќе имаме и добар резултат во Романија"- заклучува Рајковиќ.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|