петок, 01.08.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Спорт / Останати спортови

Едвај чекам, како дете пред слаткарница...

Рон Артест не издржа ниту еден ден за да не ги искоментира натписите кои го "селат" од Сакраменто во Хјустон.

Впрочем, ништо ново од можеби "најпроблематичниот" во НБА лигата (во последно време).

Неколку часа откако се проширија информациите за можен "трејд" со Рокетс, Артест со изјава дека едвај чека да се случи такво нешто.

"Исто е како едно дете кога стои пред слаткарница, како едно дете да стои пред полна слаткарница. Одам да играм со ѕвездите" - изјави Артест по најавената "трампа" на релација Сакраменто-Хјустон.

Едноставно кажано Артест не може да го дочека моментот кога ќе заигра покрај играчки величини како Трејси Мек Грејди и Јао - Минг.

А токму Кинезот е еден од "поддржувачите" на еден ваков договор.

"Ако овој 'трејд' се случи, тоа значи дека Рокетс ќе почне со победување. Искрено, поради некои причини, го сакам ова, Рон да дојде кај нас. Мразам кога играме со екипите во кои игра тој. Инаку, разменивме неколку СМС пораки со Луис Скола во кои зборувавме околу идната хемија на тимот. Тоа е она што помалку н$ загрижи, но заклучивме дека добиваме талент кој ќе ја подигне нашата тимска хемија. И тоа не е лошо. Не мислам дека тој е недобредојден во Хјустон. На секој нов играч му треба време. Но мора да се знае и тоа дека тој е голем и важен дел од Сакраменто и дека е Ол-стар играч"- порача високиот Кинез од Нанџинг каде со својата селекција учествува на тунирот "Дијамантска топка".

Артест признава дека досега не зборувал со никого од Хјустон.

"Не сум зборувал со никого. Но ако сето ова е вистина, навистина не би имал што да кажам. Ќе биде неверојатно, можам само да претпоставам"- вели Артест."Имам високо мислење и за г. Рик Аделман. Тој веруваше во мене кога доаѓав во Сакраменто. Не сум имал таков тренер претходно. Што да кажам за Аделман? Како некој не би бил среќан да игра за него? "- Артест го надоврза разговорот со евентуалната нова дружба со ценетиот тренер во НБА.


Наjновo од Спорт
Едвај чекам, како дете пред слаткарница...
Талентот и квалитетот да дадат резултат
Сисе во Рома за седум милиони евра
Шарапова победи, па се повлече од Монтреал
Шуми удрил пешак!
ИОЦ: "Победуваме во војната против допингот"
Милан е главен фаворит за титулата
ИААФ суспендираше седум Русинки!
Артест ќе биде "трампан" во Хјустон
Спарс го добија Бентли за 17 милиони фунти
Победа против Исланд, меч за 13. место
Арсиќ почна со две "петорки"
Почина поранешниот боксерски ас Мате Парлов
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи