вторник, 05.08.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Спорт / Останати спортови

Македонските параглајдеристи се изборија за името

На отворањето на Европското првенство во параглајдерство, кое од неделата па до 10 август ќе се одржува во Ниш, Србија, нашата делегација се соочи со инцидент. Грчката репрезентација инсистирала македонскиот национален тим да биде именуван под кратенката ФИРОМ, на што е остро реагирано од нашите параглајдеристи, па така организаторот во сите документи не запиша под уставното име Македонија. Во знак на протест поради оваа одлука грчките репрезентативци не излегоа на бината при официјалното претставување.

"Угледот и рејтингот кои ги имаме придонесоа оваа битка со името да заврши во наша полза. Бевме именувани како Македонија, па во знак на протест Грците не се појавија на бината при официјалното претставување. Ова се должи и на фактот што Мартин Јованоски е прв на ФАИ листата, а Македонија е трета во екипна конкуренција. Домаќинот ги прифати нашите аргументи, а Грците се револтирани така што најавија и напуштање на шампионатот", не информираше селекторот на македонската параглајдерска репрезентација, Миле Јованоски.

Натпреварувањата се во дисциплината прецизно слетување, а ќе се одвиваат до крајот на неделата. Наш најголем адут е најмладиот Мартин Јованоски, кој има бронзен медал од минатото првенство, но исто така е светски рекордер со 11 негативни поени во четири серии.


Наjновo од Спорт
Македонските параглајдеристи се изборија за името
Рог: "Олимпијадата ја потврдува трансформацијата на Кина"
Ова е реалноста во моментов
Раниери е старец без трофеи
Тешка задача за Андерлехт и Ренџерс
Маса се обиде да остане позитивен
Алонсо во Хонда само за 2008, по што оди во Ферари?
Мицнер им донесе титула на Германките
Олимпијакос нуди 50 милиони долари за Леброн
Едвај чекам, како дете пред слаткарница...
Талентот и квалитетот да дадат резултат
Шарапова победи, па се повлече од Монтреал
Артест ќе биде "трампан" во Хјустон
Спарс го добија Бентли за 17 милиони фунти
Победа против Исланд, меч за 13. место
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи