
|
 |
Спорт / Останати спортови
Мареј до својата прва Мастерс круна
Енди Мареј ја освои својата прва Мастерс титула во кариерата, совладувајќи го Новак Ѓоковиќ втора недела по ред, овојпат со 7:6(7:4)/7:6(7:5) во финалето на Мастерсот во Синсинати. Шкотланѓанецот, кој сега е шести на светот, што е негов најдобар рејтинг во кариерата, мораше да се потруди за победата во два тесни сета во тај-брејк по 2 часа и 22 минути.
Минатата недела во Торонто во четвртфиналето, Мареј за првпат го совлада Ѓоковиќ по четири порази по ред, а сега станува првиот Британец со Мастерс титула откако Тим Хенман победи во Париз пред пет години. Совршена форма пред Олимпијадата.
"Оваа победа ми носи многу самодоверба, уште повеќе од победата на Вимблдон над Ришар Гаске. Температурите беа високи, но веќе сум навикнат. Имаше многу долги поени кои на крајот не уморија двајцата", вели Мареј.
Србинот Ѓоковиќ, кој во полуфиналето го совлада Рафаел Надал во фантастична игра, не можеше да го повтори тоа и против Мареј.
"Различно е кога играш против противник кој игра слично како тебе. Енди ме натера да направам многу грешки и го загубив ритамот", вели шампионот од Австралискиот Опен.
ТЕНИС ОВАА НЕДЕЛА
АТП, КАНТРИВАЈД КЛАСИК - ЛОС АНЏЕЛЕС, 475.000$
АТП РЕЈТИНГ ЛИСТА
1.(-) Рожер Федерер (Шва) 6.680
2.(-) Рафаел Надал (Шпа) 6.455
3.(-) Новак Ѓоковиќ (Срб) 5.390
4.(+1) Николај Давиденко (Рус) 2.795
5.(-1) Давид Ферер (Шпа) 2.775
6.(+3) Енди Мареј (Бри) 2.135
7.(-) Давид Налбандиан (Арг) 1.980
8.(-) Џејмс Блејк (САД) 1.955
9.(-3) Енди Родик (САД) 1.865
10.(-) Станислас Вавринка (Шва) 1.610
11.(-) Ришар Гаске (Фра) 1.525
12.(-) Фернандо Верадаско (Шпа) 1.385
13.(+1) Жил Симон (Фра) 1.350
14.(-1) Николас Алмагро (Шпа) 1.320
15.(-) Фернандо Гонзалез (Чил) 1.285
16.(+2) Жо-Вилфрид Цонга (Фра) 1.265
17.(-) Михаил Јужни (Рус) 1.245
18.(+4) Иво Карловиќ (Хрв) 1.225
19.(-) Николас Кифер (Гер) 1.205
20.(-) Радек Штепанек (Чеш) 1.185
ВТА РЕЈТИНГ ЛИСТА
1.(-) Ана Ивановиќ (Срб) 3.887
2.(-) Јелена Јанковиќ (Срб) 3.745
3.(+1) Светлана Кузнецова (Рус) 3.505
4.(-1) Марија Шарапова (Рус) 3.256
5.(-) Серена Вилијамс (САД) 3.251
6.(-) Елена Дементиева (Рус) 2.911
7.(+1) Динара Сафина (Рус) 2.892
8.(-1) Венус Вилијамс (САД) 2.496
9.(+1) Агниешка Радванска (Пол) 2.076
10.(-1) Ана Чакветадзе (Рус) 2.041
11.(-) Вера Звонарева (Рус) 1.977
12.(-) Даниела Хантухова (Свк) 1.812
13.(+2) Марион Бартоли (Фра) 1.685
14.(-) Агнес Шавај (Унг) 1.624
15.(+1) Викторија Азаренка (Блр) 1.615
16.(-3) Пати Шнидер (Шва) 1.562
17.(+1) Флавија Пенета (Ита) 1.350
18.(-1) Надја Петрова (Рус) 1.340
19.(-) Ализе Корне (Фра) 1.244
20.(+11) Доминика Цибулкова (Свк) 1.204
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|