
|
 |
Спорт / Останати спортови
Европа, дајте ги парите и еве ме!
'Уживам кога играм на големи натпреварувања", рече еднаш Коби Брајант по еден од настапите за селекцијата на САД.
На таа изјава, пред некој ден се сетил и еден руски новинар, и тоа веднаш по онаа подговителна средба помеѓу САД и Русија по која имаше и едно доста интересено прашање наменето за првата звезда на ЛА Лејкерс, и на лигата воопшто.
Ни едно ни две, Русинот го прашал Брајант дали има некаква шанса некогаш да заигра за клуб кој не е од Соединетите Американски Држави?
"О, да , зошто да не? Италија, Грција, Русија, ... посебно Русија. Дајте ми 40. милиони долари годишно и во ист момент доам. Многу едноставно. Ќе ги подготвам моите Најк патики, Ќе ги спакувам своите работи и доаѓам"- гласел одговорот на Коби на ова прашање.
По тоналитетот на кој го одговорил прашањето, јасно е дека најдобриот играч во НБА не го мислел ова толку сериозно. Но затоа пак прашањето е може да се каже и "на место". И не е толку лудо, особено не откако по пред само неколку дена "Спортс илустрејд" пишуваше за реалната можност Леброн Џејмс да заигра за грчкиот Олимпијакос.
Според него, во 2010 година, наводно, грчките газди во Олимпијакос, браќата Ангелопулос, ќе му понудат на Џејмс, ни помалку ни повеќе туку точно 50. милиони долари годишно. Што и не е така лоша цифра ако се знае дека во овој момент "кралот Џејмс" заработува само7. милиони долари како играч на Кливленд нето секоја година.
Но, се чини дека Брајант е сепак една друга приказна. Неговото доаѓање во Европа е малку потешко изводила мисија. но затоа пак, ако ништо друго, барем добро знае каде добро се плаќа
Грците, и пред се Русите, плаќаат. Од ден на ден, се подобро и подобро... Па којзнае, можеби еднаш ќе стане и реалност... Коби во Европа.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|