
|
 |
Спорт / Останати спортови
ПРВИОТ ИГРАЧ НА НБА ФИНАЛЕТО ПОМИНАЛ ПОЛОВИНА ЧАС ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА Преагресивниот Пирс
Пол Пирс стигна да биде и уапсен. Иако одамна не се дружи со топката, првата звезда на новиот НБА шампион очигледно знае добро да се забавува. И тоа на кое друго место, ако не во Лас Вегас.
За негова несреќа, една од оние "весели ноќи" помината во градот на коцкарските и други пороци, Пирс ќе ја памети и по тоа дека кратко време помина во полицискиот затвор.
При една рутинска контрола (за проверка на нивото на алкохол во крвта), Пирс се однесувал и премногу агресивно со полициската патрола.
И тоа до тој степен, по што морал да биде приведен во првата полициска станица.
Официјалното лице на полицијата во Лас Вегас, Бил Кесел не ги објаснил точните причини поради што Пирс добил лисици на рацете. Но затоа пак изјавил дека МВП на финалето на НБА, брзо се смирил, по што, по некои петнаесетина минити бил ослободен од лисиците.
Во исто време Пирс бил подвргнат и на алко тест, кој покажал дека сепак не го прекорачил оној дозволен лимит.
Согласно со тоа веднаш бил ослоноден.
"Понекогаш некому му е доволна и една вербална опомена" искоментирал полицискиот наредник во Лас Вегас во врска со овој случај.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|