среда, 06.08.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Спорт / Останати спортови

Брз "излез" од психолошката блокада

По точно педесет дена работа дојде момент да се види што и колку може нашата женска јуниорска репрезентација.

Во улога на домаќин, Македонија, и селекцијата "под 18" години тргнува во битка за што подобар пласман на ЕП од Дивизијата "Б", кое од денеска па до 15 август ќе се одржува во нашиот главен град.

Но, за жал на навивачите, не во салата "Борис Трајковски" (на крајот испадна прескапа), туку во "Јане Сандански", односно малата сала во СРЦ "Кале".

Како и да е, тој податок не менува многу во плановите на стручниот и играчкиот дел на оваа наша национална селекција.

"Дефинитивно, ќе играме во најтешката група. Погледнете ги нашите ривали, Израел, Словенија, Португалија, Естонија, нема друга таква група на првенството" - смета селекторот Светислав Костовски. "Освен тоа немаме никакви сознанија за противниците. Затоа можам да кажам дека почнуваме како аутсајдери. Не само заради квалитетот, туку и поради фактот што играме во Скопје. Место каде девојчињата чувствуваат, би рекол, некој дополнителен психолошки притисок. Дали е тоа условено од присуство на нивните најблиски, не знам"- смета Костовски.

Но и покрај овој податок, селекторот смета на она што досега го сработиле.

"Работевме, до денеска, бевме заедно 50 дена. Ова е петто собирање на оваа селекција која полека го фати оној потребен континуитет. Она неискуство го решаваме полека. Програмата за работа ја реализиравме во целост. Од оние базични подготовки во Виница, па се до седумте контролни натпревари во текот на подготовките, последната со Луксембург, кога се почувствуваа таа психолошка блокада, која верувам дека со добри игри на првенството ќе ја надминеме. Верувам во нив во она што го работевме"- дообјасни селекторот Костовски, кој не заборави да каже дека конечно оваа селекција почувствувала дека не е, пред се медиумски, запоставена.


Наjновo од Спорт
Брз "излез" од психолошката блокада
Бразилците во центарот на вниманието
Болт не знаеше дека ќе трча и на 100 метри!
Преагресивниот Пирс
Шест селекции со еднакви шанси
Враќањето на Ферари не ги плаши Мекларен
Колективно на чекор до четвртфинале
Европа, дајте ги парите и еве ме!
Мареј до својата прва Мастерс круна
Торп ќе го тужи Л'Екип!
Македонските параглајдеристи се изборија за името
Ова е реалноста во моментов
Мицнер им донесе титула на Германките
Олимпијакос нуди 50 милиони долари за Леброн
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи