четврток, 07.08.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Спорт / Останати спортови

"Шпедитерите" на "стенд- бај"

Домашниот шампион во машка конкуренција, Работнички Фершпед, не може соодветно да ги почне подготовките за новата натпреварувачка сезона бидејќи единаесет играчи на клубот во овој период ќе мораат да им се посветат на репрезентативните обврски. Пет младинци веќе два дена се наоѓаат во Струмица каде ја темпираат формата за настапот на Балканското првенство во Турција, додека шест сениори од сабота заминуваат за Маврово каде во следните месец дена со машката селекција ќе ја темпираат формата за бараж двомечот со Чешка од квалификацискиот циклус за ЕП 2009. Иако екипата вчера го почна подготвителниот период за стручниот штаб се уште е енигма како тој ќе биде изведен бидејќи подолг временски период ќе треба да се работи единствено со двајца играчи, интернационалецот Христо Модев и со Дејан Симовски.

"Екипата вчера ги почна подготовките за новата сезона, но само два дена ќе можеме да работиме заедно. Пет младинци веќе се на подготовки со репрезентацијата во Струмица, а од овој викенд шест стандардни првотимци треба да се јават на првиот собир на сениорската селекција. Сепак, клубот ги става своите интереси во втор план и им дава предност на репрезентациите. Со ова се ставаме во подредена ситуација и принудени сме да работиме само со двајца одбојкари, Модев и Д. Симовски. Стручниот штаб се уште нема јасна претстава за тоа како ќе го протуркаме овој период од месец дена, најверојатно, ќе се посветиме на индивидуална работа со играчите кои ќе ги имаме на располагање", изјави тренерот на Работнички Фершпед, Јошко Миленковски.

Оваа ситуација наметнува нов начин на работа во редовите на "шпедитерите" па оттаму, најверојатно, вистинските подготовки за шампионот ќе почнат дури по 20 септември.

"Сениорската репрезентација последната активност ја има на 15 септември, така што вистинските подготовки за Работнички Фершпед ќе стартуваат по 20 септември. Ќе мора да се воведе сосем нов начин на работа и да биде скратен голем обем од она што минатите сезони бил неизбежен дел од подготовките на клубот. Во тој период обично играме меѓународни пријателски натпревари или учествуваме на турнири што, најверојатно, ќе мора да ги скокнеме годинава и да се посветиме на поголемиот предизвик, настапот во ЦЕВ купот", вели Миленковски.

Работнички Фершпед периодов ќе ги следи репрезентативните акции и ќе случувањата околу неа, а истовремено индивидуално ќе работи со оние одбојкари кои ќе му бидат на располагање на клубот.


Наjновo од Спорт
"Шпедитерите" на "стенд- бај"
Манаду ужива во анонимноста, Фелпс вели дека нема притисок
Пред Олимпијадата само насмевки во Пекинг
"Го живееме олимпизмот"
БАТЕ го исфрли Андерлехт
Името Вилијамс останува во формула 1
Ферари не смее да си дозволи нови грешки
Не бевме фини со Финците
Брз "излез" од психолошката блокада
Преагресивниот Пирс
Колективно на чекор до четвртфинале
Европа, дајте ги парите и еве ме!
Мареј до својата прва Мастерс круна
Торп ќе го тужи Л'Екип!
Македонските параглајдеристи се изборија за името
Ова е реалноста во моментов
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи