
|
 |
Спорт / Останати спортови
Тантуровска и Антиќ - тандем за победа
"Паднаа" па најдоа сили да станат, на крајот победија. Тесно, со минимален резултат (74:73), но заслужено. Јунироската селекција на Македонија ја совлада Словенија во првиот настап на ЕП од Дивизијата "Б" за кошаркарки "под 18" години, во стил кој беше најавен ден порадо од селекторот Светислав Костовски.
Она од што се плашеше Костовски пред да почне првенството, се покажа како точно уште во првото полувреме од првата средба на нашите девојки против Словенија.
Премногу уплашено влегоа нашите јуниорки во премиерниот дуел на ЕП. Веројатно од присуството на публиката во салата "Јане Сандански", но и од важноста на средбата. Играа во голем грч, особено во првите 10. минути во кои Словенија успеа да направи висока предност. Откако поведовме со 4:2, се некако почна да оди на лошо по нашиот тим. Брзата Облак отвори неколку контранапади на словенките, следена од Бариќ почна да градат сигурна разлика.
Ништо не се смени ниту во втората четвртина. Ги немаше нашите адути, пред се Антиќ, која не "се спои" со топката. Костовски проба со измени, но и тука не функционираше како што треба. Противникот имаше предност и од цели 16. поени во првото полувреме.
Работите почнаа да се менуваат по одморот на кој Словенија замина со предност.
Главната улога на поентер во нашата селекција ја презема изворедната Ана Тантуровска. Нашиот бек беше и најзаслужната што во 26. минута Македонија го врати водството (44:42). Тоа како да ја натера и Антиќ да се "отвори" поентерски (даде девет поени во овој дел од играта), па оваа фаза од натпреварот ја затворивме со позитива (53:50).
На седум и пол минути пред крајот, Македонија водеше и со плус 6 (59:53). Но, Словенија не попушти, со една мини серија, дури и поведе со минимални (66:65) на 3:43 минути пред крајот.
Но, кога се чинише дека паѓаме, уште една проработе тандемот Тантуровска-Антиќ, Со две тројки во серија, ни донесоа нова предност (74:70) кога останаа да се играат само 1:14 минути. Но тука не беше решено ништо. Снаодливата Облак, од истата позиција, на 11 секунди пред сирената, намали на (73:74), и ги остави Словенките во игра. Но тие заборавија дека не се во "бонус", направија неколку лични грешки, но го потрошија времето, па нашите девојки го сочуваа тој златен поен вреден голема победа.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|