
|
 |
Спорт / Останати спортови
"Реприза" Селтикс-Лејкерс, на Божиќ
Одбраната на титулата во НБА лигата екипата на Бостонс Селтикс ќе ја почне првата вечер од новата сезона, против Леброн Џејмс и неговиот Кливленд Кавалирс.
Додека, пак, "реприза" на големото финале Селтикс - Лејкерс ќе се случи на божиќната вечер.
Селтикси ќе ги пречекаат Кавалирси, кои ги добија во максимални седум натпревари од источното полуфинале, на 28 октомври.
Истата вечер, пак, Лејкерси ќе го дочекаат Портланд, кога може да се очекува и официјалното деби на Грег Оден за екипата од Орегон.
Првиот пик на драфтот во 2007 година поради операција на коленото ја пропушти цела ланска сезона.
Бостон ќе го посети Лос Анџелес на 25 декември, кога би требало да продолжи големото ривалство не само до ланската серија од финалето која со 4-2 ја добија "келтите".
Инаку, и официјално НБА ќе се врати во Оклахома Сити на 29 октомври кога поранешниот тим од Сиетл, Суперсоникс ќе го дочека Милвоки Бакс.
Претходно, Оклахома беше домаќин на средбите на Хорнетс цели две сезони поради средување на Њу Орлеанс од последиците на ураганот "Катрина".
Интересно ќе биде и враќањето на Мајк Д'Антони во Феникс. Новиот тренер на Њујорк ќе се врати во Аризона, но на спротивната страна на 15 декември на средбата Феникс-Њујорк.
Од друга страна "големото јаболко" ќе го пречека Лери Браун како тренер на Шарлот Бобкетс на 5 ноември.
- Берон Дејвис ќе се врати во Оукленд, но сега како играч на ЛА Клиперс, дури на 25 јануари 2009 година, додека, пак, екс играчот на Клиперс, Елтон Бренд, сега во улога на лидер на Филадефија ќе игра за првпат во друг дрес во "Стејплс центарот" на Нова година.
- Двата топ пика на летниот драфт, Дерек Роуз и Мајкл Бизли, првиот официјален меѓусебен дуел треба да го одиграат на 26 декември, кога ќе се сретнат Чикаго и Мајами.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|