петок, 08.08.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Спорт / Останати спортови

Македонска трагедија...

Македонија ја победи селекцијата на Шведска со 75:67, но нема да игра во полуфиналето на ЕП од Дивизијата "Б" за кошаркари под 20 години кое се одржува во Тургу Муреш.

Плусот од осум поени во дуелот со "трите круни" се покажа како недоволен во конечниот епилог на групата "Е".

Три селекции, Македонија, Португалија и Шведска, завршија со идентичен скор, односно по една победа и два порази. Но во крајниот кош-количник селекцијата на Шведска е добитникот на билетот за полуфинале.

Вистинска трагедија им се случи на нашите млади кошаркари во овој одлучувачки натпревар.

Како увертира, беше повредата на скочниот зглоб на капитенот Александар Костоски добиена во претходниот дуел со Германија.

"Костоски едвај ја доигра и таа средба во која се биде да помогне во оној финиш. Издржа, но сите напори да биде оспособен за овој натпревар се покажаа залудни. Беше избандажиран, но чувствуваше голема болка, и покрај огромната желба, не можеше да помогне"- вели селекторот Емил Рајковиќ за првиот и тоа како сериозен хендикеп пред оваа одлучувачка средба

А се чини дека отсуството на капитенот внесе дополнителна мотивација кај останатите во нашата селекција.

"Морам да кажам дека одигравме еден извонреден натпревар, дека момците се надминаа себеси и покажаа дека навистина им е местото во полуфинале. Но, ете, немавме среќа, тоа е вистинската дефиниција. Примивме тројка во последната секунда, на помалку од секунда, што страшно боли. Пред с$ затоа што сметам дека со она што го прикажавме заслуживме место во првите четири на турнирот"- смета Рајковиќ.

Можеби по една (не)преспиена вечер нашите млади кошаркари ќе сфатат што испуштија во последните 2:47 секунди од оваа средба.

Имала водство Македонија од 72:55, остварено со одлична игра во првите минути од последната четвртина. Но за две минути Шведска се приближила на посакуваната разлика (64:72).

Одличниот Брчков, пак, на седум секунди пред крајот ни ја донел толку посакуваната позитива од 10 поени. По дополнителното слободно фрлање, зголемил на 75:64.

И тогаш се се урнало, и тоа за нецели седум секунди. Откако Атанасоски направил брз фаул за "влез" во бонус, Палмквист, добро ќе го запаметиме, ја дал тројката за полуфинале на Шведска, а не на Македонија.

"Што да се каже друго по еден ваков пораз, поточно Пирова победа. Тешко дека брзо ќе заздравиме, но и тоа е составен дел од спортот. Навистина трагичен крај на натпреварот за нас, особено ако се знае дека игравме паметно, игравме зрело. Знаевме што сакаме, дури и кога противникот 'симнуваше' на два поени негатива. Не можам ама баш ништо да им замерам на момците. Се надминаа себеси, тоа мора да го споменам уште еднаш, пробаа се за да дојдеме до тоа толку посакувано полуфинале од кое испадна дека не делеше само една добра одбрана"- заклучува селекторот Рајковиќ.

Во отсуство на Костоски, за кого овој шампионат веројатно е веќе завршен, ново одлично издание освен Брчков, има и Јован Марковски, кој средбата ја заврши со 16 поени, а голема помош дошла и од Николовски, стрелец на 13 поени и плус 11 скока. Двоцифрен завршил и Димчевски, по потреба и плејмејкер, со 11 поени, на крајот само за една приказна со тажен крај за нашата селекција која од сабота место во битката за "А" дивизијата ќе се бори за пласман од 5. до 8. место.


Наjновo од Спорт
Македонска трагедија...
Среќата на страната на израелките
Лион веќе не е толку доминантен
"Реприза" Селтикс-Лејкерс, на Божиќ
Златото во Пекинг ја спасува сезоната на Федерер
Пекинг порачува: "Еден свет, еден сон"
Три бода од Шкотска и Холандија
Тантуровска и Антиќ - тандем за победа
"Шпедитерите" на "стенд- бај"
Не бевме фини со Финците
Брз "излез" од психолошката блокада
Преагресивниот Пирс
Колективно на чекор до четвртфинале
Европа, дајте ги парите и еве ме!
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи