
|
 |
|
|
Спорт / Останати спортови
|
|
Гордон се сели во Русија?
Само еден ден откако комесарот на НБА, Дејвид Штерн, изјави дека европската кошарка е далеку од НБА веднаш беше побиен од нов играч кој е на пат да замине од најсилната светска лига.
На чекор до Европа, поточно Русија е Бен Гордон. Играчот на Чикаго Булс можно да потпише едногодишен договор со ЦСКА Москва.
Засега извесно е дека Гордон е во преговори со челниците на рускиот тим, а дали тој ќе биде следниот играч кој ќе ја смени НБА со Европа ќе се знае до крајот на неделата.
Откако Чикаго му понуди 6.4 милиони за една година, постои голема веројатност Годон да ја одбере ЦСКА, која за неговите услуги ќе даде 5.5 милиони.
Засега, како што пишуваат тамошните медиуми, доколку се одлучи за НБА, поточно Булси, неговата минутажа ќе биде многу помала, особено ако се земе предвид дека тимот има голем број бекови.
Во 2004 година Гордон беше избран како трет пик на драфтот во 2004 година, и тоа од страна на Чикаго Булс во кој мина извонредни три сезони.
Инаку, и покрај примамливата понуда на рускиот тим, првите луѓе на Чикаго се надеваат дека тој ќе се одлучи за нив.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|