петок, 10.09.2010

  IDIVIDI Мени
Спорт / Останати спортови

Кои сме ние?

Шок и неверување во Бад Урах во понеделникот! Црни маички со знакот прашалник како одговор на почетокот на ноќта во вторникот при пристигнувањето на аеродромот "Александар Велики" во Скопје како одговор на ракометарките кон нивниот сега веќе поранешен спонзор.

Вака некако би можело да се објасни целата ситуација во која се најдоа ракометарките по дознавањето на најновиот момент во кој се наоѓа клубот. Иако тие немаат коментари за јавност бидејќи таков е договорот од вчерашниот состанок со раководството, сепак, факт е дека сите ракометарки се премногу разочарани од поранешниот спонзор на тимот Костовски, кој без да им се обрати лично одлучи да им го сврти грбот и едноставно да си замине.

Прашалниците на маичките на ракометарките зборуваат доволно за се. Така појдоа од Германија, така се шетаа два часа на аеродромот во Белград, така пристигнаа во Скопје. Постојано луѓето коментираа околу нив препознавајќи ги дека се ракометарките од најдобриот македонски женски клуб и велејќи дека ракометарките се прашуваат КОИ СЕ ТИЕ?

И имаат погодено бидејќи токму тоа е и прашањето коешто ракометарките сакаат да го постават. Ги ставија прашалниците на нивните маички бидејќи сакаат да прашаат КОИ СМЕ НИЕ? Сакаат да го прашаат Костовски дали тие воопшто постојат за него и дали постоеја бидејќи ги остави на цедило и воопшто не им се обрати со некој збор за да ги извести дека повеќе нема да биде дел од овој клуб. Немаше сили за да ги сочека два дена, да одржи состанок со нив и да им каже дека го напушта тимот и повеќе нема да добиваат плата од него. Дури потоа требаше да се обрати на новинарите, а со тоа и на јавноста. Вака ги остави ракометарките, а не им кажа ниту збор како што е редот.

При растурање на секоја врска обично се кажуваат причините и таа се дели на два дела, па едниот заминува на една страна, другиот на друга. Овде повеќе кукавички едниот дел си замина, а другиот остана во место не знаејќи што се случува и чекајќи го вистинското објаснување. Ракометарките останаа да си поставуваат прашања зошто човекот кој секаде говореше дека тие се неговата гордост и неговата слабост, сега ги напушта и воопшто не најде за потребно да им каже барем три збора зошто ги остава сега кога им беше најпотребна неговата помош.

А чаршијата веќе говори кои се причините поради кои дојде до раскин на врската која траеше речиси 15 години. Факт е дека љубовта повеќе ја нема, а времето сигурно ќе ја покаже вистинската причина. Времето ќе покаже кој бил во право, а кој не.

Ѓорче Петров е бренд! Тоа е факт! Тимот ќе трае и понатаму. Ракометарките поставија прашање, но некој ќе мора да им го одговори. Во иднина тимот ќе има и нова химна. Досега сите пееја КОМЕТАЛ ШАМПИОНЕ! Отсега од трибините ќе се слуша: "Се е исто само него го нема".



Наjновo од Спорт
Шалке ја брка првата победа во новата сезона
Хрватска и Италија финалисти на ЕП во ватерполо
Со Милан сакам да ги освојам сите титули и тоа веднаш
ФИФА ги укинува продолженијата
Балотели на операција на коленото
Реал со најголемиот буџет во историјата на фудбалот
Кака од јануари во Интер!?
Кајакарот Чуркоски го обиколи Охридското езеро - од него сака да направи Ламанш на Балканот
Македонија поразена од Русија во натпреварот за 11.место на ЕП во ватерполо
Македонија против Русија во борба за 11.место на ЕП во ватерполо
Комплетирани четвртфиналните двојки на кошаркарскиот Мундијал во Турција
На ЕП во ватерполо елиминиран бранителот на трофејот, репрезентацијата на Црна Гора
Македонија загуби од Турција на ЕП во ватерполо
Македонија против Русија во борба за 11-то место
На ЕП во ватерполо елиминиран бранителот на трофејот
Литванија против Аргентина во 1/4-финалето
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
ТВ програма
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
 
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
IDIVIDI™, сите права задржани : Македонски Телеком - 2004
преземи