
|
 |
|
|
Спорт / Останати спортови
|
|
Дали Болт може до нов рекорд в петок?
Трикратниот олимписки шампион Усаин Болт ќе трча на 100 метри во "најбрзата" трка на далечината в петок обидувајќи се да го сруши по третпат светскиот рекорд. На Ван Дам Меморијал митингот во Брисел, Белгија, олимпискиот шампион ќе трча против поранешниот рекордер Асафа Пауел, кој во вторникот истрча 9.72, второ најбрзо време во историјата, и светскиот шампион Тајсон Геј. Тие се тројцата атлетичари кои ги имаат 10 најбрзи трки на 100 метри, и организаторот на митингот Вилфрид Мерт е воодушевен.
"Вакво нешто не се случило претходно", вели Мерт.
Болт ќе биде главната ѕвезда пред 50.000 гледачи на Крал Бодуин стадионот. Тој освои три злата и постави три светски рекорди на ОИ во Пекинг минатиот месец.
"Усаин Болт. Што да се каже повеќе? Сите знаеме дека тој е жежок во моментов", вели Геј, кој не успеа да стигне до финалето во Пекинг и се уште се мачи со повредата на бутниот мускул.
Болт ќе го брка времето од 9.69 и покрај долгиот пат од Пекинг. Минатата недела тој истрча 9.83 на 100 метри на Велткласе митингот во Цирих, а во вторникот во Лозана тој се опушти во трката на 200 метри и, сепак, го имаше четвртото најдобро време во историјата од 19.63. Тој постави светски рекорд од 19.30 во Пекинг.
Неговиот сонародник Пауел истрча 9.72 во Лозана израмнувајќи го претходниот рекорд на Болт поставен во Њујорк во мај. Овој резултат дојде по петтото место на Олимпијадата.
"Задоволен сум по сите повреди и маки оваа година", вели Пауел.
Геј се уште не е сигурен како неговата нога ќе издржи поради повредата на бутниот мускул од американските квалификации во јули.
"Не сум сигурен дека можам да трчам бргу сега и дека можам да им се спротивставам на тие момци", вели Геј посочувајќи дека може да се повлече од трката.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|